Феноменот наречен Меѓународен кривичен суд за поранешна Југославија(ХАГ)

  • Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување
F

FilipMacedon

Гостин
Веќе секое дете ги знае основните правни и меѓународни грешки на овој суд,едната страна се суди најстрого,на другите им препишуваат лесни оптужби или најчесто главните виновници не ги оптужуваат...
Случајот со Тарчуловски(каде беше осуден на 12 год,а Бошковски кој имаше поголема одговорност и надлежност беше пуштен),денешниот најинтересен со Шешељ каде што жестоко ги побива оптужбите и др.



Што претставува овој суд со двојни аршини,дали намерата на судот е да се наметне психолошка вина и одговорност само кај некои народи(како намерата на Нирнгбершкиот процес)...ваши мислења??
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Таков циркус ,таков театар ,невидено нешто и срам за судството во светски и историски рамки.
Ги следам судењата и згрозен сум од јавното манифестирање на курвинска политика на западните земји преку овие процеси...
Незамислива ситуација ,еден сведок на судење на прашање на одбраната за дадена изјава во друг предмет ,јавно признава дека лажно сведочел , а билансот на судењето бил 20 години затвор. На ова реагира одбраната дека треба да се превземе нешто затоа што е откриено ,на што судското прецедателство одговара дека не е надлежно за други предмети. Дегени ,не можев да поверувам дека ова го слушнав и видев ....
Намерно не кажувам за кои случаи се работи за да не ја однесам дискусијата во погрешен смер...
 
Член од
7 октомври 2007
Мислења
43
Поени од реакции
19
Од авион се гледа дека се под команда на западот, па на кој како му прдне ќе оптужуваат. Како што кажа ориентирани се само према одредени народи и тоа со некои банални оптужби, додека други што треба да гнијат во затвор се оставени да се шетаат слободно. Но наидоа на човек со кој и не можат баш да се играат. Да, зборувам за Шешељ (за кој не можам да тврдам дека е невин, и кого не бранам), човек кој има доволно муда да се сврти против западот и да им го плесне убаво у фаца. Нон стоп им ги побива тужбите, наводните „докази“ и сведоците, со што овие неспособни идиоти од обвинителството остануват со подотворена уста и се чудат. Иако на моменти е некултурен, јас го сфаќам, затоа што тоа е гарант во афект покрај сите ти срања што ги изнесуваат против него. Но за жал не верувам дека ќе успее да извади жив г’з од таму, сепак тоа е огромна сила со која се конфротира, но барем ги посрамоти доволно во изминативе години а и изнесе некои вистини на виделина со неговиот напор.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Најголем проблем, не само во Европа, туку и во цел свет, е што политиката го доминира правото. Значи без разлика што се воспоставени правни правила, доколку на некоја од големите сили не и одговара одлука или што и да е, ќе се најдат методи правните критериуми суптилно (читај политички) да бидат заобиколени. Факт е дека сеуште функционира правото на сила, и со тоа воопшто не зачудува однесувањето на ваквите судови.
Еве, што мислите дека ќе се случи со нашата тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата? Овој за воени злосторства во бивша Југославија е ад хок суд, кога ќе завршат судењата за обвинетите, ќе престане да постои, овој на правдата е постојан суд. И во најлуд некој сон да победиме во спорот (би било чудно само во однос на тоа дека би победило правото :cuc: ) кој ќе ја спороведе одлуката каква и да биде? Исто и со Бугарија, што ако судот во Стразбур одлучи дека Бугарија треба да го признае македонското малцинство и да ја регистрира ОМО Илинден, како да ја натераат? Еве, и колку години поминаа, џабе. Штом на Бугарија не можат да и влијаат, за Грција муабет да не правиме. Значи што ако постои суд, кога нема механизми да се спроведат одлуките, а така е зошто Европа е стара жена, без мадиња да пресече.
Така да жалосно е, и се надевам кога ќе почнат младите, во Европа пред се, да дејствуваат повеќе да речам идеалистички, а не еврократски, тогаш ќе можеме да збориме за правда во светот (спроведена од правото секако, а не од политиката)
 
А

Антоние

Гостин
Ај јас нешто друго вака да ве прашам:
Зошто Џорџ Буш, и покрај фактот што причини огромни штети на човештвото, војни, убиства, и мизерија; никогаш нема за ова да биде изведен пред суд?

Одговорот е едноставен. Тоа е така затоа што судовите не се создадени за победниците, туку се создадени за губитниците.
(Во модерна смисла, губитник = оној кој што потпишува документ на поразот.)


Хипотетички:
Ако на времето Србија ја победи војната со НАТО, никој од србиве немаше да биде изведен пред суд.

Ако Ирак и Афганистан ја победија Америка во раните 00ти, Американците ќе одговараа за секоја штета и убиство причинета.

Ако Армијата и Државата на Македонија успеа да ги сотре и уништи терористите кој што ја нападнаа државата во 2001, и притоа им наметна нејзини услови на примерје, Јохан Тарчуловски сега ќе беше на слобода, а одредени "високи структури" од сегашната влада ќе свиреа клавир во Холандија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom