Феноменот гастербајтер/ка

Дали би се омажиле со гастербајтер

  • Да, за пари или за да емигрирам и јас

    Гласови: 21 23,9%
  • Да, од љубов, убајни...

    Гласови: 30 34,1%
  • Не

    Гласови: 30 34,1%
  • Друго, ќе елаборирам во темата

    Гласови: 7 8,0%

  • Вкупно гласачи
    88
Член од
11 април 2014
Мислења
92
Поени од реакции
179
@Humulus не ти замервам,излеа бившата те заменила за некој таксист..........без навреда...........
Да гледаш тоа го заборавив,ебачишта невидени се таксистите, се качила мисица немала да му плати му платила со фелацио, нај jаките риби у град ги имаат по неколкупати поминато обавезно имаат по некоја милфица шо само нив ги бара на повик ја дупат додека таксиметарот врти плус им даваат по 50 100 евра пошо мужот нивни е некој шкреле со цвикери и нонстоп е на работа.
Таксисти работат колку да не седат дома, пошо нели имале лова до крова и вложиле во коли,па да не плаќа шофер или се неработници биле тој си вртел.
Кој работел у германии кој по америките кој директор бил у шпаркасе ама ете не сакале во туѓина и си дошле,обавезно некој ги заебал некад за да бидат избркани од добра работна позиција за да некој неспособен го завземе нивното место.
Шо друго да праиш освен да смислуваш фантастични приказни додека зимо лето +45 - 20 дремеш во кола и чекаш патници, за кој си најобична сенка од битие исто како уличното кутре кое што сеедно дали е живо или не посекако друго ќе има.
Да и јас се сумњам во тоа дека бившата ме заменила со таксист, а можда и сегашнава ми ја делка некој таксист :D
 
Последно уредено:
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Момак од такси нема подолно,тоа ти е дну дна шлајм гној, абе проституцијана е noble profession во споредба со таксирањето или можда сеа и факс за таксисти отворија во македонија па начитани сте?
Што зборуваш бе човек, проституција поблагородна професија од таксирање ...?!

:facepalm:
 
А

Атомската мравка

Гостин
Е ако де нека проживее некој/а живот што има веза, наместо да се зимаат богат/богат вака нека земат некој/а посиромошна па да им се насмевне животот малце и нив.
Нормално да не биде стрикно ради пари, да се свиѓаат барем малце и карактерно да си одговараат колку-толку..

Е сеа што ќе има други љубоморни што они работат за 10 илјадарки а он/а се вози во џип од 30к евра и се шета низ светов тоа е др работа :D
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
@Nostalgia, да ти дадам еден пример.

Еден другар отиде на пракса во Полска. Не знам колку му траеше, но некој просек ќе го земеме дека е 2 месеци. Таму запозна една девојка (Полјачка), со којашто продолжи да биде во контакти. Претпоставувам дека биле и на други пракси заедно (т.е. се токмеле да бидат заедно) и така се дружеле само дискретно, кога биле заедно. Што правеле кога биле одвоени не знам.

Како и да е, тој го заглави факултетот, таа не знам... Долго време се натегаа натаму-наваму, но на крајот се земаа и таа живее тука. И имаат дете (а можеби и веќе две).

Она што сакам да го кажам е: веројатно нема да ти успее да најдеш невеста за 3 месеци, но најверојатно ќе најдеш *потенцијална* невеста. Ќе мора потоа да продолжите да одржувате контакти, т.е. да имате врска на далечина, што е секогаш многу тешка работа. Јасно, можно е да имаш неверојатна среќа и да си најдеш девојка што веднаш ќе сака да дојде со тебе (поради која и да е причина - дали парите или љубов), но биди спремен дека можеби нема баш веднаш после 3 месеци да се ожениш.

Од национални причини, мило ми е што сакаш да земеш Македонка - сигурно ќе ѝ го разубавиш животот, барем материјално (се надевам дека немаш некои скриени интереси коишто се во домен на ненормалното). Сепак, би сакал да ти кажам дека не можеш да гледаш само на тој начин: жената ќе те следи до крајот на животот, ако те сака и ако ти знаеш што сакаш во твојот живот - секоја жена, не само Македонките.

Плус тоа, луѓето во странство се толку отуѓени едни од други, што работењето во друг град веќе те прави гастарбајтер. Имај го ова предвид.
 
F

FARANG

Гостин
Interesno sto vo site temi za dijasporcite se neguvaat istite stereotipi i predrasudi. Ama jasno e, dijasporcite se nepismeni, calamdzii, nekulturni, i sve, samo Makedoncite od Makedonija se pismeni (nobelovci!), skromni onaka eptem da recam, a i kulturata e na najvisoko nivo. Se gleda pored cistotata na zelenilata, na primer. Sto ubo si e da si pausaliziras sve, znaes eden-dva dijasporci i odma site ti se takvi. Poleseno e taka.
Неписмени а завршиле школо на факс што е признат во цел свет (освен Македонија :pos:) и имаат работно искуство во струката. Чаламџии а види ги темите за Охрид, забораваат дека дијаспората во Македонија е дојдена на ОДМОР, сака да се одмори, не им е гајле што мислат домородците. Некултурни - пак види ја темата за Охрид и на што се се жалат охриѓани.

Во пракса, 90% од се што е во Македонија вклучувајќи го и народот е на еден или друг начин на распродажба, само ти имај доволно пари или тоа што се бара ;). Колку сакате зборете ама на крај на еден или друг начин сите гледаат да се изгребат не дека е тоа нешто лошо, повеќе е смешно дека мислите дека сте го заебале дијаспорецот а не сфаќате дека таа ваша месечна плата што он ја фрлил да ве почасти он ја заработува за неколку саати.



Повеќе е заебанција да земеш некого од МКД него некој локален. Дур да го оспособиш за самостоен живот во туѓина ќе изгубиш и нерви и време а во голема мера и желба. Тоа луѓе често не го ни размислуваат но факт е дека барем 5-6 месеци треба интезивна помош штом некој/а емигрира. Ако не е од љубов тогаш ова е ставање трн во здрава нога на дијаспорецот.

Од страна на тие во Македонија, ако не сте способни сами да емигрирате па макар и со бугарски пасош ич не ни пробувате. Странство не е за секого а ако те мрзи или си толку „горд“ да не си можел/а во најмала рака да завршиш работа за еден мочан бугарски пасош тогаш што бараш во странство, очигледно пари нема да правиш...
 
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80
Повеќе е заебанција да земеш некого од МКД него некој локален. Дур да го оспособиш за самостоен живот во туѓина ќе изгубиш и нерви и време а во голема мера и желба. Тоа луѓе често не го ни размислуваат но факт е дека барем 5-6 месеци треба интезивна помош штом некој/а емигрира. Ако не е од љубов тогаш ова е ставање трн во здрава нога на дијаспорецот....
Добро што ме потсети, на ова не помислив. Мојата логика е ако е работлива вредна, со желба за личен напредок, за напредок на фамилијата, за децата дека ќе се прилагоди со тек на време. Но можеби грешам, гледам по мислењата на форумот дека доста хедонистички го тераат. ЈАс сум веќе повеќе од десет години на запад и ми се чини дека комунистичкиот дух е сеуште присутен - т.е. мислењето дека нешто некому му припаѓа или дека треба да му биде дадено, дали од држава или од некој друг. КАко срамота е да рече човек работев и сработив тоа и тоа. Онака ти се смеат ако спомнеш работа, труд. И тоа ми се чини може да е и најголемата бариера. Сепак сум оптимист дека има работливи, вредни и амбициозни луѓе.
Се што сакам во фамилијарниот живот освен нели разбирањето и мирот е некако да собереме пари и децата дај боже во иднина да ги пуштиме на Ајви лиг универзитет. Кога не можев јас од финансиски причини барем ним да не им го ускратам тоа бидејќи гените мои претпоставувам ќе ги имаат.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
:icon_lol:
Не паничи , прво таксиста не може да биде пропали, не постои такво нешто имаш само бивши таксист кој евентуално преку партија отишол да работи обезбедување на некој објект,или евентуално на некоја друга професија али за жал кога тогаш и се враќа на професијата таксист синкир толку го бидуе за жал тоа ти е реалноста :unsure:
Семкар никогаш немој да споредуваш со таксист ама никогаш тоа ти е најголема грешка што можеш да ја направиш,семкарот работи сам за себе и се одзема пари земање.
Удираш на погрешна страна, натегање за материјално бла бла бла, демек духовното е најбитно што ти ја знам, ок се слагам и со тоа не е битно колку пари земаш, али професијата е ите како битна, ќе ти дадам едноставен пример.
Во дадена ситуација
Доктор vs Ѕидар заработуваат исто но доктор посекако е многу по почитуван од ѕидарот и да повеќе вреди од него без разлика ако ѕидарот е дипломиран педагог/педијатар/филозоф/професор.
Проститутка посекако заработува поише од професорка но тоа не значи дека вреди лку професорката или дека е исто толку почитувана колку неа.
Човек не е само платата човек = професијата која што ја работиш а не звањето кое што си го стекнал за неколку годиники забавиште во македонија.
Малку по сликовито да ти појаснам опшествена хиерархија.
Професори
Наставници
Доктори
Инжинери
Новинари
Правници
Економисти- Бизнисмени не мислам на некој кој само завршил економски.
Политичари
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
. Да не ги набројувам сите измеѓу
.
.
.
.
.
.
Администрација - white collar
Возачи
Механичари
Ѕидари Тишлери Лакери - општи занаечии
Угостител
Кувари ( во посебен ранг се тие )
Пекари
Метлари
Земјоделци
Сточари
Семкари
Обезбедување
Проститутки
Спонзоруши
Пазарџии тезгаџии
Собирачи на секундарни сировини
Питачи
Таксисти
Којзнае колку патници морале да те слушаат како ја раскажуваш приказната дека те молеле да одиш во странција но ти не сакаш да заминеш од македонија :icon_lol:
Приказните за пропали амали семкари таксисти кој што станале гастрабајтери стануваат се поретки,имаш примери еден куп од македонија заминуваат високо образовани и способни лица инжерери,доктори,правници,економисти не мал е бројот и на семејни луѓе кој го праат тоа.
Пази сите тие имале добро платена работа за македонски услови,можам да ти наброј барем 25 луѓе кој продадоа и бизниси куќи станови само за да си отидат од македонија.
Човеков што ја отвори темава работи како градежен инженер, колку за информација и јас сум инг и не се бега од македонија само ради финансии.
Уосталом правдањето и изговорите дека вредно работиш ббла бла бла се во најмал рака само лажење признај си дека толку те бива подобро за тебе барем ќе знаеш на што си у живот.
Тоа што го спомна за мажачката/женачката , да те прашам колку женски познаваш шо имале дечко од странција и легнале со него?
Без разлика дали бил наш или бил странец,сигурно познаваш барем неколку колку од тие се омажиле си заминале од овде, после кажи ми колку од овде познаваш шо после два три месеци врска останале бремени или забремениле некоја па завршило тоа со брак.
Момак бракот е склоп на интереси кај жените тоа е поизразено ма да тоа се почесто се гледа и кај мажите шо е жалосно.
Ако си слушнал за вертикална и хоринзотална прогресија, тебе ти останува само хоризонталната за жал или за среќа.
За на крај да биде ова најбанално што може јас дискутирам со таксист :facepalm:
Но сепак форум е тоа ти е плус, овде дури и таксиста може да дисутира и да навредува лица кој што се светлосни години над него,но ете не те потценувам не ти вртам грб не ми е испод чест да разменам мислење со тебе .
Малку си го смешал редоследот ама ај простено ти е толку ти фаќа текнувалото[DOUBLEPOST=1408492512][/DOUBLEPOST]
Да гледаш тоа го заборавив,ебачишта невидени се таксистите, се качила мисица немала да му плати му платила со фелацио, нај jаките риби у град ги имаат по неколкупати поминато обавезно имаат по некоја милфица шо само нив ги бара на повик ја дупат додека таксиметарот врти плус им даваат по 50 100 евра пошо мужот нивни е некој шкреле со цвикери и нонстоп е на работа.
Таксисти работат колку да не седат дома, пошо нели имале лова до крова и вложиле во коли,па да не плаќа шофер или се неработници биле тој си вртел.
Кој работел у германии кој по америките кој директор бил у шпаркасе ама ете не сакале во туѓина и си дошле,обавезно некој ги заебал некад за да бидат избркани од добра работна позиција за да некој неспособен го завземе нивното место.
Шо друго да праиш освен да смислуваш фантастични приказни додека зимо лето +45 - 20 дремеш во кола и чекаш патници, за кој си најобична сенка од битие исто како уличното кутре кое што сеедно дали е живо или не посекако друго ќе има.
Да и јас се сумњам во тоа дека бившата ме заменила со таксист, а можда и сегашнава ми ја делка некој таксист :D
Што сте запнале толку за таксито. До пред 10-12 години имаше пари во таксито и за газдата на колите и шоферите.
Сега семкар повеќе заработува.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Нема теоретски шанси 90 % да се образовани. Баш напротив , достигнување им е да црнчат за да купат БМВ и да се курчат. Има и успешни приказни не велам не , али односот е 10:1 во корист на курајберите.

Во врска со сообраќајот од прва рака ти кажувам. Таксист сум и ги гледам како се понашаат низ градот , паркират кај им текне и се понашаат како цел свет да е нивни. Можда ги почитуват сите пишани правила таму , но тука се банда без команда.

Не прават заби тука? - Па летото сите стоматолози тријат раце од нив , буквални се пребукирани , немат време на гз да седнат. Дали 15 % имат здравствено осигурување. Значи остај ги на страна тие дипломираните што се веќе долго време таму , јас зборувам за новите гастербајтери кои во последните 5 години се иселија од државата.
Стават порцелански, не поправат. Ти сериозно мислиш дека само дипломираните имаат право на здравствено осигурување? Секој што поседува виза или бугарски пасош, со тоа и адреса на живеење, има право на здравствено осигурување, во спротивно си само обичен турист.

п.с Ако веќе генерализираме, младите се даааалеку покултурни, посовремени и во тек со случувањата од постарите генерации гастарбајтери.
 
Последно уредено:

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Реално гледано гастербајтерите у главно се припростички малце,малце поише пошо грото се дојдени од најголемите вукојебини у Македонија и веројатно првпат у Острелија виделе дека вецето немора да ти биде на 50 метра од куќата.Па мислат дека и у цела Македонија е така,па коа ќе се вратат коа ќе почнат да вртат некои муабети кај нас коа отвараш фрижидер се пали сијалица автоматски,кај вас у Македонија има така?И ти иде автоматски да си пукаш у глава.Али нивните деца,внуци пошо уште од мали се измешани со локалното население,ја примаат нивната култура у главно не делуваат ко да паднале од Марс.Поготово дечки/девојчиња од македонско потекло околу 20 и помали,кои се родени во странство(брат ми од факс едно време имаше задача преку скајп да подучува наши млади родени во странство на македонски),стварно делуваа фино,културно,приземно и стварно сериозно си ги сфаќаа часовите.Ама уште еднаш ќе кажам,Господ да те чува од сељак што отишол во странство и коа ќе се врати после 5-6 години си мисли дека е Рокфелер.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Реално гледано гастербајтерите у главно се припростички малце,малце поише пошо грото се дојдени од најголемите вукојебини у Македонија и веројатно првпат у Острелија виделе дека вецето немора да ти биде на 50 метра од куќата.Па мислат дека и у цела Македонија е така,па коа ќе се вратат коа ќе почнат да вртат некои муабети кај нас коа отвараш фрижидер се пали сијалица автоматски,кај вас у Македонија има така?И ти иде автоматски да си пукаш у глава.Али нивните деца,внуци пошо уште од мали се измешани со локалното население,ја примаат нивната култура у главно не делуваат ко да паднале од Марс.Поготово дечки/девојчиња од македонско потекло околу 20 и помали,кои се родени во странство(брат ми од факс едно време имаше задача преку скајп да подучува наши млади родени во странство на македонски),стварно делуваа фино,културно,приземно и стварно сериозно си ги сфаќаа часовите.Ама уште еднаш ќе кажам,Господ да те чува од сељак што отишол во странство и коа ќе се врати после 5-6 години си мисли дека е Рокфелер.
Да се надоврзам на разговорот
Еден вработен кај мене отиде во Франција пред 4-5 години.
Летово дојде со бесна кола,пари неброени а однесување и култура еднакво на нула.Почна да аздисува бидејќи таму се знае има закони мора да се почитуваат и не може така да се однесува зошто казните се големи.
Освен мене и мојата околина сите други ги гледаше со ароганција,омраза,омаловажување дури и завист за тие што мислеше дека имаат повеќе од него.
Објаснувај дека не му е во ред однесувањето ама џабе па си викам ај живнал малце човекот видел некоја паричка нека се издува па се надевам дека следното доаѓање ќе биде попристоен.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Не за џабе рекле кад се сељо покондури..или можеш да излезеш од селото али селото од тебе никад.:D
 
F

FARANG

Гостин
Реално гледано гастербајтерите у главно се припростички малце,малце поише пошо грото се дојдени од најголемите вукојебини у Македонија и веројатно првпат у Острелија виделе дека вецето немора да ти биде на 50 метра од куќата.Па мислат дека и у цела Македонија е така,па коа ќе се вратат коа ќе почнат да вртат некои муабети кај нас коа отвараш фрижидер се пали сијалица автоматски,кај вас у Македонија има така?И ти иде автоматски да си пукаш у глава.Али нивните деца,внуци пошо уште од мали се измешани со локалното население,ја примаат нивната култура у главно не делуваат ко да паднале од Марс.Поготово дечки/девојчиња од македонско потекло околу 20 и помали,кои се родени во странство(брат ми од факс едно време имаше задача преку скајп да подучува наши млади родени во странство на македонски),стварно делуваа фино,културно,приземно и стварно сериозно си ги сфаќаа часовите.Ама уште еднаш ќе кажам,Господ да те чува од сељак што отишол во странство и коа ќе се врати после 5-6 години си мисли дека е Рокфелер.

Реално ти незнаеш што зборуваш, ако ова 93 ти е и годината на раѓање тогаш очигледно твојте искуства се врз база на рекла казала муабети и скечовите на К15 што те прави тебе апла проста љубоморна сељандура која завидува на сите што направиле нешто со својот живот. Тажно друже, цел живот е пред тебе а ти место да направиш нешто тука паламудиш за работи што не ги знаеш.

К15 генерацијата на иселеници кој за МКД мислеа дека сеуште е развиена на ниво на сахарска африка одамна изумре или веќе не патува. Значи ова беше првиот бран на иселеници углавно од битолско кој имале такви услови во македонија. Тие се угавно родени пред втора светска и се генерација со дедо ти па сега размисли дали тие можат 24 саати во авион тек така за да те удостојат тебе со анегдотите што ги кажуваш овде...

Втората а да не збориме за третата генерација се пообразовани од тебе, имаат стабилна работа и релативно средена иднина. Е сега има разлики во некој аспекти на образованието, на пример овде ако си решил да бидеш столар или економист нема што да те тераат да го читаш Толстој или да знаеш колку овци има Нов Зеланд тоа оставаат до тебе, ако сакаш сам да се надградуваш, во македонија со сила те учат не битни работи. Затоа пак си многу по специјализиран и стручен во струката, затоа и дипломите од МКД никој не ги признава, ебате економскиот со теорија од 70тите, лекции за телемаркетинг нешто што во пола цивилизиран свет денес е веќе и забрането.

Друго сфатете дека новите генерации не се замараат со глупости така да во Македонија кога доаѓаат сакаат само убаво да си поминат. Него не го интересира дали пиво е 80 -100 или 150 денари зашто е навикнат на многу повисоки цени. Во македонски ресторан во Остралија шопска салата ти е 1000че... Во паб нас пиво ни е 10 долари мање више, значи 420 денари, значи битно ни е услуга и добар провод а не цена и замарање...Овде НИКОЈ не зависи од партија ни го интересира кој за кого е, а вас таму мора секое идење да ве слушаме како само тоа го мелете. Нормален муабет сте заборавиле да правите. Да не набројувам ама истите теми истите муабети се вртата со години. Нема напредок, кој како си го оставил така останал. Нема шанса да смени работа да поработи на себе. Овде секој се менува, се дообразовува, се бори за подобра работа, добива можност и е унапреден. Тоа во Македонија го нема а со тоа умира и духот во секој од вас. Жалосно е што е така и во голема мера се осеќа од километар смрди таа завист и она македонското да му умре козата на комшијата па затоа и се вадат вакви бош муабети ама ОК, вие си знаете. Што сакате зборете за нас сте Клуб МЕД држава, само продолжете вака...
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Би се омажила...со човекот што го сакам! А после сите овие мислења што ги прочитав, чинам срам би ми било ако кажам дека сум заљубена во некој што оддамна живее и работи надвор од Македонија. Повеќето од вас со исмејување зборувате за бракот како да зборувате за билатерална трговија. Не ве познавам лично и не ми се обративте на мене лично, но се чувствувам повредена и разочарана...како да е лошо ако посакаш да заминеш со таа личност онаму каде што живее и работи и таму да почнеш да градиш нов заеднички живот за вас двајцата. Нема ли случаи во самата Македонија, или во било која друга држава да се венчаат двајца од различен град и невестата да замине од родниот град и да живее во друг град само заради мажот...
Не може така да ги категоризирате и етикетирате луѓето...Секој со својата среќа, секој по својот животен пат...И зарем не е прекрасно кога два патишта се спојуваат заедно? Маж и жена да бидат...мајка и татко да станат...Фамилија да створат...
Барем кога зборуваме за нешто толку свето како што е фамилијата, да се обидеме да ги тргнеме на страна сите тие пресметки и калкулации.
Ништо не се знае во животот. А како што постои бракот, така постои и разводот. Човечко е да се згреши...но човечко е и да уживаш во благодетите на животот доколку го направиш вистинскиот избор.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom