Феноменот гастербајтер/ка

Дали би се омажиле со гастербајтер

  • Да, за пари или за да емигрирам и јас

    Гласови: 21 23,9%
  • Да, од љубов, убајни...

    Гласови: 30 34,1%
  • Не

    Гласови: 30 34,1%
  • Друго, ќе елаборирам во темата

    Гласови: 7 8,0%

  • Вкупно гласачи
    88
Т

Триптико

Гостин
Море мажишта дан сакате сега и жената куќа да ви подари, и деца да ви роди, и да ви исчува, и вас да ве рани и пере...
Види сега, не ни текнало на вакво нешто. Па уште и пасош од некоја држава да ни обезбеди...тогаш ќе прифатиме дека е рамноправна поделбата на обврски во домот :D
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
188
Поени од реакции
123
Види сега, не ни текнало на вакво нешто. Па уште и пасош од некоја држава да ни обезбеди...тогаш ќе прифатиме дека е рамноправна поделбата на обврски во домот :D
:Dako ti dade pasos togas bidi spremen da igras balet do kraj na zivotot :D
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Зборот нормално го употребував/ме (барем јас во темата) во контекст на човековото однесување/делување (нормално однесување; репродукцја. моментално преминува во сосем трет архетип во моменталното општество/прилики и ситуација; сегашно време кој ги нема поранешните крактеристики и функции) а не за моралните норми и етиката (негувани и почитувани генерациски = накратко традиција и домашно воспитување; семејството е најбитна и основна клетка на општеството, кое моментално се менува т.е. транзитен период во кој се отфрлаат старите, традиционални вредности и норми а се прифаќаат нови вредности и норми, поради адаптација; знак за нечија доминација), кои (треба да) важат за сите а лицемерно се злоупотебени да не речам силувани, а многу често зимани за репер и "мерење на кантар во однос" на другите. (има еден збор на л во мкд. език)

*пр. архетип на маж за време на СФРЈ = служи воен рок
архетип на жена за време на СФРЈ = домаќинка, убава
(Секое општество има архетипови; подоцна има и во психологијата, но се зимал во предвид и gens; родот/сојот/фамилијата, авторитетот и престижот во општеството а без нив неможе да има/биде во повисок општествен ранк. Финансиската моќ се должи/следува поради предходно навадените карактеристики) ((направи споредба како функионира тоа денеска))

Нормално (во овој случај; термин кој го опишува човечкото однесување кое го одредува заедницата/општеството кое е општо прифатено/кодифицирано и биолошките потреби) е да се бара партнер за репродукција (пред се биолошка и душевна потреба/одлика), а таа има посебни критериуми при изборот во кои не спаѓа ситуираноста (општествниот статус; на почетокот не постои социјална диференцијација) туку абстрактниот поим љубов (полова компактибилност е најблиску ?/).Се ван љубов (љубовта како состојба е протолкувана како; физчка или карактерна/духовна привлечност помеѓу две единки) е абнормално (осудувана во сите општества; пр. династички бракови и случаји на инцести, бракови/врски поради економски интерес итн), освен во случај да нема доволно единки од спротивниот пол (пр. војна); нагонот за репродукција неможе/не е нормално да се потисне.(човекот исто така е биолошки механизам и алегориите со животните се на место; истите тие имаат мозоци и биолошки потреби итн.)

Машкото не е глава на фамилијата поради тоа што така налага општеството, туку поради биолошките/физичките особини.

Да не забегувам; постои и феномен робовска (партиска) книшка која е како против тежа на фенменот гастербајтер т.е. полесно/и напредување/услови/поголеми шанси за сигурна егзистенција. (нормално со тоа нели економска моќ и привлекување на посакуваниот тип на џенцка и обратно мада политиката сеуште е машка работа)

(според мене феноменот робовска книшка го декапитулира машкиот пол исто како и кај другиот феномен. денеска двата феномена се испреплетени и тесно поврзани)

Егзистенцијата е главната причнина за тој (и двата) феномен(а) кои се косат со одликите на двата пола (да не речам се понижувачки; а трудот и класната борба се тесно поврзани со егзистенцијализмот, успехот ) кои денеска ни изгледаат и се прифатени како нормални.

Многу тропам а сакав да кажам; opportunism at it's very best. (it's е или his?)
I guess we'll have to agree to disagree.
Јас па не мислам дека е „нормално“ дека жената бара поситуиран маж. Тоа било порано, кога жените не биле рамноправни со мажите, па така тие неможеле да заработуваат повеќе од нив. Денес има многу жени што се на повисоки работни места и зимаат добра плата. И што треба они да прават? Да си го ограничат изборот на некој со повисоко работно место од нив? И ако они заработуваат толку многу, сигурно не им треба некој што заработува дури повеќе (има исклучоци, секако). Или пак, има жени кои сакаат да бидат доминантни, или главни во врската, па тие сигурно не бараат поситуиран маж од нив, зашто така би се осеќале под ниво :)
Исто така, не мислам дека е „нормално“ дека сите бараат некој за репродукција. Има луѓе што не сакат да имаат деца. Има луѓе што само посвојуваат (не збориме овде за проблеми при репродукција, туку чиста желба). Така да, пак се враќам на тоа дека тоа „нормално“ за секого е различно.

Тоа со биолошките/физичките особини нема врска. Пак се враќаш во времето, кога да се биде маж значело да се биде силен и јак и способен. Денес има мажи што неможат прст да кренат и жени што можат буквално се` да прават. Факт е дека тоа дека мажот е главата на семеството е пренесувано од генерација на генерација уште од многу одамна. И да, сега се менуваат многу работи, ама менталитетот на луѓето е уште тој, зашто тешко дека ќе извадиш нешто што со години било пикано во сечија глава.

Глупаво се изразив дека животните немаат мозок. Мозокот постои да, ама не размислуваат на ниво на кое ние размислуваме. Нема рационализирање. И кај нив има биолошки потреби, што и ние ги имаме, ама тоа не е исто со љубов. Луѓето што сакаат да имаат семејство од љубов, ќе го следат срцето, а не дали тој некој ќе направи добри деца или колку пари има. А они што не ги интересира љубов, ќе рационализираат дека тој со (нај)многу пари ќе им пружи супер живот зашто само тоа ги интересира нели. Пак нема никаква врска со животните. Животните функционираат на инстинкт. Има и такви луѓе, ама ретко кој се зима од инстинкт. И пак ќе кажам, порано барале мажи што ќе направат подобри деца, ама тоа одамна е изумрено. Не сум сретнала некој да ми каже „Еј, оној/онаа сигурно ќе ми направи/роди супер дете, ќе се земам со него/неа“.

И бааги оф-топик сме, така да тука го завршувам муабетот :)
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Сакаш да кажиш дека кај жените исти шанси имаат и тие шо работат градежништво и банкарите?Абе ајде не ме ду.и во здрав памет.Какво духовно какво интелектуално работење на себе,мене сосем јасна ми е реалноста во која живеам немој да ми даваш некоја романтична верзија на работите.
Ми влезе во око болдираното, не знам колку си запознаен ама во денешно време некој што работи градежништво веројатно е дека повеќе заработува од некој што работи во банка (не вклучувам тука менаџери директори итн) така да не ти држи муабетот. Ако некој не избира градежник веќе не заради тоа што тој не заработува доволно него зашто испод част им е да кажат дечко ми работи како градежник. Нејсе. Од мое искуство, за воља на вистината многу повеќе машки знам што оставиле солза девојчиња за да се оженат со ругоби гастрабајтерки и отидоа да живеат по Белгија, Швајцарија, Шведска. Не познавам ниту една моја блиска женска особа што го направила истото. И многу мои другари отворено збореле дека ловат девојчиња кои доаѓаат од добро ситуирани семејства и неколку од нив буквално им се лепеа како пијавици на таквите и ги цицаа со одмори подароци искачања. Господ им подарил убав изглед и они тоа го кешираа. Ниту една моја другарка или пријателка не се омажи за пари и да остави некој супер дечко. Ама и јас и моите другарки делевме еден став, дека нам ни е битно дечкото со кој сме да заработува, да е школуван и да знајде да се снајде за работа во било кои услови. Ниту јас ниту моите блиски не сме сакале да завршиме со некоја мамина маза што на 30 години чека да му дадат 100 ден за у град а од книга повеќе од Зоки Поки нема прочитано. Ако тоа ме прави матерјалистка и спонзоруша, ако нека сум. Ама мене ми е битно да немам некој што ќе живее на моја сметка и ќе спие до 2 саат додека јас работам за да преживееме.
 
D

Daedalus

Гостин
Ми влезе во око болдираното, не знам колку си запознаен ама во денешно време некој што работи градежништво веројатно е дека повеќе заработува од некој што работи во банка (не вклучувам тука менаџери директори итн) така да не ти држи муабетот.
Ваљда под градежништво мислел на секојдневен просечен работник којшто зема 400 - 600 денари дневница (да не зборам дека има фаци кои работат за 200-300 ден. дневница). Со макотрпна работа ќе земе околу 10-12 илјади месечно максимум и тоа зависи дали ќе има работа секој ден пошто повеќето кои не се во градежни фирми, работат хонорарно за одреден проект и идат на дневница. Башка ако си хонорарен градежен работник немаш константни примачки за разлика од вработен у банка на пример кој има осигурана плата.
Фаци кои работат во банка и на најниските позиции ко шалтер (не зборам за чистачи), немаат плата испод 18 000 у просек. Во појаки банки ко Алфа иде и до 30 000.
 
Член од
16 декември 2014
Мислења
14
Поени од реакции
3
Секој легален работник мора да има здравствено осигурување, не е проблемот со здравственото осигурување туку со тоа дека не моеш лесно да допреш до термин на стоматолог.

И терминот гастербајтер е веќе застарен, бидејќи во превод значи гостин-работник.
Новите генерации тешко кој би ги нарекол гости.
Normalno deka im e plateno zdravstveno osiguruvanje(osnovnoto 105 eur zboram za holandija)samo sto ne vleguvaat zabi,operacii,fizikalni terspii i dr.raboti vo nego
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
сум запознала момци од овој синдром..
не ми се магнети! ма воопшто не ме привлекуваат
пред да почнам да одам во странство ми ги тераја овие филмови за документи, за поубав живот ма бајки бе...тие што имаат а ти што немаш! ПРОСТА РАЈА
муабетот започнува вака:родителите искористиле шанса на времето да заминат, тие се родени таму, завршиле средно стучно или некој занает, какви коли имаат(на кредит 100% или на старо посебно германија е прелесно да земиш кола на кредит заради ниската камата),седат односно живеат или во социален стан или под кирија а ти кажуваат дека се добро ситуирани,работна позиција во фабрика-обичен работник или на бауштеле*градежништво...и сл сказни и приказни...
немам ништо против некој да си ја искажува својата позитивна страна ама страшно ме нервира што некои луѓе толкав маркетинг прават ти се чини магија абе рајски убавини а тоа пукат од депресија! дојдени тука да јадат да пијат на ниски цени, да градат куќи и да понижуваат се живо и диво..послем ќе ми речат “џабе ти е факултетот ние со средно повеќе заработуваме од тебе“ или “во странство не ги признаваат вашите дипломи“ “во Мек Доналдс единствена шанса ти е“...значи сериозно кој колку сака пари нека има алаф нека му се али подалеку од мене и од нивните сказни...
..значи бев странство и одам редовно видов и доживеав само ќе кажам тој што вреди сегде вреди тој што не само ќе си ломоти. ако се странство само парите му вредат. се прашувам овде да беа последни ќе беа никој и ништо. и шо дека се странство кога пак одавде бараат жени/мажи од толку добро што се прилагодени и снајдени во западната култура...

во врска за тоа дека женските се материалисти во овој поглед неможам да генерализирам оти ако беше така сите ќе трчаја и ќе се мажеја само за богати и странци..повеќето гледаат да ја дувнат надвор од мк..тоа е факт секој на некој можен начин ама дека се сите такви не верувам. кога јас треба да одам на запад а немам друг начин, порадо би прифатила фејк брак**платен за документи, отколку да се омажам со некој гастербајтер кој цел живот ќе ми попува како ме спасил од мизеријата...

и само нешто да напоменам...без разлика македонецот во која земја ќе замине, макар да добие и државјанство и сите потребни документи за престој
никогаш нема да биде срамнет или еднаков со таа нација каде емигрирал. така да следниот пат кога некој гастарбајтер ќе дојди и ќе ви пука филмови колку е тој успешен само прашајте го зошто од таму нема женска/дечко!
 
Член од
19 декември 2014
Мислења
51
Поени од реакции
52
Од новопечените повеќето биле тешки беди пред да заминат со бугарски пасош и сега се во некој филм вујче од Америка. Купуваат коли на старо од Германија и мислат дека го достигнале врвот. А и колку се во филм влезени, тешки опинци. И нив некој ги бркал поради документи :Кезец::lolzz:
 
Т

Триптико

Гостин
...и само нешто да напоменам...без разлика македонецот во која земја ќе замине, макар да добие и државјанство и сите потребни документи за престој
никогаш нема да биде срамнет или еднаков со таа нација каде емигрирал. така да следниот пат кога некој гастарбајтер ќе дојди и ќе ви пука филмови колку е тој успешен само прашајте го зошто од таму нема женска/дечко!
Со другото напишано се согласувам. За последново...

Каде и да се емигрира се почнува 15 години наназад. Не се почнува од нула, туку многу подолу. Нова средина, нов јазик, нови прописи, нови луѓе, карактери... Таму нема некој свој за да те упати (тие што имаат, имаат огромна предност, ако ја искористат). Колку некој/а (не македонец, кој сакаш стави го овде) ќе се интегрира во таа средина зависи само од него/неа. Ако се оди некаде за да се остане "вечно" и се прифатат тамошните правила на однесување и живеење, личноста ќе се интегрира во рок од 6 месеци до 2 години...мислам на она базично прифаќање на средината, не целосно. А, ако некој се уште го има она нашето: кафенце, ракиичка, мезе, појди ми - дојди ми, мрзливоста, инаетот... тогаш, никогаш тој човек нема да стане еднаков со нив. Националноста и (не)културните навики се оставаат дома, од оваа страна на границата.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
или печалбари, или да не звучит старомодно.
Печалбари во денешно време сигурно НЕ се!

Колку што знам "печал" значи болка или мака. А во денешно време печалот е само во Македонија останат.

То су времена два, различита.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom