Феноменот гастербајтер/ка

Дали би се омажиле со гастербајтер

  • Да, за пари или за да емигрирам и јас

    Гласови: 21 23,9%
  • Да, од љубов, убајни...

    Гласови: 30 34,1%
  • Не

    Гласови: 30 34,1%
  • Друго, ќе елаборирам во темата

    Гласови: 7 8,0%

  • Вкупно гласачи
    88
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
:)neveruvam deka ti raskinuvale poradi toa sto ne si bogat:)
Odgovorov me potseti na eden primer-Deckovo e magistar I za celo vreme dodeka ucese ziveese na grb na roditelite....Majka mu go tintrese I go tintri kako da e princot od Monako.....Zenata nemoze da prifati deka nejzinoto since ima 30godini u gzort I deka ona kako majka netreba da se odnesuva taka ,arno ama toa e veke druga prica.....Deckovo dufta do 14.00casot I koga ke stane bistri visoka politika ,a rabota ceka samo po strukata.Znaci nerapoboti nisto I zivee od po nekoe slucajno proekce za minimum paricki ,a izleguva so 100 den vo dzebot ,dadeni od mama I tate...Ubav e,pameten e ama koja zena saka smokle kako nego...Zenite sakaat mazi so veke izgraden karakter,mazi koj se vo sostojba da se grizat za sebe I za svoeto idno semjstvo, a vakvi kako primerov sto go nabrojav , gi ima da gi rines ....Niedna zena nesaka mrzlivi I nesposobni mazi pored sebe....
Nedrzi voda ona sto go kazuvate deka zenite letaat po pari:)
Мадам во МК баш работниците најниско котираат кај жените.Не живеам на некоја колонија на марс па незнам како стојат работиве во нашево државче.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Мадам во МК баш работниците најниско котираат кај жените.Не живеам на некоја колонија на марс па незнам како стојат работиве во нашево државче.
Добро бе луѓе, како тогаш се женат работниците? Они немаат девојки? Им купуваат невести од Албанија? Дај не бидете патетични, ако поседувате шарм и харизма секоја девојка може да биде ваша. А не вие со самодовербата во минус сакате да си фатите девојка. И после сите жени по пари трчале. Не дека нема и такви, ама барем јас малку познавам. Повеќето девојки кои ги знам не им е битно колку пари има партнерот. Жените сакаат самодоверба, одлучност, одговорност, став кај еден маж. Пари се прават, доколку знаеш како. Денес ги имаш, утре веќе не.

Ок, оф топик сум. Нема више. :)
 
Т

Триптико

Гостин
@blue ladybug Маро, не си во право. Не читате до крај. Никој не вика сите, туку ГОЛЕМ ДЕЛ. Дај еднаш прифатете дека е така. Премногу "случајности" има во ситуации кога некоја врти грб на некој, за после ден-два да биде, замисли "случајно" со некој кој може да ја купи неколку пати и кусур да му остане. Премногу вакви случувања има. Тоа е проблемот.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
@blue ladybug Маро, не си во право. Не читате до крај. Никој не вика сите, туку ГОЛЕМ ДЕЛ. Дај еднаш прифатете дека е така. Премногу "случајности" има во ситуации кога некоја врти грб на некој, за после ден-два да биде, замисли "случајно" со некој кој може да ја купи неколку пати и кусур да му остане. Премногу вакви случувања има. Тоа е проблемот.
Еве јас ти кажувам оти голем дел од девојките во моето опкружување не се такви. Јас веројатно живеам во некој балон од сапуница, чим поголемиот дел не се спонзоруши. Или бирам нормални луѓе за дружба. Не знам шо може да биде од овие две. :rolleyes:
Баш од моиве другарки ниедна не се омажи за пари. Ни една! Од кога склопија бракови им тргна на сите, па сега уживаат во парите кои и двајцата ги заработуваат.
Не знам со какви луѓе сте опкружени, ама почнува да ми станува жал за вас што имате таков свет околу вас. Озбилно.
Треба да се чувствувам виновно утре ако се заљубам во некој гастарбајтер или некој со повеќе пари од бившиот ми. Доста со глупи муабети.
Дај работете на вашата самодоверба и остварувајте се духовно и интелектуално. Вредностите кои ги носите ќе ги препознае таа што треба. А и друга работа. Треба да знаете до каде се вашите можности. Бидете реални и искрени сами со себе.
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
@blue ladybug Реализирани сме повеќето на секој план, не е проблем тоа. И никој не ги брои спонзорушите. Како што кажа некој погоре, таквите нема ни здраво да кажат, ако не гледаат во тебе некој материјален интерес. Збориме за оние кои навидум бараат љубов, слога, среќа... а уствари одма трчаат кај првиот што е поситуиран од овој што го имаат сега. Како и да е, секој со свој памет :)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
@blue ladybug Реализирани сме повеќето на секој план, не е проблем тоа. И никој не ги брои спонзорушите. Како што кажа некој погоре, таквите нема ни здраво да кажат, ако не гледаат во тебе некој материјален интерес. Збориме за оние кои навидум бараат љубов, слога, среќа... а уствари одма трчаат кај првиот што е поситуиран од овој што го имаат сега. Како и да е, секој со свој памет :)
Јас не познавам таква која имала долга врска и го оставила типот поради друг кој имал повеќе пари. Ако престанала да го сака стариот дечко, тоа е веќе друг муабет и сигурно не прекинала шо овој имал помалку пари од некој друг. Смешни ми се муабетиве, озбилно. Звучи како жените да се најлажливите ѓубриња на овој свет. Али да у право си, секој со својот памет.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Не е ракетна наука дека секоја девојка/жена бара стабилен и сигурен партнер гледано од повеќе аспекти. Дали тоа било стабилен што ја поддржува во врската за одлуки и сл, стабилен што може да обезбеди комфорен и здрав живот за нејзе и нејзините идни деца, сигурен што знае што сака и ќе биде со нејзе што год да би се десило итн. Ако не поседува некој ниедна од овие карактеристики не ни треба да има партнер и да го сака некоја, некој ќе ги поседува сите, некој само една, некогаш и само една од овие особини е доволна, некогаш не. Стабилноста/сигурноста се битни за обата пола а веројатно императив за жените.
Измлативте толку страни а работата е позната и проста како грав.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
...
Е сега мене ме интересира како тоа е сосема во ред кога жените ги оценуваш според надворешен изглед, а ти пречи кога тебе те оценуваат според социјален статус?
Проценуваш според цицки и гз, а сакаш да те проценуваат според карактер и внатрешна убавина?
...
Прво ми делуваше неповрзано па сфатив дека баш е добро поставено. Пошо не мораме да гледаме примери за бракови со богаташи за да сфатиме.
Доволно е тоа што гледаме дека мнозинството девојки се продаваат, следствено дека сакаат да бидат купени.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Еве јас ти кажувам оти голем дел од девојките во моето опкружување не се такви. Јас веројатно живеам во некој балон од сапуница, чим поголемиот дел не се спонзоруши. Или бирам нормални луѓе за дружба. Не знам шо може да биде од овие две. :rolleyes:
Баш од моиве другарки ниедна не се омажи за пари. Ни една! Од кога склопија бракови им тргна на сите, па сега уживаат во парите кои и двајцата ги заработуваат.
Не знам со какви луѓе сте опкружени, ама почнува да ми станува жал за вас што имате таков свет околу вас. Озбилно.
Треба да се чувствувам виновно утре ако се заљубам во некој гастарбајтер или некој со повеќе пари од бившиот ми. Доста со глупи муабети.
Дај работете на вашата самодоверба и остварувајте се духовно и интелектуално. Вредностите кои ги носите ќе ги препознае таа што треба. А и друга работа. Треба да знаете до каде се вашите можности. Бидете реални и искрени сами со себе.
Сакаш да кажиш дека кај жените исти шанси имаат и тие шо работат градежништво и банкарите?Абе ајде не ме ду.и во здрав памет.Какво духовно какво интелектуално работење на себе,мене сосем јасна ми е реалноста во која живеам немој да ми даваш некоја романтична верзија на работите.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Абе работите се прилично јасни, посебно ако ги тргнеме настрана тврдењата, дека сите се исти, кои и да се тие (мажи, жени).

Живееме во зафркнати времиња, во многу нешта далеку посложени од оние, да речеме, пред 40 години. За повеќето од нас, речиси ништо не е сигурно во сегашноста, а да не зборуваме за иднината. Несигурноста може да биде многу гадна работа.

Дали жените се манипулативни материјалисти и промискуитетни и себични кучки? Дали мажите се неспособни безрбетници и кукавици?
Па, добар дел се. Не сите :) , има луѓе и луѓе. Отсекогаш било така, но во времиња на разнишани вредности, таа бројка се зголемува и бројот на лицата кои се предмет на расправа во темава не е за потценување.

Јас и претходно спомнав еден неубав пример за она што се претпочита при избор на партнер. Тој не е единствен на кој што сум бил сведок (додуша, нема многу случки, за кои што можам од прва рака да пишувам, ама не се ни малку). Што правиме кога ќе дојде до спој на две индивидуи со скромен интелектуален потенцијал и со различни карактери и желби, од кои едната е доста сиромашна, а другата, освен пари не може да понуди ништо друго (ни здравје, ни убавина, ни стабилност која не е од материјална природа)? Ја нагласувам интелигенцијата на лицава, затоа што во случајов и немаше некои големи „итрини“, се` беше ептен јасно (освен за еден од двајцата) и смешно очигледно.

Што правиме со загрижените родители, кои по секоја цена сакаат нивното дете да земе некој/а „од фамилија“, со педигре и многу успешно го воспитале во таа насока сопственото дете? Тоа влијание и начин на размислување оди и понатаму, не само при избор на маж/жена, ами и при избор на друштво, оти со кого си-таков си :cautious:.

Гастарбајтерите, странците за дел од нашиов народ се можност за бегство од мрачната реалност и од состојбите во РМ. Како што некои од овде купуваат жени од бедните села во Албанија, така и кај нас се одвива една доста пософистицирана, помодерна трговска размена, независно дали мажот „купува“ жена или обратно. Оти животот овде премногу често се сведува на работа во маркет, во фабрика за текстил или во градежништво за бедна плата, во мизерни услови, независно каде и колку сте учеле и што сте сакале да бидете како деца:).

Еден комшија си најде наша од една развиена држава. Фејсбук. Не знам дали се сакаат, ама на човеков убаво му тргна. Мислам дека не ни работи (социјалната помош таму не е баш мала), а речиси секоја година е во Македонија со семејството (не треба да споменувам дека него овде не го чекаше некоја светла иднина).

Башка, и не премногу во врска со темава фејсбукот и другите слични форми на комуникација овозможуваат секое лонче да си најде капаче. Од она што гледам и слушам, и мажени и женети лом се прават на страна.

А сега: најголемиот дел од луѓето што лично ги знам - се нормални момци и девојки, кои имаат нормални врски и бракови. Некои живеат поскромно, некои се побогати, некои имаат деца некои немаат, и мислам дека е неодржливо тврдењето дека 90% од жените се курви, како што подеднакво е смешно исто толкав број мажи да се прогласат за шовинистички свињи.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Жена ко жена од еден маж бара сигурност! Е сега кај некои жени тоа значи да е полн ко брод, за друг да е снаодлив, трет да се грижи за фамилијата итд, секоја си има свој начин на функционирање, што лично не го сметам за лошо освен голддигингот, сепак треба да се има критериум, не е секој за врска или брак, ако барем малце од критериумите не се исполнети! Пример сака жената деца - мажот треба да овозможи адекватно според потребите, не може деца на улица да се раѓаат! Остајте тие причи, од љубов не се живее, тоа е идеал, денес ја имаш, утре не, ама децата не смеат гладни да останат, и воопшто некои потреби треба да бидат задоволени! Е сега што некои женски претераваат со нив, и за нив ни 1 милион еур, не се доволни тоа е др прича!
Е сега ако процентот измеѓу овие категории ( (голддигинг (подкатегории : природно богат, гастербајтер, странец)), љубов, снаодливост, фамилија итд)) е неенакомерен, тоа не значи дека треба да се генерализира и секоја женска во ист кош да се шутка. Многу се согласувам со некои постови дека влијае како те воспитале дома, значи нештото што те учат уште од мал/а: не дружи со со оние деца, види колку се прости, мамино еден совет од мене, очите 300 отворени, немој за голтар/ка да се мажиш/жениш, па и за мн др работи, кои чинат социјална, национална и расна дискриминација - значи не може некој да ме убеди, тоа влегува под кожа, ние сме програмирани уште од мали да правиме поделби! Друга ствар е друштвото, излегувате некаде и пак истото се случува, види го овој, онаја како е облечена, нема за пијачка, има за пијачка, од кае, шо е, шо работи... пак истото голтар/ка зошто нема добра облека, и не може да си приушти повеќе пијачки, значи нема пари, друг е фраер/ка зошто или е богат/а, македонец/ ка во странство или странец/киња! Е сега др. категорија врска и брак.. има ли нешто поразлично од претходното? Пример сум имала и другарка и другар, другарката стално правеше такви разлики меѓу машките, овој бил таков, ваков, имал пари, коли, немал, овој е од Аус, др е од Тунгузија и на крај се скраси со еден гастербајтер од Австралија, што значи женската си била со таква цел да упеца некој таков! Другаров пак имаше врска од 3 и пол год со едно девојче, и глупаков, имаше роднини во едно село, кај што му дошле на посета пријатели од Шведска, и оп после неколку месеци, и врска раскина и замина за Шведска - е како де? Од љубов сигурно! Пак поделби! Ми се чини дека за цел живот луѓето се програмирани така да се однесуваат! Ама да ги обвинувате жените за све, е бате не оди така! Имало и ќе има од двете страни голддигери, и визатражачи и се! Секој со своето искуство!
Најсвежо од кај мене, мн од форумот знаат дека учам во др држава, и ок, е сега отидов на волонтерска работа во др држава, значи ништо поврзано за пари или сл...и оп... гледам ФБ фрчат пораки од машки, аа Јагодче таму и таму, и како животот? А не пишале 653 години, на улица ни здраво, а сега се многу некако заинтересирани! Е нели е то да ти пукнит пичната жила? А да бев во МК, да си работев таму и да си живеев, никој немаше да ми пиши! И пак поделби... кој од кај е, што работи, колку пари има! Човек треба од внатре да се гледа, каков е, а не да му се лепат етикети гастербајтерски или странски, или имал или немал пари! Свака част на тие што се заедно од љубов, и не им е важно дал е Мк или Аус или незнам што!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Аман те бе со тоа „Нормално е“. Тоа е сосема различно кај сите. Или пробувате да докажете дека ако некој се земе за пари, а тоа се класифицира како „нормално“ ондак тој човек е ок, и не прави грешка? За мене нормално е некој да бара љубов, за друг нормално е да бара пари, за трет, нешто друго... И „нормално е“ секој да си има различен став за тоа што е нормално. А тоа кој каков став има, зависи од тоа како е израснат и воспитан и каков живот имал.

Друго, како може да споредувате со животни? Да, женките одат по најсилните мажјаци/алфи, ама они немаат мозоци, нити пак кај нив постои љубов. Кај нив е чиста хемија и репродукција.

@Триптико, не е баш точна поговорката, зашто има примери кога посиромашни мажи се земале со побогати жени. Проблемот тука е, што машкото мора да биде „главата“ на семејството, затоа што општеството тоа го налага, зашто така било уште од почетокот. Мажот работи и го носи лебот, жената готви и чува деца. На многу мажи им е проблем да бидат „жената“ во очите на општеството. Треба да е некој доста сигурен во себе и да не слуша што другите зборат, затоа што сигурно ќе зборат.
Зборот нормално го употребував/ме (барем јас во темата) во контекст на човековото однесување/делување (нормално однесување; репродукцја. моментално преминува во сосем трет архетип во моменталното општество/прилики и ситуација; сегашно време кој ги нема поранешните крактеристики и функции) а не за моралните норми и етиката (негувани и почитувани генерациски = накратко традиција и домашно воспитување; семејството е најбитна и основна клетка на општеството, кое моментално се менува т.е. транзитен период во кој се отфрлаат старите, традиционални вредности и норми а се прифаќаат нови вредности и норми, поради адаптација; знак за нечија доминација), кои (треба да) важат за сите а лицемерно се злоупотебени да не речам силувани, а многу често зимани за репер и "мерење на кантар во однос" на другите. (има еден збор на л во мкд. език)

*пр. архетип на маж за време на СФРЈ = служи воен рок
архетип на жена за време на СФРЈ = домаќинка, убава
(Секое општество има архетипови; подоцна има и во психологијата, но се зимал во предвид и gens; родот/сојот/фамилијата, авторитетот и престижот во општеството а без нив неможе да има/биде во повисок општествен ранк. Финансиската моќ се должи/следува поради предходно навадените карактеристики) ((направи споредба како функионира тоа денеска))

Нормално (во овој случај; термин кој го опишува човечкото однесување кое го одредува заедницата/општеството кое е општо прифатено/кодифицирано и биолошките потреби) е да се бара партнер за репродукција (пред се биолошка и душевна потреба/одлика), а таа има посебни критериуми при изборот во кои не спаѓа ситуираноста (општествниот статус; на почетокот не постои социјална диференцијација) туку абстрактниот поим љубов (полова компактибилност е најблиску ?/).Се ван љубов (љубовта како состојба е протолкувана како; физчка или карактерна/духовна привлечност помеѓу две единки) е абнормално (осудувана во сите општества; пр. династички бракови и случаји на инцести, бракови/врски поради економски интерес итн), освен во случај да нема доволно единки од спротивниот пол (пр. војна); нагонот за репродукција неможе/не е нормално да се потисне.(човекот исто така е биолошки механизам и алегориите со животните се на место; истите тие имаат мозоци и биолошки потреби итн.)

Машкото не е глава на фамилијата поради тоа што така налага општеството, туку поради биолошките/физичките особини.

Да не забегувам; постои и феномен робовска (партиска) книшка која е како против тежа на фенменот гастербајтер т.е. полесно/и напредување/услови/поголеми шанси за сигурна егзистенција. (нормално со тоа нели економска моќ и привлекување на посакуваниот тип на џенцка и обратно мада политиката сеуште е машка работа)

(според мене феноменот робовска книшка го декапитулира машкиот пол исто како и кај другиот феномен. денеска двата феномена се испреплетени и тесно поврзани)

Егзистенцијата е главната причнина за тој (и двата) феномен(а) кои се косат со одликите на двата пола (да не речам се понижувачки; а трудот и класната борба се тесно поврзани со егзистенцијализмот, успехот ) кои денеска ни изгледаат и се прифатени како нормални.

Многу тропам а сакав да кажам; opportunism at it's very best. (it's е или his?)
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Као, јас сум супер дечко, убав, паметен и фин ама девојките ме одјебуваат затоа што татко ми не е директор и не возам мерцедес.
Ова е сосема неточно! Еве татко ми и стрико ми се директори на земјоделски задруги па пак сите девојки ме одјебуваат!
 
Т

Триптико

Гостин
@Jagod4e жената бара сигурност од мажот, а? А што да бара мажот тогаш од неа, кога оваа од прва гледа да се обезбеди(не мислам само на пари)? А, ако одиме по логиката "пари", тогаш според кажаното, мажот ни под разно не смее да остане без примања. За жената не е важно, таа и така не се брои за стабилноста на заедницата, нели? :D За другото се согласувам целосно :)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Секој има право да прави со СВОЈОТ ЖИВОТ и СВОЕТО ТЕЛО што сака. Што е битно дали некоја/некој е во брак со гастербајтер, дали сексот го практикува од економски или алтруистички побуди, дали некој/некоја имале "километража" и слично. Ако некој / некоја не ви се допаѓа (минато, километража, начин на живот и слично) не мора да го делите вашиот живот со таа личност. Но кој фактор сте вие некому да судите за неговиот начин на живот кој не го засега вашиот. Дали некој ќе го помине остатокот од животот со курва или светица, тоа е негов проблем, не ваш. Кога ќе почнете да живеете и да ги решавате сопствените проблеми, наместо да се оптоварувате со животите на другите. Можеби вашиот живот е тотална мизерија, но многу побитно ви е колку километража имала животната сопатничка на Слаткар или тоа што Мара се омажила за некој во Острелија, наместо да го погледнете вашиот живот и да се обидете да го средите. Сите се експерти за туѓи животи осем за својот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom