Феноменот гастербајтер/ка

Дали би се омажиле со гастербајтер

  • Да, за пари или за да емигрирам и јас

    Гласови: 21 23,9%
  • Да, од љубов, убајни...

    Гласови: 30 34,1%
  • Не

    Гласови: 30 34,1%
  • Друго, ќе елаборирам во темата

    Гласови: 7 8,0%

  • Вкупно гласачи
    88
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80
Се работи за мажачка и женачка со нашинец или нашинка прва или втора генерација во странство. Може и трета генерација да се зборува, но обично народот нив ги смета дека се веќе странци.
Се оглед на тоа дека овој феномен е присутен децении наназад, а се шпекулира дека бројка од 300 000 млади си заминале во последните десетина години мислам дека треба да има и таква тема каде би дебатирале околу најразлични сегменти од овој феномен. Најдов тема за странци, но ми се чини не го покрива овој сегмент таа тема. Иако некои младенци прават мажачка женачка во новата татковина сепак има и такви кои својот животен сопатник го избираат во родната грутка.

Едно време важеше муабетот дека додека ти ја тинтраш 2 месеца, гастербајтерот веќе свадба направил.
Има примери кога едно време пред 40 години во Австралија се мажеле женеле преку слики. Значи воопшто не доаѓале, туку жената ако и се бендисал мажот на слика одела таму. Наводно живееле многу убав живот исполнет со многу радост, воспитани деца и љубов.
Дали сметате дека денес е уште популарна мажачка женачка со гастербајтер? Дали можеби тоа го оправат од љубов или од корист?
Дали гастербајтер(к)ите се на ,,цена,,? Дали се популарни низ дискотеките? Дали се нелојална конкуренција на локалните?
Дали вие би биле со нашинец/ка во странција?
Дали знаете примери? Како им оди?
Fil free да коментирате за најразлични работи околу овој феномен.

пс. Анкетата не е јавна, слободно гласајте.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.335
Каква цена , какви бакрачи? Брат буквално не си свесен дека 90 % од нив се толку неписмени , што и да сакаат да се вратат во државата јас би се подразмислил дали да ги пуштам.

Се куроперчат со рентаните автомобили , дојдени се на 20 дена да фрлат кч , а уствари дојдени се да одат на заболекар и да поправат заби. Да не ја споменувам некултурата во сообраќајот , буквално мислат дека патиштата се само за нив правени.

Баш пред 2 саата слушам двајца од нив , пред банка стојат и зборуват дека на шалтерите имало многу луѓе бидејки сеуште народот овде не бил доволно описменет да вади пари од банкомат. :facepalm:

Па уште и на германски ми зборуваат се прават странци , а на него на челото му пишува дека е од Василево.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Аи, човече, пари имаат ум немаат гастербајтерите/ките.
А тие шо завршуваат со нив у глобала ни пари ни ум имаат.
 
Последно уредено:
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80
Аи, човече, пари имаат ум немаат гастербајтерите/ките.
А тие шо завршуваат со нив у глобала пари ни пари ни ум имаат.
Oд каде ова, можеш ли поопширно да пишеш. Со примери.

Meне сепак ми се чини дека доста ќаруваат, но и дека ги има секоја година се помалку.
 
Последно уредено:

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Gold diggers има секаде на само кај нас. Во принцип гастарбајтерите ги гледаат како пари + државјанство, нема тука љубов, чест на исклучоци.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Каква цена , какви бакрачи? Брат буквално не си свесен дека 90 % од нив се толку неписмени , што и да сакаат да се вратат во државата јас би се подразмислил дали да ги пуштам.
Неписмени се ама земаат многу поголема плата од писмени Македонци со диплома. :icon_lol:
 
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80
Неписмени се ама земаат многу поголема плата од писмени Македонци со диплома. :icon_lol:
Последно што разбрав е дека чистачка во Швајцарија зема 4000 евра плата. Доста примамливо. Реално во Македонија треба да се истури крадење човек за тие пари. За школо да не правиме муабет.

Факт е дека парите не се многу битни, но знаеме дека барем потсвесно влијаат на изборот.

Gold diggers има секаде на само кај нас. Во принцип гастарбајтерите ги гледаат како пари + државјанство, нема тука љубов, чест на исклучоци.
Не би рекол. Има иселенци од Австралија кои се по 40 години веќе заедно. Поминале и добро и лошо. Голд дигер одма при првиот најмал проблем ќе те остави. Очигледно не се работи за голд дигинг.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Добро ситуиран млад ерген со престој во Германија бара жена не постара од 35 години за брак.

Шифра: Бауштела
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Каква цена , какви бакрачи? Брат буквално не си свесен дека 90 % од нив се толку неписмени , што и да сакаат да се вратат во државата јас би се подразмислил дали да ги пуштам.

Се куроперчат со рентаните автомобили , дојдени се на 20 дена да фрлат кч , а уствари дојдени се да одат на заболекар и да поправат заби. Да не ја споменувам некултурата во сообраќајот , буквално мислат дека патиштата се само за нив правени.

Баш пред 2 саата слушам двајца од нив , пред банка стојат и зборуват дека на шалтерите имало многу луѓе бидејки сеуште народот овде не бил доволно описменет да вади пари од банкомат. :facepalm:

Па уште и на германски ми зборуваат се прават странци , а на него на челото му пишува дека е од Василево.
Ноуп. Ти не си свесен дека 90% се образовани и не сакаат да се вратат во државата. Пазарот за работна сила за образовани луге е отворен, за необразовани е затворен. Тоа е еден факт. Не
и се изрентани автомобилите затоа што после 6 месеци можат да купат нов автомобил, на рати нормално, 100 евра рата, што на плата од над 2000 евра нема ни да забележиш. Тоа е друг факт.

Зошто да ги прават забите во Македонија и да плакаат за тоа, кога во странство имаш здравствено осигурување и се е БЕСПЛАТНО. Тоа е трет факт.

И четврто, ако некаде има некултура во сообраќајот тоа е кај нас. Светлосни години сме далеку од западот во сообракајна култура.

Нормално се наогаат и селјаци кои ке искоментират и ке се сметаат дека се многу паметни само затоа што отишле во странство како овие банкариве што ги спомна.
 
Нема теоретски шанси 90 % да се образовани. Баш напротив , достигнување им е да црнчат за да купат БМВ и да се курчат. Има и успешни приказни не велам не , али односот е 10:1 во корист на курајберите.

Во врска со сообраќајот од прва рака ти кажувам. Таксист сум и ги гледам како се понашаат низ градот , паркират кај им текне и се понашаат како цел свет да е нивни. Можда ги почитуват сите пишани правила таму , но тука се банда без команда.

Не прават заби тука? - Па летото сите стоматолози тријат раце од нив , буквални се пребукирани , немат време на гз да седнат. Дали 15 % имат здравствено осигурување. Значи остај ги на страна тие дипломираните што се веќе долго време таму , јас зборувам за новите гастербајтери кои во последните 5 години се иселија од државата.
 
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80
Интересни се резултатите од анкетата.
околу 70% од тие кои одговориле би се омажиле со гастербајтер, а половина од тие 70% кои одговориле би го направиле тоа ради пари. Мислев 0 посто ќе има таа опција. НАвистина интересно.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.335
Неписмени се ама земаат многу поголема плата од писмени Македонци со диплома. :icon_lol:
Тоа ми е јасно како ден , но би се оженил со некоја само заради тоа што зима 4000 евра плата? Остај што ја зимам заради пари , али и ќе ме направи да се осеќам неспособен да правам по 4 илади евра месечно , и автоматски ќе ми го одземе тоа чувство на исполнетост на левата страна кое го добиваш кога не потклекнуваш ни пред најголемите , а камоли пред ѓурбетка на печалба у Немачка. А верувај не постојат тие пари што можат да ти го купат тоа чувство. :)
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.297
Поени од реакции
7.253
Дали 15 % имат здравствено осигурување. Значи остај ги на страна тие дипломираните што се веќе долго време таму , јас зборувам за новите гастербајтери кои во последните 5 години се иселија од државата.
Секој легален работник мора да има здравствено осигурување, не е проблемот со здравственото осигурување туку со тоа дека не моеш лесно да допреш до термин на стоматолог.

И терминот гастербајтер е веќе застарен, бидејќи во превод значи гостин-работник.
Новите генерации тешко кој би ги нарекол гости.
 
Член од
15 август 2014
Мислења
79
Поени од реакции
80
И терминот гастербајтер е веќе застарен, бидејќи во превод значи гостин-работник.
Новите генерации тешко кој би ги нарекол гости.
Не е воопшто застарен терминот си е тамам. Ако си отишол некаде си гостин, плус ако работиш си и работник. Нема тука никаков проблем.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.297
Поени од реакции
7.253
Не е воопшто застарен терминот си е тамам. Ако си отишол некаде си гостин, плус ако работиш си и работник. Нема тука никаков проблем.
Гостинот после некое време со оди, овие не си одат туку се одомаќинуваат :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom