Феноменот Сеголен ја тресе Франција

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Иако насловот и написот се груб превод на еден артикл од La Libјration, сето напишано е точно. Сепак - не е дело на Љупчо Поповски иако истиот стои како автор во Утрински... :pos:

Еве за што се работи :

Ефектот Сеголен ја тресе Франција
Љупчо Поповски





Може ли да се случи незамисливото - жена претседател на Франција : Сеголен Ројал

Неверојатно е колку драматично се менуваат работите, дури и онаму каде што тоа изгледало незамисливо. Франција последниве два месеца е опседната со елегантната, харизматична и самоуверена Сеголен Ројал, која на изборите следната година може да стане прва жена претседател. Во општеството, во кое врвните позиции во политиката без поговор секогаш биле загарантирани за мажите, Ројал предизвика таков ефект што ги растресе елитите и во нејзината Социјалистичка партија и меѓу лутите деголистички противници.
Сеголен Ројал се појави од регионот Поату-Шарант. Таму во 2004 на регионалните избори го "смачка" кандидатот на позицијата - тогашниот премиер Жан-Пјер Рафаран. Тогаш медиумите ги свртеа рефлекторите кон неа. Сега веќе не можат да ги тргнат од нејзината висока става, па дури и неприкосновениот владетел со јавноста, амбициозниот министер за внатрешни работи, Николас Саркози, се најде во неприродна позиција за него - во сенка. Ројал води во сите анкети на јавното мислење направени последниве 50 дена - во истражувањето на "Ифоп" и "Софре" 52 отсто од испитаниците велат дека 52-годишната мајка на четири деца има "калибар за претседател на Републиката", повеќе отколку главниот кандидат на десницата, Саркози. Во таборот на социјалистите анкетите велат дека таа сега е далеку пред сите можни конкуренти.
"Таа е како порцелан во продавница за слонови", напиша еден од водечките француски коментатори минатата недела. "Сеуште е рано", вели внимателно водечкиот политички аналитичар Паскал Перино. "Таа сигурно е далеку од она да биде само миленичка на медиумите, поддршката на јавноста во анкетите го покажува тоа. Но, главниот тест е како да се отиде подалеку од она што се вика ”популарност на хартија”. Очигледно е дека на обичните Французи им се смачува од политичките фараони кои со десетици години се на сцената и кои ја кочат можноста на неа да се појават различни и помлади кандидати.
Неодамна, влијателниот неделник "Нувел опсерватер" ја стави Ројал на насловната страница со огромен наслов - "Што ако биде таа?"
Тоа исто прашање со јавно фрустрирачки изјави си го поставуваат челниците на социјалистите. Нивниот последен кандидат (Лионел Жоспен) доживеа понижувачки пораз на последните претседателски избори а партијата длабоко се подели околу европскиот Устав, на последниот конгрес успеа да ги консолидира своите редови и да манифестира единство и сега, надвор од нејзината елита, се појавува "мистериозната мадам" која ги тресе партиските сфинги.
Проблемите за Ројал се исклучително специфични: таа е животен партнер на лидерот на социјалистите, Франсоа Холанд. Иако изродија четири деца, никогаш брачно не ја озаконија нивната врска. Холанд и самиот е меѓу кандидатите кого социјалистите треба во ноември да го изберат за тркач во претседателскиот натпревар. Но, тој е далеку назад во популарноста зад неговата партнерка. "Јас нема да бидам против популарноста на Сеголен. Тоа би било апсурдно. Таа има сила која ја признава Франција", вели Холанд. Сеголен, на прашањето како би се поставила доколку нејзиниот Франсоа има шанси да стане претседателски кандидат на социјалистите, сигурно одговара: "Нема да застанам против Франсоа Холанд, тоа е незамисливо. Јас можам да станам кандидат на социјалистите само ако тие ме номинираат и ако сум способна да победам".
Партиските војводи имаат помалку разбирање за неа од лидерот, па нивните сексисистички коментари само и ја зголемија популарноста. Лоран Фабиус, поранешниот премиер на Франсоа Митеран, јавно праша: "А кој ќе ги чува децата?", додека сенаторот Жан-Лук Меланшон протестираше, велејќи дека претседателската кампања не е "натпревар по убавина". Повеќе отколку потенцијалните противници од десницата тие го нагласуваат нејзиното скромно искуство во "големите прашања" - надворешната политика, економијата, безбедноста во земјата.
Родена во Сенегал во 1953 како едно од осумте деца на француски офицер, таа брилијантно ја завршува кон крајот на 1970-тите елитната ЕНА - школата за администрација за сите оние што имаат политички амбиции и тоа истата година како и нејзиниот партнер Франсоа Холанд и сегашниот премиер Доминик де Вилепен. Му беше миленичка на Франсоа Митеран - негова заслуга беше што стана пратеник во 1988 година. Потоа имаше помали министерски ресори: во 1992 беше министер за животна околина, во 1997 министер за образование, а во 2000 министер за жените и семејството. Французите ја паметат како жесток борец против порнографијата, за правата на жените и за зачувување на семејните вредности. Извонредна во телевизиските дебати, таа ги импресионира обичните Французи. Николас Саркози, човекот кој очајно ја посакува претседателската кандидатура на десницата, ја почестува со повеќе комплименти од нејзините сопартијци: "Таа е добар кандидат и јас се чудам зошто луѓето се прашуваат за нејзините способности кога истото тоа не го прават за кандидатите-мажи. Ако станам кандидат за претседател еден ден, ќе бидам многу среќен да дебатирам со неа".
Познатиот коментатор Ален Дуамел е попретпазлив за нејзините визии да стане достоен претседател: "Во овој момент таа е како брза локомотива, убаво е да се гледа, но зад неа нема вагони".
За да ја изгради својата меѓународна репутација, таа пред дваесетина дена ги пропушти церемониите на одбележувањето на десегодишнината од смртта на нејзиниот заштитник, Франсоа Митеран, и замина на инаугурацијата на Чилеанката Мишел Башле, жената која го прекина големото табу и стана прва претседателка во Јужна Америка. Неодамна отвори веб-страница Дезир д'авнир или "Желби за иднината" со која почна да ја гради својата логистичка мрежа.
Да беше жив нејзиниот прв ментор, Франсоа Митеран, би и дал четири поуки како се стигнува до Елисејската палата: не верувај им на анкетите на јавното мислење; не заборавај дека во зборот социјализам го има и зборот социјал; во политиката нема индивидуални авантури, туку само колективни; потребно е да се почитуваат сите луѓе, а особено оние најобичните.


Преводот беше катаcтрофален и го преправив. Катаклизма!!!
 

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
ne sum bas sigurna deka ke ja izberat. daj baze, neli, ama...
egalitј, da, no francuskovo opstestvo e seuste "machistichko"
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ројал води пред машките ривали за претседател[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ЛА РОШЕЛ, 25 август (Ројтерс) - Сеголен Ројал, францускиот социјалистички претседателски кандидат беше непријателски расположена кон машките ривали на конгресот на партијата, а внатрешните непријателства стануваат се пожешки со наближувањето на изборите во 2007.
Резултатите од анкетите покажуваат дека поголем дел од Французите би сакале да ја видат Ројал како претседателски кандидат на најголемата француска опозициона партија на престојните избори, но нејзиниот успех ги збуни старите социјалисти коишто исто така го посакуваат тоа место.
Ривалите социјалисти ја обвинуваат дека премногу се потпира на нејзиниот добар изглед и потенцијалот да стане првата жена претседател, исто така ја обвинуваат дека држи празни говори и дава генерални изјави наместо конкретни предлози.
Ситуацијата ескалираше оваа недела кога поддржувачот на Ројал, вториот човек во партијата, Франсоа Ребсамен, ги повика поранешните социјалистички министри Жак Ланг и Доминик Штраус - Кан да се откажат од трката бидејќи Ројал има најдобри шанси за победа.
[/FONT]


Ројал води пред машките конкуренти кај француските социјалисти
Вербалната војна го одреди тонот за партиската конференција што ќе се одржи во Ла Рошел

Според аналитичарите, Сеголен Ројал не е најдобриот кандидат на социјалистите, туку таа е нивен единствен кандидат за претседателските избори​
ЛА РОШЕЛ - Сеголен Ројал, претседателски кандидат од редовите на социјалистите, зазеде напаѓачки став кон мажите-ривали на партискиот конрес откако се заострија борбите пред изборите во 2007 година. Ројал води на анкетите како предводник на главната француска опозициска партија на изборите планирани за следната година, но успехот на релативниот новодојденец збуни речиси половина од „диносаурусите" во редовите на социјалистите, постари официјални лица, мажи, кои исто така имаат фрлено око на функцијата. Нејзините ривали велат дека го користи својот добар изглед и потенцијал за да стане првата жена-претседател на Франција, а ја обвинија дека држи „празни говори" и провидни општи изјави наместо конкретни предлози.

Несогласувањата ескалираа оваа недела кога Франсоа Ребсамен, поддржувач на Ројал, втор човек во партијата, ги повика поранешните министри Жак Ланг и Доминик Штраус-Кан да се повлечат од трката, бидејќи Ројал е „во најдобра позиција" да победи на изборите. „Не сме мали кученца на кои може да им биде наредено да се вратат во своите куќички со еден свиреж", пишува Ланг во писмото до партискиот лидер Франсоа Холанд, кој е и татко на четирите деца на Ројал.

Вербалната војна го одреди тонот за партиската конференција што ќе се одржи во западниот дел на земјата во Ла Рошел, а официјално почнува денес. Ројал вчера доцна попладнето требаше да го почне маратонот говори на социјалистите.

И Лорен Фабиус, уште еден ривал на Ројал, оваа недела ја засили својата кампања, наведувајќи дека политиката што ја води Ројал е неодредена и откри серија мерки што вети дека ќе ги преземе ако биде избран, како на пример моментално зголемување на минималната плата. „Јас се одлучив за промени", изјави Фабиус. „Ако сакаме вистински промени, ќе треба да направиме конкретни ангажирања".

Ројал во последниве неколку недели ги шокираше членовите на партијата кога предложи сериозни планови за намалување на криминалот и повторно разгледување на критериумот на социјалистите за 35-часовна работна недела. Дури и партискиот лидер Холанд се дистанцираше од нејзините забелешки. Овие анкети почнуваат да влијаат на партијата. „Таа се смета дека е единствениот способен кандидат да ја победи десницата", изјави Доминик Реини, политички аналитичар. „Таа не е најдобриот кандидат, таа е единствениот кандидат". (Ројтерс)
 

SeaGull

Walter
Член од
17 мај 2005
Мислења
763
Поени од реакции
9
Macedalien напиша:
Иако насловот и написот се груб превод на еден артикл од La Libјration, сето напишано е точно. Сепак - не е дело на Љупчо Поповски иако истиот стои како автор во Утрински... :pos:

Преводот беше катаcтрофален и го преправив. Катаклизма!!!

I, sto?
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
И се гледа колку се способни македонските новинари да препишат...
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.231
Поени од реакции
45.362
Eve ovaa pa Merkel pa Hilari Kinton vaka taka zenive go prevzemaa svetov garant i onaa Sekerinska ke se kandidira kaj i da e i posle ke ima cirkuzi mesto za nuklearki ke razgovaraat za kozmetika i dali da im se dade na mazite pravo na glas
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Интересно ќе биде. После ќе има референдуми од типот ”Дали мажот треба да си го депилира задникот/мишките?” :pos2:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Колку што знам Ширак е сеуште на чело :)

Што друго може да се види од Франција овен тоа што се отвора уште една дупка во власта....:pos: :pos:
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
3
Поени од реакции
0
Macedalien напиша:
Интересно ќе биде. После ќе има референдуми од типот ”Дали мажот треба да си го депилира задникот/мишките?” :pos2:
Треба, треба :zlo:

А сега пресно од Франциjа - последни проучвања за изборите:
  • први тур: Роаjал: 31% Саркози: 27%
  • втори тур: Роаjал: 49% Саркози: 51%
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Уште попресно од Франција :

Прв круг : 29 % Роајал 27 % Саркози 18 % Бајру 14 % Ле Пен
Втор круг : Нема прогнози од Ипсос со оглед на тоа што не се знае позицијата на Бајру и на нерешените избирачи. :wink:

Извор : IPSOS :star:
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
TpH_Bo_OkO напиша:
Колку што знам Ширак е сеуште на чело :)

Што друго може да се види од Франција овен тоа што се отвора уште една дупка во власта....:pos: :pos:
nesto da dodadam okolu blogovite.see ok sekoja cest na trudot i dosta iscrpnite kazuvanja na forumov posebno vo delot na istorijata.mislam deka vie ste eden od poistaknatite clenovi na forumov so temelni kazuvanja .posebno mise doapdna delot od metodija andonov cento .so ogled na celata sostojba kaj nas licno sum imal prilika i od svoe iskustvo da mnogu nasi se majtapa so patriotizmot.a sustinata e ljubovta kon zemjata i svojot narod osnovna definicija.se nadevam ke ima zadadena tema dase malku povece diskutira za patriotizmot vo makedonija i se okolu toa.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Уште посвежи резултати од кампањата :

Royal 24%
Bayrou 24%
Sarkozy 28 %

Втор Круг :

1. Royal 47 % vs Sarkozy 53 %
2. Bayrou 55 % vs Royal/Sarkozy 45 %

Заклучок :

:music3: :music3:

itar pejo напиша:
Eve ovaa pa Merkel pa Hilari Kinton vaka taka zenive go prevzemaa svetov garant i onaa Sekerinska ke se kandidira kaj i da e i posle ke ima cirkuzi mesto za nuklearki ke razgovaraat za kozmetika i dali da im se dade na mazite pravo na glas
Слаби шанси има Хилари :wink:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Да не се деси случајно да се повтори ова :

[media]http://www.youtube.com/watch?v=fYVHHfiD4s0[/media]

Е тогаш ќе биде ептеМ интересантно :pos:
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Сега баш прочитав на BBC.. 29% Sarkozy, 25% Royal, 15% Bayrou, и тоа од тие 2/3 од анкетираните што во старт знаат за кој ќе гласаат. Ама, има 1/3 што се уште неодлучени, па нема да се знае до избори :)
Кога е гласањето?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom