Феминизмот и семејството

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Аман бе БуБу'с Ловер.. Збориш за морална рамноправност и спомнуваш комшивки, оговарачки како најголеми непријатели на истата.. Не мислите дека е без везе да ги обвинувате мажите за дискриминација кога пред се' вие сами си го правите тоа? Не мислите дека е лицемерно да барате рамноправност со мажите, а сами себе не се сметате за рамноправни? Ах, жени...
Жена можи да биди и успешна жена и успешна домаќинка и успешна мајка.. Искрено му се восхитувам на тие жени и сакам да бидам како нив.. То е поим за вистинска жена :pipi: :pipi:
Тоа да им' го кажете на оние жени кои работат во шивачници за 6000 дневно. Тие не се таму зошто се прости или глупави (или во најмала рака не се сите) туку зошто "вистинската жена'' што ја спомнувате може да биде тоа само ако ја има таа среќа секогаш да живее во пристојни услови. 90% од луѓето се борат за опстанок, знаете? Друга работа што такви "вистински жени" се екстремно ретки. Тоа би му било исто како секој маж да сонува на пр. да биде Ајнштајн. Тоа што вие на ТВ гледате слики од вашите "успешни жени" со своите семејства, насмеани од уво до уво, и тоа што водителката ќе ги претстави како добри мајки, не значи дека зад камерите тоа е вистината. Малку мижиме пред реалноста а?
 
Ч

Чај

Гостин

Знам дека не се кога ке имаш семејство мораш и да работиш за 5000 за да го прехраниш своето семејство, ако имаш факултет, не тоа не е твоја кривица. Си идиш дома имаш време за да исчистиш и да средиш и да напрајш ручек... имаш и време за своите деца.. Тие се жени кои не се мрзливи и знам многу жени така шо живеат ако тие не се среќни барем децата им се среќни шо имат така одговори родители.. А јас секогаш од децата зошто тие им се најважни на сите родители, доколку децата ни се среќни и ние сме среќни
 
Член од
15 март 2008
Мислења
546
Поени од реакции
63
Ако кариерата е толку важна , skip the pregnancy part , посвојте некое дете.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Жена можи да биди и успешна жена и успешна домаќинка и успешна мајка.. Искрено му се восхитувам на тие жени и сакам да бидам како нив.. То е поим за вистинска жена :pipi: :pipi:

no mila moja, toa go ima samo po filmovite(nauchna fantastika)
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Според мене, законски не, но морално сеуште ни е потребна доза на феминизам. Феминизмот проповеда слобода на жената, не само законски, туку и морална слобода.
BooBoo's lover, не е потребна ниту борба за морална рамноправност. Да се бориш против менталитетот, воспитувањето и да очекуваш да ги ослободиш луѓето од нивните ограничени сфаќања е однапред изгубена битка. Но, решението за она што ти го викаш борба, а јас го викам мирна глава, ти е веќе дадено -- правото на избор.

Сите, мажи/жени, сме исти денеска, имаме право на образование, на глас, на движење, да работиме што сакаме, да бидеме информирани, го имаме целосното право на избор. Имаме можност да растеме, да се развиваме, да размислуваме, да си го кажеме мислењето. И тоа право ни дава можност како што нас ни одговара да си избереме и партнер со кој ќе живееме, пријател со кој ќе се дружиме, комшија на кој ќе му викаме здраво. Во денешно време никој со сила не те тера да правиш нешто што не сакаш. Меѓутоа, друга работа е ако погрешиме во изборот, тоа е наша грешка, а не грешка поради дискриминација. Тоа е одговорноста која ни е дадена со самата слобода да правиме како ние ќе одлучиме.

Во однос на кариера и семејство, само ќе кажам дека секој си има свои приоритети во животот. И тие со текот на времето кај некои се менуваат, кај некои се закоравуваат, а некои воопшто ниту ќе научат да ги разликуваат. Но, повторно е оставена слободата секој/а да си одлучи сам/а за себе, зависно од тоа што ги прави среќни. Среќата не е иста за секого.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700

no mila moja, toa go ima samo po filmovite(nauchna fantastika)
Кајшто има воља, има и начин - ама жртви мора да паднат. Е сега, ако жртвите се моите деца - тогаш заборави. Ќе си почекам додека не пораснат малку пред да одам по такви подвизи.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
BooBoo's lover, не е потребна ниту борба за морална рамноправност. Да се бориш против менталитетот, воспитувањето и да очекуваш да ги ослободиш луѓето од нивните ограничени сфаќања е однапред изгубена битка. Но, решението за она што ти го викаш борба, а јас го викам мирна глава, ти е веќе дадено -- правото на избор.

Сите, мажи/жени, сме исти денеска, имаме право на образование, на глас, на движење, да работиме што сакаме, да бидеме информирани, го имаме целосното право на избор. Имаме можност да растеме, да се развиваме, да размислуваме, да си го кажеме мислењето. И тоа право ни дава можност како што нас ни одговара да си избереме и партнер со кој ќе живееме, пријател со кој ќе се дружиме, комшија на кој ќе му викаме здраво. Во денешно време никој со сила не те тера да правиш нешто што не сакаш. Меѓутоа, друга работа е ако погрешиме во изборот, тоа е наша грешка, а не грешка поради дискриминација. Тоа е одговорноста која ни е дадена со самата слобода да правиме како ние ќе одлучиме.

Во однос на кариера и семејство, само ќе кажам дека секој си има свои приоритети во животот. И тие со текот на времето кај некои се менуваат, кај некои се закоравуваат, а некои воопшто ниту ќе научат да ги разликуваат. Но, повторно е оставена слободата секој/а да си одлучи сам/а за себе, зависно од тоа што ги прави среќни. Среќата не е иста за секого.
Види, добро потенцирав дека не мислам на законски норми. Мене знаеш зошто ми пречи заостанатиот менталитет на ова поднебје??
Отвори на glamstik.mk и види што прашуваат девојчињата. Седни, и размисли, каде по ѓаволите живееме?? Која достапност до информации? Зошто кај нас е сексот табу тема децата на 16 години прават деца и влегуваат во бракови - во кои не сакаат да влезат. А и е фала богу глупаво да влезеш во брак на 16 години. Зошто од таквите бракови, каде што деца воспитуваат деца, добиваме луѓе кои се контрапродуктивни и девијантни во општеството.
Во целиот свет, не секогаш луѓето имаа сексуална слобода. Тоа е придобивка на новото време. Само кај нас доцни таа придобивка. Кој рече дека е грешка да имаш во животот повеќе сексуални партнери? Ти можеш самата да пресудиш дали некој ти бил грешка. За тоа комшијата нема право. Но ние нашите ќерки ги воспитуваме да изиграваат дева марија, а тоа не го сакаат и живеат во страв дека ,,утре лошо ќе се мисли за нив,,. Јас зборувам за таа борба, и нема да се откажам од неа. Можеби не во скоро време, но еден ден, се надевам, ќе успееме да ја добиеме и таа рамноправност. Дискриминацијата може да биде и морална дискриминација. А каква и да е - сепак е дискриминација.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.238
Поени од реакции
27.576
funfact #125
95% од луѓето што ќе видат огромни постови ги избегнуваат, особено на форуми.
:helou:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Јас зборувам за таа борба, и нема да се откажам од неа. Можеби не во скоро време, но еден ден, се надевам, ќе успееме да ја добиеме и таа рамноправност.
Борба, за трици.
Имат машини за перење, сушење, сечење леб...не знаат да напраат пита, не знаат да сплетат џемпер ни да ги навезат коњите, седат на комфљутер, дремат пред лисјата и волците...Полека станаа као мажите, само што не знаат да сменат гума или свеќица, да отпушат канализација, да нацепат дрва. За што се борат кој ѓаол ќе го знае.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
За што се борат кој ѓаол ќе го знае.
За морална рамноправност т.е. сексуална слобода. Еден е малце, неколку е подобро ама пак е малце. Треба многу за да биде таман. А за да има многу треба рано да се почне. Пошо квалитет = квантитет. Не ти е јасно? Ни мене.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Види, добро потенцирав дека не мислам на законски норми. Мене знаеш зошто ми пречи заостанатиот менталитет на ова поднебје??
Отвори на glamstik.mk и види што прашуваат девојчињата. Седни, и размисли, каде по ѓаволите живееме?? Која достапност до информации? Зошто кај нас е сексот табу тема децата на 16 години прават деца и влегуваат во бракови - во кои не сакаат да влезат. А и е фала богу глупаво да влезеш во брак на 16 години. Зошто од таквите бракови, каде што деца воспитуваат деца, добиваме луѓе кои се контрапродуктивни и девијантни во општеството.
Во целиот свет, не секогаш луѓето имаа сексуална слобода. Тоа е придобивка на новото време. Само кај нас доцни таа придобивка. Кој рече дека е грешка да имаш во животот повеќе сексуални партнери? Ти можеш самата да пресудиш дали некој ти бил грешка. За тоа комшијата нема право. Но ние нашите ќерки ги воспитуваме да изиграваат дева марија, а тоа не го сакаат и живеат во страв дека ,,утре лошо ќе се мисли за нив,,. Јас зборувам за таа борба, и нема да се откажам од неа. Можеби не во скоро време, но еден ден, се надевам, ќе успееме да ја добиеме и таа рамноправност. Дискриминацијата може да биде и морална дискриминација. А каква и да е - сепак е дискриминација.
Не мислам лошо ни навреда - ама да имаш ќерка и да ти дојде да збори за секс и да знаеш дека на тие години тоа го прави (16 ко што велиш), како би се чувствувала? Јас како мајка и жена, тоа не можам да го поднесам. Додека растев јас како тинејџер во Македонија, во 90-те, да - имаа девојчињата секс пред брак....ама не беше тоа овака ко што е денес. Од ова денес, созревање на 12-на години, сексови на 14 ми се лоши.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Не мислам лошо ни навреда - ама да имаш ќерка и да ти дојде да збори за секс и да знаеш дека на тие години тоа го прави (16 ко што велиш), како би се чувствувала? Јас како мајка и жена, тоа не можам да го поднесам. Додека растев јас како тинејџер во Македонија, во 90-те, да - имаа девојчињата секс пред брак....ама не беше тоа овака ко што е денес. Од ова денес, созревање на 12-на години, сексови на 14 ми се лоши.
Значи да не мешаме работи. Зборуваме за морална еднаквост на жените. Не зборуваме за сексуалните експерименти на децата. Дете во чие семејство нема табу теми, не прави ништо на своја рака. Мојата мајка и мојот татко со мене имаат многу зборувано за сексот, и никогаш ми го немаат забрането, но ме имаат советувано да почекам додека не бидам сигурна дека ми е дојдено времето. И јас прв пат имав секс на 18 години зошто не бев ниту неинформирана, ниту глупава. Има разлика меѓу девојче просто од семејство каде што нели се живее по традиционален стил, никој не знае што е тоа секс, и се наоѓа некој паметен дечко од 20 години, ја ноаѓа неа 16 и се случува тоа што се случува. Но сексуалното воспитание на децата е една работа, за кое апсолутно тврдам дека треба да постои како задолжителен предмет во средното образование. Тука зборувам за жените, значи за секоја полнолетна девојка или жена. 18 години не се малку за секс, ниту е погрешен. Но јас би сакала мојата ќерка да дојде и да ми зборува за нејзините двоумици, стравови итн. за да можам да и помогнам. На крајот, никогаш не би ја советувала да ,,се чува,, само би и објаснила дека 14, 15, 16 години и не се идеалното време за имање секс.
Но, ние жените се етикетираме меѓу себе, мажите многу помалку не етикетираат.
Секс да немаш до брак??? Да, ако се омажиш на 18, разбирам. Не, всушност не разбирам да се омажиш на 18.
Логично е да имаш повеќе од 1 партнер (мислам и на мажите и на жените) и уште пологично е тоа да е твоја работа, а не на комшијата од другиот влез, посебно не на тетка ти, а уште помалку стрина ти.
Фала богу, јас уште одамна ги пресеков таквите ,,загрижени,, фаци во мојот живот и живеам како што ми е арно. И уште не се нашол јунак да ми каже дека погрешно нешто правам. Дека сум ,,аморална,,. Затоа што се знае што е неморално, ама зависта си го прави своето. И тука станува дискутабилно што е повеќе аморално - зависта и трачот, или имањето повеќе сексуални партнери пред бракот (кој и не мора да го имаш)?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
За морална рамноправност т.е. сексуална слобода. Еден е малце, неколку е подобро ама пак е малце. Треба многу за да биде таман. А за да има многу треба рано да се почне. Пошо квалитет = квантитет. Не ти е јасно? Ни мене.
Moralna ramnopravnost? Pa koj e moralen? Valda za nemoralna ramnopravnost se borat ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Значи да не мешаме работи. Зборуваме за морална еднаквост на жените. Не зборуваме за сексуалните експерименти на децата.
Каква е таа морална еднаквост? По чии мерила.
Мојата мајка и мојот татко со мене имаат многу зборувано за сексот, и никогаш ми го немаат забрането, но ме имаат советувано да почекам додека не бидам сигурна дека ми е дојдено времето. И јас прв пат имав секс на 18 години
Како ќе осетиш дека е дојдено времето? И кој е прагот (сеа намалиле у некои европски земји на 12-13 години) за зборење за сексуалност и за кој дел пошто е тоа многу широк поим.
зошто не бев ниту неинформирана, ниту глупава. Има разлика меѓу девојче просто од семејство каде што нели се живее по традиционален стил, никој не знае што е тоа секс, и се наоѓа некој паметен дечко од 20 години, ја ноаѓа неа 16 и се случува тоа што се случува.
што ни фалело на нас порано што не ни збореле за секс као деца? Далеку помалку абортуси и деца од љубов. Та сега има стопути више абортуси и тука и во Холандија, Данска...каде што се според тебе напредните. Нема врска простотилак со незборење за секс. Низ весници ќе прочиташ дека у западна европа деца затруднеле на 12-14 години...ваљда од премногу информираност :vozbud:

А феминизмот со муабетот за секс па ептен нема врска едно со друго.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Борба, за трици.
Имат машини за перење, сушење, сечење леб...не знаат да напраат пита, не знаат да сплетат џемпер ни да ги навезат коњите, седат на комфљутер, дремат пред лисјата и волците...Полека станаа као мажите, само што не знаат да сменат гума или свеќица, да отпушат канализација, да нацепат дрва. За што се борат кој ѓаол ќе го знае.
Ааа не така ЛурЦ. Имаат уште многу борба феминистките. Јас целосно ги подржувам и сакам да продолжат да се борат и се додека не се постинге 50-50 % вработеност во рудниците да не запираат. Моментално е катастрофална состојбата на жената, бидејќи е целосно дикриминирана за работа во рудник. Срамота.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom