Феминизам!

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Роберт Редфорд : Од сега улогата на мажите ќе биде да ги слушаат жените

Американската филмска ѕвезда Роберт Редфорд даде свој коментар на движењето #metoo ,
кон кое се приклучија голем број славни личности . Движењето против сексуално насилство врз жените е добро и јас го поздравувам , рече Редфорд

ете што било #metoo слеш #СегаКажувам :гомце: :masa:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.640
Поени од реакции
38.823
https://twitter.com/hashtag/WomensMarch2018?src=tren&lang=en
Women's March 2018.

По кој повод им е маршов или секоја година го прават ова? И зошто зборат за Трамп место за жените? :confused:
зошто Трамп има 0 респект за жените и е олицетворение на шовинизмот кој владее низ светот со неговата изјава grab em by the pussy
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Стави некое смајли кога сакаш да бидеш саркастичен, затоа што вака изгледа како сериозно да го мислиш ова, што пак е смешно. :D

Незадоволството над Трамп е поради тоа што не ги носи кон некаков воен поход (доказ, СиЕнЕн го фалеа Трамп кога за кратко се вмеша со војната во Сирија), а беа доста загреани да влезат во Сирија пред година дена. Како што беше со Буш и со заверата дека Ирак има оружје за масивно уништување кое може да го лансира за 45 мин! И никој не одговараше за тоа, како што никој не одговараше ни за убиствата над цивили во Кореја, Виетнам, Сирија (тука ќе ја пишеме и Русија која треба да одговара накнадно, што и нема да се случи), Либија, Авганистан....И Обама кој ја дозволи агресијата врз Либија и војната во Украина, и кој постави војска во Полска и Литванија во последните недели од својот втор мандат. Сега Трамп не сака воена интервеница, ИСИС е поразен, индиректно и поради Трамп кој активно не се залага против Асад и благодарение на Русија која ја покоси организацијата, која јавна тајна е дека и Турција и Израел ја финансираа преку купување на нафта. Тие имаа оружје со кое војуваа со години, а за тоа ти требаат милијарди долари и начин да се дочепаш до оружјето.

И за државите кои се септичка јама. Домениканската република го дели островот со Хаити. Истите временски непогоди кои го зафатија Хаити, ја зафатија и Домениканската република, и сега зошто Домениканската е подобро развиена економски (и има поголем наплив на туристи)! Поради сиромаштијата и криминалот кој владее на Хаити. И смешно е да се спореди Хаити со Норвешка. Кој би сакал да живее на Хаити, пред Норвешка!? Никој. Иако тоа не е вкусно што го рече Трамп, сепак тоа е вистината. Нема никаква врска со расизмот, туку со економијата.

Феминизам- Зошто да се протестира против Трамп и од каде знаат дека нема респект кон жените? Еве нешто повеќе од една година е на власт и не донесе крај на светот. Стихијата околу С.Кореја спласнува (иако сеуште се многу јаки, но ќе седнат на маса, се шпекулира дека Иванка ќе седне со сестрата на Ун), економија во САД расте и невработеноста опаѓа. Направи огромна грешка што пушти бомба при лажниот напад со хемиско оружје, и тоа беше се’ од неговите воени потфати.

Кога ќе видиме дека 90% од времето СиЕнЕн, ЕјБиСи, ЕмСиЕнБиСи....со негативна пропаганда против Трамп, тогаш ни станува јасно дека овие квази дешавки на нивната младина се само лечење на фрустрации (а тоа е и суштината на модерниот феминизам). Друго не може да го оправда тоа невообичаено/ненормално однесување. :)
 
Последно уредено:

На либералите да им речеш да протестираат против дождот они ќе излезат со пароли, гони се у пм дожду доста беше веќе твоето самоволие кога сакаш да паѓаш. Тоа се луѓе без никаква способност за критичко размислување, кои прават како ќе им рече некој.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495

Зависи има два типа на либерали ... либерали кои размислуваат со своја глава, независни луѓе, партиско-политички неопределени, без никој да им става пари во џебот и да им кажува како и што да мислат и прават и секако оние вторите фејк-либерали или попознати кај нас како шаренковци платени со парите на чика Шуруш кои работат на далечинско управување она што ќе им се сервира тоа го мислат и тоа го прават, тоа се се само не вистински и искрени либерали и всушност истите се анти-либерали кои работат токму против интересите на вистинските либерални и демократски луѓе !
Фејк-либералите се една платеничка глутница на кучиња кои доколку газдите им фрлат некоја коска овие веднаш се з'гнуваат да ја фатат и изедат ... накратко кажано луѓе на далечинско управување исто како да се телевизори !
 
И двата типа либерали/демократи се деструктивни за било која држава, тоа можеш да го забележиш и кај нас тука, во Америка, Германија. Не можеш ти на секое ојле дојле да му дадеш секакви права и слободи да прави што сака во државата. Не велам дека треба да има некоја хардкор десница што ќе тепа све, но треба да има некои граници и ред во државата што е дозволено а што не.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
На либералите да им речеш да протестираат против дождот они ќе излезат со пароли, гони се у пм дожду доста беше веќе твоето самоволие кога сакаш да паѓаш. Тоа се луѓе без никаква способност за критичко размислување, кои прават како ќе им рече некој.
Не си далеку од вистината. :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.734
Поени од реакции
24.373
И двата типа либерали/демократи се деструктивни за било која држава, тоа можеш да го забележиш и кај нас тука, во Америка, Германија. Не можеш ти на секое ојле дојле да му дадеш секакви права и слободи да прави што сака во државата. Не велам дека треба да има некоја хардкор десница што ќе тепа све, но треба да има некои граници и ред во државата што е дозволено а што не.
Епа децо, не секому му оди во прилог државата и затоа што постојат различни идеологии, значи дека некои луѓе се против држава и тоа што се деструктивни за истата би било во нивна полза. Твоето мислење го делат некои што се на функција и поради тоа се раѓаат и противници на оваквото авторитарно однесување.

Е сега друга работа да разјасниме... Кога викате „либерали“, мислите општо на слободоумни луѓе или мислите на приврзаници на либерализмот како политичка филозофија? Претпоставувам дека мислите на првото... Нели ви се косат малку дефиницииве со мислењата? :)

Многу сме оф топик, ако се развие дискусија, ќе морам да ги преместам мислењата во соодветна тема.
 
Според нив секој има право за нив сите да бидат еднакви но кога ќе го кажеш твоето мислење ќе те окарактеризираат како нацист, расист, шовинист, фашист, и што уште не. Просечниот човек ич уво не го боли за нивните глупости но они со сила пробуваат да му влијаат и да го убедуваат дека нивното е правилно а другото е погрешно, и ако не се сложи со нив одма добива лепенки,етикети. Што има либерално во тоа? Нели поентата на демократијата е секој да го каже своето мислење? Или тој што не се сложува со нив и ги уништува со аргументи подобро мислењето за него да чува?
 
Добро де, те гледаат како еднаков, ама ти лепат етикета, соодветна за твоите ставови. Секој различно ги перцепира работите. За некои дури и јас сум расист, шовинист, или што год... Кој е просечен човек? Оној аполитичниот? И тој е дел од проблемот.
Да, неколку пати имам посочено дека нафрлањето на секој кој има различно мислење знае да прерасне и во авторитарно однесување, ама од друга страна пак види го светов во каква состојба е, нормално дека некој кој се чувствува опресиран постојано, или повреден од некаква неправда, со тек на време ќе покаже некаков вид на фрустрација која лесно може да прерасне во агресија. Станува збор за различни идеологии и додека постојат идеологиите, ќе постои и војна помеѓу приврзаниците на тие идеологии.
 
Па поентата ми е тоа, дека од демократско општество идеме кон авторитарно однесување. Ете и на народот во УСА му скурчи од тоа и го избра Трамп кој има поинакви ставови.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.734
Поени од реакции
24.373
Па поентата ми е тоа, дека од демократско општество идеме кон авторитарно однесување. Ете и на народот во УСА му скурчи од тоа и го избра Трамп кој има поинакви ставови.
Рон, нема демократија. Демократија постои само на збор, не во пракса.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
И двата типа либерали/демократи се деструктивни за било која држава, тоа можеш да го забележиш и кај нас тука, во Америка, Германија. Не можеш ти на секое ојле дојле да му дадеш секакви права и слободи да прави што сака во државата. Не велам дека треба да има некоја хардкор десница што ќе тепа све, но треба да има некои граници и ред во државата што е дозволено а што не.
Aко веќе постои десница, како што постои и левица епа другар мора да постои и нешто трето нешто помеѓу овие две, неможе да постои само црно и бело ...
Викаш сите либерали/демократи биле деструктивни и тоа за кого за државата ахха а дали таа држава е еднаква за секого или за некои е мајка, а за други е маќеа со стап во рака, па зар мора сите да и бидат слуги на државата, верни, да ја сакаат и.т.н.
Значи ок е да бидеш либерал ама проблемот било тоа што ваквите ставови биле деструктивни за државата и за системот и затоа нели боље е да бидеш на пр. класичен конзервативен десничар како 90% од народецот и да си молчиш за се, накратко кажано ку* да те боли, ќути си, трај си, знаеш како викаат нашите дедовци и баби мирна и наведната глава сабја не ја сече !
Пак ќе кажам има два типа на либерали/демократи едните се независни луѓе, свои луѓе и секако оние другите кои се нечии платеници и работат на далечинско управување ... ова треба сите да го сфатат веќе еднаш ... јас на пр. сум Петко и си имам свои политички ставови, свои економски ставови, како и свои индивидуални ставови по разно-разни теми од животот, не сум член на ниту една политичка партија, никој не ми ги полни џебовите и не ме контролира со далечинско каде и кога да излегувам да протестирам и.т.н. си имам изградено сопствени ставови по било кое прашање и апсолутно не се гледам себеси како некоја голема и смртоносна закана за државата, системот и.т.н.
П.С. И уште нешто викаш не може на секое либерално ојле-дојле да му даваш разно-разни права да прави што си сака ахха а јас па викам зошто па да му се даваат на некои си таму талибанци кои се молат по џамии или се крстат по цркви и манастири високи државни функции да владеат со државата и со секој еден поединец кој се согласува, но и кој не се согласува со нив и нивните ставови !
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Според нив секој има право за нив сите да бидат еднакви но кога ќе го кажеш твоето мислење ќе те окарактеризираат како нацист, расист, шовинист, фашист, и што уште не. Просечниот човек ич уво не го боли за нивните глупости но они со сила пробуваат да му влијаат и да го убедуваат дека нивното е правилно а другото е погрешно, и ако не се сложи со нив одма добива лепенки,етикети. Што има либерално во тоа? Нели поентата на демократијата е секој да го каже своето мислење? Или тој што не се сложува со нив и ги уништува со аргументи подобро мислењето за него да чува?
Се додека постојат живи луѓе на земјава ќе постојат и различни ставови, мислења и идеологии, а ќе постои и борба помеѓу истите, без разлика дали тоа на некого му се допаѓало или не !
Што се тоа либерали, луѓе кои се борат за слободно и отворено општество, општество без никакви стереотипи, предрасуди и табуа, значи во секое време, секаде и со секого дискусија и дебата по било која тема и прашање ... од политика, економија, живот... зошто, бидејќи молчењето оди само во прилог на оние од горе, најмоќните... силата е во народот и према тоа зошто истиот тој да молчи кога не мора да го прави тоа, во него е силата !
Секоја една власт која се крие зад ѕидовите и не сака да го чуе мислењето на луѓето е осудена на брз пропаст !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom