Како бе вака сите знаете жени што се помалку платени од мажите, за иста позиција, за потполно исти одговорности, и никогаш не гледам да излезат со жена (име презиме), маж (име презиме) - работат исто, имаат ист стаж, земаат различна плата.
Јас еве во мојата скромна кариера сум променил фирми, сум имал прилика да ги знам платите на мојот тим, и никогаш ама баш никогаш никој менаџер не кажал - овој ќе зема помалку оти е жена, овој ќе зема повеќе оти е маж, ниту пак земале помалку.
Платите на сите зависеле од тоа: за колку се испазариле на сам почеток, колку пари правеле за фирмата со својот труд и одговорност.
Имате државни институции, иста приказна, кога има оглас никаде нема пишано ако е жена ќе зема 20 000, ако е маж 25 000.
Во полиција/специјални единици, дури и физичките тестови и побарувања (висина) се помали за жените, се со цел да има разновидност. Иако во реална ситуација, криминалецот нема да ги праша дали се жена или маж.