Знам дека понекогаш е доста тешко да се воздржи човек од мајтапење со некои од денешните феминистки, но мислам дека сепак треба да се сфатат сериозно, особено сега кога феминизмот на Западот се претвори во колективистичка идеологија која си има своја инквизиција по интернетот и неверниците во „Феминизмот“ лесно губат работни места, се наметнува едноумие и деиндивидуализација па со ова интерсекционалност и сега марксизмот е повторно на сцената...
Сега разбирам зошто ова движење е примамливо за некои жени, им дава некоја благородна цел во оваа време на изгубени вредности, како на пример борба за правата на жените во светот, борба против злобната опресивна патријархија, колку и да е тоа далеку од реалноста... Но како и да е тие права прво треба да бидат препознаени од мажите, особено во некои општества каде што бунтовните жени може само поголем ќотек да јадат... Сакам да кажам дека вашите права се добиваат преку машка одговороност и самоконтрола, а не преку паради и протести.
Инаку јас мислам дека она што жените всушност бараат не е еднаквост, која веќе ја имаат пред законот, туку разбирање, внимание и љубов... А тоа полесно ќе го добиете доколку не ги ограничувате, демонизирате и јавно омаловажувате оние што треба да ви го пружат тоа... Амирите?
Еве инаку малку перспектива за тоа како се манифестира нееднаквоста во физичка сила низ светот и тоа дека не секоја патријархија е еднакво злобна и опресивна:
А и кога сме веќе кај насилството и согледување на работите од друг агол, ќе ви го препорачам овој филм:
Волинскиот масакр, прикажан од перспектива на млада жена и нејзината борба за опстанок во средина каде човекот, под влијание на колективистички идеологии го губи човечкото во себе и останува само ѕверското... Еве ви жена суперхерој, а не тоа лиглето од Марвел.