Феминизам!

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.639
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Ок, кретен.

За самиот текст имате нешто да кажете?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Што прочитав сега...
Men are 9x as likely to be arrested and 25x as likely to be killed by the police as women. Men’s Lives Matter. :LOL:
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Па и она...ретроактивно само ги дополнува книгите со глупости. Хермиона црна, Дамблдор педер, што е следно, некој да биде транџа!? Имаше и коментар за и евреите. Не знам што мора да се мота во политика кога во тој политички блок во кој припаѓа, најмалата "грешка" се жигосува со расист, сексист, ...фоб...! Даде милиони, и сеуште дава милиони за одредени категории лица, како на пример деца бездомници чинам, капа доле.

Ако паразитите не сакаат некого, нека го игнорираат. Сѐ прават за внимание. Гледај како игнорираат факти околу расизмот во полицијата на последниве протести. Нема еден паразит кој сака да дискутира. Немаат волја, ниту интерес да го сослушаат противникот, да разменат став, да прочитаат нешто или да понудат решение. Имаат само едно - забрана. Сега не смееш да кажеш многу работи во јавност и секое спротивставено мислење не е одлика на храброст, туку на прв чекор кон бан. Иронично нели, некогаш се залагале за слобода на говор, а денес навлегуваат во туѓите слободи и права. Каде завршува твоето право? Онаму каде започнува моето. Веќе ако не ми даваш платформа, не ми го одземај и она малку слободно што остана во етерот, како јавниот простор.
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
На многу шо го пуштив текстот судат кога ќе видат од кој е и или не го читаат или читаат ко за инает да најдат нешто против. Тоа не ја менва содржината на текстот. Едно од најубавите работи шо ги имам прочитано периодов и објаснати на најтолерантен начин. Ама добро рече тука:
Имаат само едно - забрана. Сега не смееш да кажеш многу работи во јавност и секое спротивставено мислење не е одлика на храброст, туку на прв чекор кон бан. Иронично нели, некогаш се залагале за слобода на говор, а денес навлегуваат во туѓите слободи и права.
И то е жално.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.114
Поени од реакции
35.016

Феминистките за состојбата на жените во муслиманскиот свет, дека се користат за штанцање деца, немаат право на образование, не смеат да гласаат, во Иран лежат до 20 години затвор доколку ги симнат шамиите од глава.

vs.

Феминистките кога ќе слушнат дека wage gap-от помеѓу мажите и жените на иста позиција е 0.30 центи, нема најмалку 40% застапеност на пратенички листи, и во полиција не примиле 18 годишни штотуку искочени од средно школо девојчиња кои плачат ако им се скрши нокт, и тежат исто колку и стварите на опасачот што ги носат.

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Ме интересира како би можела да влијаам врз друга држава и затворена заедница сем да се носи до знаење и од таму зголемување на финансиите за дел од жените кои бараат помош да се тргнат? @ВардарскиМКД Јер лесно е да речиш "ништо не се прај" ама точното прашање е "шо можи да се напрај?" Хм.

И пошто и на ова тема се збора и се донира, ако си заинтересиран ќе ти предложам неколку документарци, а од таму и фондови за донации. И дур пишев ми текна за еден документарец, до скоро во UK имаше можност поради религија и традиција на мали девојчиња да им се зашива вагината и да се остава само мало дупче за мочање. Нормално, многу умираа така. Друга традиција каде ги осакатуваат да не можат да осетат задоволство. И тоа се беше ок во UK под престилка на "негување традиции". Кога не беше океј е кога добија притисок. И сега ова не е легално и е казливо да се прај врз своите деца. Е сега то е UK каде тоа не е дел од традиција и религија. Тоа е UK каде жените имаат право на глас и можат да бидат самостојни. Од таму, оваа промена беше возможна. Од друга страна имаш држави каде ако предложиш вакво нешто ќе те стрелаат. И од тука се оди на индивидуална заштита кога некој ќе пребега да се заштити. Имам предложено од донациите да се направи како центар за заштита и од таму да можат да пребегаат жените на друго место. Али не е изводливо ради напади врз центарот и жените во него па сега е по "тајно". Ама сем да се влези во држава и на сила да се смени, самата организација нема иднина. И кога некоја жена ќе се истакни против тоа што ѝ се прај, ваквите организации и фондови прават се во своја сила да помогнат.

Последен ваков случај беше во Египет. За жена која вееше прајд знаме на концерт, заврши во затвор каде беше малтретирана. ЗА ЖАЛ овај случај нема среќен исход и се самоуби иако пребега во Канада. Некои работи се претежок товар.

Поентата ми е има многу вакви случаеви, индивидуални, за кои пошироката јавност не ни слуша, не се ни интересира кога се работи за жени и припадници на lgbtq+ за кои се прави се во наша моќ да бидат заштитени. АМА да влезиме во нечија држава и да забраниме - толку моќ немаме. Шодаречам, помогнете ни па заедно ќе успееме кога ете, покажувате интерес за живот на жени. Секоја помош е добредојдена. Ако имате идеи за како да се заштитат, отворена сум да ги слушнам зошто јас немам подалеку од ова шо пишав. А сакам да добијам нов светоглед зошто ми се лоши на помислата шо се случва со одредени жени во други делови на светот и уште поќе ми се превртва в стомак дека јас не можам ништо да напрам за то.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.620
Поени од реакции
34.863

Не барај чаре за тие во Иран што ги спомнал членот погоре, туку за тие што ти се во државата.
Оди да видиш како жените третирани во најголем дел од муслиманските семејства, уште и браковите им ги договараат и еден куп од нив живеат на антидепресиви.

Тие организациите (невладини и владини) што собираат вакви донации во најголем број случаеви овие пари ги вртат од една на друга сметка преку исти такви организации и на крај имаш фино лепо испрани пари од кои прашање дали 10% ќе отидат во вистински цели, а остатокот ќе си заврши во нечиј џеб.

Феминизмот во последниве години, а верувам уште повеќе во наредните 20тина треба да се фокусира главно во борба против идиотските правила во муслиманството каде жената сеуште ја чуваат бетер од куче и тоа: со поттикување на бунтовност во главата на младите девојки од таа религија преку образовен процес, ургирање во највисоки кругови за промена на закони и воведување на строги казни ако се фатат вакви случаеви, притисок врз државните органи преку меѓународни организации и медиуми (ако се најдат случаеви вадење дури и на странски медиуми при што немаат избор мора да ги прикажат и нашите), притисок врз нивните политички партии вака пред изборни камањи да мора да ги внесат овие работи во политичка програма и тн.
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Не барај чаре за тие во Иран што ги спомнал членот погоре, туку за тие што ти се во државата.
Оди да видиш како жените третирани во најголем дел од муслиманските семејства, уште и браковите им ги договараат и еден куп од нив живеат на антидепресиви.
Апсолутно се согласувам дека секој проблем мора прво да се третира дома ама во исто време да не се запостават и сите останати проблеми без разлика колку мали или големи. Во исто време само зошто негде има поголем проблем, не значи дека некој помал не е вреден за решавање ( ова за членот погоре).

Феминизмот во последниве години, а верувам уште повеќе во наредните 20тина треба да се фокусира главно во борба против идиотските правила во муслиманството каде жената сеуште ја чуваат бетер од куче и тоа: со поттикување на бунтовност во главата на младите девојки од таа религија преку образовен процес, ургирање во највисоки кругови за промена на закони и воведување на строги казни ако се фатат вакви случаеви, притисок врз државните органи преку меѓународни организации и медиуми (ако се најдат случаеви вадење дури и на странски медиуми при што немаат избор мора да ги прикажат и нашите), притисок врз нивните политички партии вака пред изборни камањи да мора да ги внесат овие работи во политичка програма и тн.
Амин. :ROFLMAO: Едукацијата е најсилното оружје кое го имаме и барем околните муслимански семејства кај мене се доста модернизирани АМА во државата имаме многу многу многу повеќе семејства кои не се. Јас имам надеж, барем за кај нас, дека ќе се смени нешто зошто, како држава, по ова прашање мрдаме од мртва точка и има не традиционални семејства. Имање не традиционални семејства го сметам како мрдање од мртва точка, ниски стандарди ама јбг.

Јас сум многу за сексуална едукација, и да би се префрлиле на порелевантна тема би пишала подетално. Ама не сексуална едукација само за пубертет и секс, туку и за здраво одржување врски, да знајш како да раскиниш и да препознаеш токсичност во врска. Ќе дам пример дека како деца толку ни е нормализирано сексуално вознемирување шо удирање по газ на девојчиња во основно е нешто шо наставници го гледаа и ни велеа "штом ве тепа ве сака/ штом ве удира за газ ве сака". Исто е со нормализација на субмисивност на жена во одредени семејства. Неќам да речам само муслимански, ама доминантно муслимански. Нормализирано е до степен да не гледаат проблем или пак не сфаќаат дека го има. Со едукација за како личи здрава врска вс токсична врска и едукација за телото и тоа колку е наше, сакам да вервам дека кај нас овие работи ќе се сменат.
Ќе се навратам погоре на членот, не мислам дека ова ќе функционира во ете, Иран од поќе причини и таму пристапот би бил како шо пишав во претходно мислење. Само зошто е далеку не е помалку важен проблем, ама во исто време само зошто е потежок не е поважен.

Тие организациите (невладини и владини) што собираат вакви донации во најголем број случаеви овие пари ги вртат од една на друга сметка преку исти такви организации и на крај имаш фино лепо испрани пари од кои прашање дали 10% ќе отидат во вистински цели, а остатокот ќе си заврши во нечиј џеб.
Точно. И за жал секогаш е така. Ама бар 10% ако одат за да се тргни некоја жена од токсична средина, јбг. Без тие 10% ни една жена нема да можи да се тргни од токсична средина. Иако сакам да вервам дека се поќе од 10% ама ...
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.240
Поени од реакции
27.583
Ама не сексуална едукација само за пубертет и секс, туку и за здраво одржување врски, да знајш како да раскиниш и да препознаеш токсичност во врска.
Domashno vospitanje ne e seksualna edukacija ;)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.620
Поени од реакции
34.863
Апсолутно се согласувам дека секој проблем мора прво да се третира дома ама во исто време да не се запостават и сите останати проблеми без разлика колку мали или големи. Во исто време само зошто негде има поголем проблем, не значи дека некој помал не е вреден за решавање ( ова за членот погоре).

Амин. :ROFLMAO: Едукацијата е најсилното оружје кое го имаме и барем околните муслимански семејства кај мене се доста модернизирани АМА во државата имаме многу многу многу повеќе семејства кои не се. Јас имам надеж, барем за кај нас, дека ќе се смени нешто зошто, како држава, по ова прашање мрдаме од мртва точка и има не традиционални семејства. Имање не традиционални семејства го сметам како мрдање од мртва точка, ниски стандарди ама јбг.

Јас сум многу за сексуална едукација, и да би се префрлиле на порелевантна тема би пишала подетално. Ама не сексуална едукација само за пубертет и секс, туку и за здраво одржување врски, да знајш како да раскиниш и да препознаеш токсичност во врска. Ќе дам пример дека како деца толку ни е нормализирано сексуално вознемирување шо удирање по газ на девојчиња во основно е нешто шо наставници го гледаа и ни велеа "штом ве тепа ве сака/ штом ве удира за газ ве сака". Исто е со нормализација на субмисивност на жена во одредени семејства. Неќам да речам само муслимански, ама доминантно муслимански. Нормализирано е до степен да не гледаат проблем или пак не сфаќаат дека го има. Со едукација за како личи здрава врска вс токсична врска и едукација за телото и тоа колку е наше, сакам да вервам дека кај нас овие работи ќе се сменат.
Ќе се навратам погоре на членот, не мислам дека ова ќе функционира во ете, Иран од поќе причини и таму пристапот би бил како шо пишав во претходно мислење. Само зошто е далеку не е помалку важен проблем, ама во исто време само зошто е потежок не е поважен.

Точно. И за жал секогаш е така. Ама бар 10% ако одат за да се тргни некоја жена од токсична средина, јбг. Без тие 10% ни една жена нема да можи да се тргни од токсична средина. Иако сакам да вервам дека се поќе од 10% ама ...
Мислам дека за ова ќе треба повеќе да се направи воспитување на возрасните, не на децата.
Отидена е работата далеку на ова поле, искрено мислам дури пренездрава е оваа слобода што си ја има земено народот на тоа поле и веќе не знаат никој ни што сакаат ни зошто сакаат.
Наназад одиме на ова поле, не нанапред, особено како ќе стигаат новиве „правила“ од западниот прогресивен свет ќе биди плачки. Денес се хомо, утре Би, по некој месец пак хетеро, менуваат еднаш пол, па се пишманат и сакаат пак да се вратат на претходниот...
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
@EmilijaS , ова ти што го зборуваш за сексуална едукација, токсични врски итн, нема врска со феминизам, зашто ти го имаш правото да бидеш со кој сакаш, според закон, твој е изборот. Ако сам се заебеш во изборот, никој не ти е крив. Самата фамилија, опкружувањето и средината имаат најголема улога во ова, на школо може да поминеш некој час во едукација, али знак прашалник колку тоа би помогнало ако првово ти е катастрофа.

Се согласувам со тоа шлапкање гз, ве тепа ве сака и остали глупости, дека треба да престанат луѓево да ги зборат. Али кај нас е проблем културата, која е наназад со нашите закони. Кај нас нема ниеден закон кој ги става жените во втор ред, на исто рамниште сме со мажите. Пример, никаде не е пишано дека имотот се остава на машки деца, па има уште фамилии што си тераат со тој став. Затуцаното однесување, и нивно, па и на жените, не се менува така лесно, сум пробала да се докажувам, џабе.

За овие од блиски исток, да се радуваме дека не сме родени таму.
 
"Возот" за возрасните е на еден начин заминат и реално колку можиме да влијаеме на веќе оформена индивидуа со длабоко вкоренети ставови? Сепак млади родители и деца се иднината и од таму целна група за промена. Искоренување на веќе длабоко врежан став кој е поблизок со чувство него со самата идеја зошто така мислат и се однесуваат е тешко за искоренување.

За сексуална ориентација нема да коментирам јер не е тема. :ROFLMAO:

@EmilijaS , ова ти што го зборуваш за сексуална едукација, токсични врски итн, нема врска со феминизам, зашто ти го имаш правото да бидеш со кој сакаш, според закон, твој е изборот. Ако сам се заебеш во изборот, никој не ти е крив. Самата фамилија, опкружувањето и средината имаат најголема улога во ова, на школо може да поминеш некој час во едукација, али знак прашалник колку тоа би помогнало ако првово ти е катастрофа.

Се согласувам со тоа шлапкање гз, ве тепа ве сака и остали глупости, дека треба да престанат луѓево да ги зборат. Али кај нас е проблем културата, која е наназад со нашите закони. Кај нас нема ниеден закон кој ги става жените во втор ред, на исто рамниште сме со мажите. Пример, никаде не е пишано дека имотот се остава на машки деца, па има уште фамилии што си тераат со тој став. Затуцаното однесување, и нивно, па и на жените, не се менува така лесно, сум пробала да се докажувам, џабе.

За овие од блиски исток, да се радуваме дека не сме родени таму.
Како шо кажав, сексуалната едукација ја сметам за засебна тема која не ја гледам тука али ја спомнав пошто мислев дека треба, ама во исто време многу важна за здрав сексуален развој ама и за емоционален. Затоа и само споменав и не коментирам детално оти неќам да одам оф топик.

Инаку се согласувам. И тоа со плескање по газ, и оставање на имот. Тоа е тоа, затоа и искористив збор "нормализација". Каде нормализираш нешто иако нема основа или било предолго долго така и е тешко за одвикнување. За жал, одвикнување од идеја често има потреба од исто толку време колку што требало идејата да стани чувство и реалност. Она со шлапкање по газ го споменав зошто неодамна ми текна на ова и тогаш не сум сфатила дека не е нормално и дека она шо сум осеќала уствари е оправдано без разлика дека ми се велело "сигурно те сака" и дека претервам. И затоа го земав како пример за нормализација, поедноставен и секојдневен. Се смета(ло) за нормално и од таму никој не гледаше проблем со тоа и чувствата на девојчињата беа нејасни и често истиснувани пошто ретко кој ги земаше сериозно.

Како шо кажа и ти, проблемот кај нас е културата и самото општество. И затоа начин за да мрдниме од мртва точка е едукацијата, и цел круг свртив за да кажам дека тука сметам дека влегва сексуалната едукација. Само спомената. Ако има соодветна тема би одела во детали.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom