Фашистички симболи - се употребуваат во „демократски земји“!

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Секогаш кога некој ни кажува за фашизам, прво нешто што ни паѓа на памет е Хитлер, кукаст крст итн.

Никој (речиси) не се запрашува кое е значењето на тој симбол и кои други симболи се употребувале во тој период, особено ретко кој се запрашал кој симбол го употребувале италијанските фашисти на чело со Мусолини.

Малку историја.

Зборот фашисти доаѓа од латинскиот збор fascist што значи „купче“. Ја сфаќате симболиката? Единство, заедништво...кон некоја цел. Е сега, Римјаните го користеле овој симбол за прикажување на единство, едноумие, власт, држава, се сплотено во еден посилен Рим.

Еве како изгледал...



Бидејки Мусолини налудничаво верувал дека ќе ја „реставрира“ Римската Империја, го позајмил овој историски знак и го направил официјален знак (грб) на италијанскиот фашизам...







И сега,...најдемократската земја на светот, го користи како симбол на својот фашизам (во нивните очи наводно поинаков, но сепак фашизам) како официјален симбол на државата...

САД



Сенатот на САД, ги гледате како ги имаат поставено? :)

1 Dime :)


Грбот на Сан Диего
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Хитлер не е фашист. Национал-социјалист (нацист) е. :)


Зависи ти како го користиш фашизмот. Фашизмот со правилно користење е одличен начин на владеење. Грижа на народот, народот се грижи за државата...Со самиот фашизам на Мусолини а потоа и во другите земји, се уништило значењето на фашизмот. Ние од оваа гледна точка, затоа го гледаме фашизмот како лош начин на владеење.

[FONT=&quot]Фашизмот, наспроти либералните индивидуализам и социјалистичкиот интернационализам, се залага за формирање на заедница како услов и облик на надминување на кризата.
[/FONT]

Други дефиниции има од Бенито Мусолини, кој фашизмот го споредува со религиозен концепт каде што поединецот е во иманентна врска со супериорниот закон низ кој поминува од индивидуа во конзензуален член на духовното општество. Емилио Џентиле пак фашизмот го гледа како сакрилизација на политиката преку тоталитарните методи. Роџер Грифин рекол дека фашизмот е политичка идеологија чии основи се во некои пермутации во кои е палигентичката форма на популистичкиот ултра национализам. Постои и Марксистичка дефиниција каде што фашизмот е отворено терористичко диктаторство од повеќето реакционистички, шовинистички и империјалистички елементи на финансискиот капитализам.


Фашизмот ја вредноси човечката природа во една група за доброто на заедницата. Групата како целина е наречен човековата волја, кој е управувана од страна на одредена група на луѓе или еден лидер, со моќта да биде предадена од врвот до дното. Фашизмот се обидува да организира организација предводена како масовно движење, во обид да се достигне државната власт. Кога силата е во тесна поврзана со владетелот, или Дуче, Владата ќе се користи за контрола на населението и се што е во него, па на заедницата ќе добие корист.


Извини што е копирано од Word. Имав семинарска за ова.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Да де, но ...фашизмот се употребува во говорот на нашите политичари.

Секога кога се спомнува „заедно ќе победеме“...„Сите заедно ќе направиме“...секогаш кога се кажува едноумие, сплотеност кон нешто без право на различно мислење, тоа е дефиниција на фашизам!

Се сеќавате кога имаше митинг СДСМ и кога излезе Бранко на бина „Е...ова е Македонија“. Демек другата што седеше дома не е?! Нема некој право да биде различен и да има сопствен став макар да е против целата заедница?! Тоа е фашизам!

Тоа е она што најмногу ги нервира индивидуите. Најчесто тие што имаат спротивно мислење се отфрлени од некоја организација, друштво и сл. Секаде го има тоа, па и тука :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Фашизмот е економска доктрина во својата основа.
Корпоративна држава каде под маска на заеднички интереси и добробит на заедницата, на власт е една мала олигархија, корпорации чии интереси ги брани државата со сила.Организации како синдикати се сметаат за ерес бидејќи се тргнува од претпоставка дека државата и власта се ултра беневолентни и нејзнините претствници-политичарите растеле цицајќи филантропско млеко, секако светлосвни години некаде над “обичниот народ“ кој е само маса која мудрите и праведни раководители ќе ја управуваат за нејзино добро.
Државата и лидерот се апсолутни вредности,безгрешни и нема место за различност која се обележува како не-патријоцка и потоа се казнува.
Нацизмот е сосема иста економска доктрина зачинета со државно спонзорирана митологија и расна политика.

Зависи ти како го користиш фашизмот. Фашизмот со правилно користење е одличен начин на владеење. Грижа на народот, народот се грижи за државата...Со самиот фашизам на Мусолини а потоа и во другите земји, се уништило значењето на фашизмот. Ние од оваа гледна точка, затоа го гледаме фашизмот како лош начин на владеење.
Имаш некои примери за ова?
Како може со Мусолини да се уништило “правото значење“ на фашизмот кога тој е првиот фашист кој доаѓа на власт и со Џентиле и останатите другарчиња го дефинирале фашизмот како економски така и идеолошки?
Постоел некој друг фашизам пред Мусолини,некој изворен,чист фашизам па овие го расипале?
Италија со Мусолини,Германија со Адолф,Шпанија со Франко,Португалија со Салазар,Доминикана со Трухиљо,Хрватска со Павелиќ,Парагвај со Штроснер,Романија,Унгарија и други фашистички режими...неславно отишле на ѓубриштето на историјата.

Но илузија е да се каже дека фашизмот исчезнува на сцената.
Денешната доминантна форма на капитализам е фашизам-лајт, секако вирее под други имиња иако симболиката се уште е присутна понекаде како на сликите погоре.

Освен тоа психологијата на фашизмот е анална и се базира пред се на инфантилизиран поединец кој сета своја свест,моќ,одговорност,избор...ја предава на некаков повисок,безгрешен авторитет...корпоративната држава за која мисли (или мисли дека мисли) дека ги брани неговите (!?) интереси.
Колку е тоа идиотски не е потребно да се напоменува,непостоењето на никакви заштитни механизми на поединецот против системот и војните во кои масовно биле регрутирани милиони раја јасно го покажуваат.
Вилхелм Рајх јасно го докажал тоа.

Фашизмот потекнува од чмарот.
 
Член од
15 март 2008
Мислења
546
Поени од реакции
63
Офтопик:
После секоја пропадната револуција се раѓа фашизам.
http://www.okno.mk/node/1675
Умберто Еко ги објаснува основните обележја на фашизмот.
он
Во врска со симболите , се се сведува на интерпретација во одредено време , исти симболи , имаат различно значење , кај различни култури , во различни историски периоди.
грбот на Франција - http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b7/Armoiries_république_française.svg/175px-Armoiries_république_française.svg.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom