Фатени двајца наркодилери од Латинска Америка со стотина кесички кокаин во желудникот

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Македонската полиција на аеродромот Александар Велики уапси двајца шверцери на дрога од Латинска Америка, осомничени дека во себе имаат скриено поголема количина кокаин.
Популарно наречените „голтачи“, веднаш се пренесени во Градската болница, каде што е утврдено дека во нивниот желудник се наоѓаат стотина гумирани кесички течен кокаин.

Во моментот се уште трае лекарската интервенција врз шверцерите, кои досега од себе исфрлиле околу 50-ина паковки кокаин. Според МВР, дрогата не била наменета за Македонија, туку за еден од пазарите во соседството.

Откриен кокаин во стомак кај патници на Александар Велики
Лицата биле пренсени во градската болница каде било констатирано дека во дигестивниот тракт имаат голем број на страни тела. Докторите веднаш започнале со терапија која ја забрзува работата на цревата и биле извадени педесетина пакувања во кои имало течен кокаин, а можно е да има и повеќе по целосното празнење на организмот кај двајцата уапсени.
Според неофицијални информации, дрогата потекнува од Латинска Америка, а истата требало да заврши на балканскиот нарко пазар.
МВР за сега не изнесува детали, а повеќе информации ќе следуваат по завршувањето на истрагата.


 
G

galaxy

Гостин
Замислете ги носеле до градска за да ги снимаат на рендген.
Сигурно некој пациент чекал или не стигнал да се снима додека на овие им ги ваделе кесичките.

Дали треба да се фалат што фатиле двајца со 50 кондоми. Па тоа им е работа, да фаќаат нелегално пренесување на дрога. Зошто фалби? За да му кажат на народот дека пренесувањето на кокаин во кондоми е општоприфатен начин.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
којзнае колку други поминале додека се замарале со овие тд и не е некој голем успех :)
 

ilijev08

Во виното е вистината,а во ракијата е глупоста!
Член од
18 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
16
Не ми е јасно како се посомневале во нив ,изгледа знаеле т.е им било кажано дека шверцаат дрога инаку да ги фатат мало морген
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Нормално дека им било кажано. Нашиве пред нос да им носиш нема да те приметат, ама во желудник ако имаш ќе те осетат... да, да секако.
 

ilijev08

Во виното е вистината,а во ракијата е глупоста!
Член од
18 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
16
Хахаха епа тоа ми беше мене..си викам чудна работа ова :D
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Колку е само гадна работата некого да чекаш да врши измет :)
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Колку е само гадна работата некого да чекаш да врши измет :)
Не ми се верува дека ги чекале да се исерат, сигурно им ги „переле“ стомаците како пред операција што ги спремаат пациентите. Цревче во анусот, течност една се пушта и стомакот се „исперува“ и се од внатре искача.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Не ми се верува дека ги чекале да се исерат, сигурно им ги „переле“ стомаците како пред операција што ги спремаат пациентите. Цревче во анусот, течност една се пушта и стомакот се „исперува“ и се од внатре искача.
Во било кој случај огромна брука.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Поголемата пратка помина.
Ова мало е.
Ахам и јас се сомневам на тоа. Фатиле двајца слаби, а 5 трудни жени и 3јца дебели мажи пуни до заби со дрога поминале као на лекарско. :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Зошто викате не е ништо посебно, па колку дрога преку македонија преминува, е сеа редно беше да фатат и нешто, али малце погадниот начин го одбрале, ќе му чепкаат во ве-цето
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Сигурно им било кажано на нашиве ... !! кај вие пола свет го прошле на толкку големи аеродроми 2 пати по уредени и со поголема технологија па баш кај нас ке ги фанат ... :) но сепак секоја чест на за нашиве !
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Шо бе секоја чест , па кај нас најлесно се пренесуе дрога :pos:Тони поминуваат , па за неколку ќесички ...и сеа тоа наркоманите у МВР ќе ја шмркнат или ќе ја дадат на некој буљаш директор да се стаа у филм дека е Доналд Трамп

Се е до шпионите

1.некој ги издал
2.и овие отишле
3.ги фатиле
4.?????
5:ПРОФИТ !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom