Довичински -
Довичински П.
- Член од
- 26 ноември 2009
- Мислења
- 1.205
- Поени од реакции
- 674
Македонската полиција на аеродромот Александар Велики уапси двајца шверцери на дрога од Латинска Америка, осомничени дека во себе имаат скриено поголема количина кокаин.
Популарно наречените „голтачи“, веднаш се пренесени во Градската болница, каде што е утврдено дека во нивниот желудник се наоѓаат стотина гумирани кесички течен кокаин.
Во моментот се уште трае лекарската интервенција врз шверцерите, кои досега од себе исфрлиле околу 50-ина паковки кокаин. Според МВР, дрогата не била наменета за Македонија, туку за еден од пазарите во соседството.
Во моментот се уште трае лекарската интервенција врз шверцерите, кои досега од себе исфрлиле околу 50-ина паковки кокаин. Според МВР, дрогата не била наменета за Македонија, туку за еден од пазарите во соседството.
Откриен кокаин во стомак кај патници на Александар Велики
Лицата биле пренсени во градската болница каде било констатирано дека во дигестивниот тракт имаат голем број на страни тела. Докторите веднаш започнале со терапија која ја забрзува работата на цревата и биле извадени педесетина пакувања во кои имало течен кокаин, а можно е да има и повеќе по целосното празнење на организмот кај двајцата уапсени.
Според неофицијални информации, дрогата потекнува од Латинска Америка, а истата требало да заврши на балканскиот нарко пазар.МВР за сега не изнесува детали, а повеќе информации ќе следуваат по завршувањето на истрагата.