Имам релативно светла коса, и да свесна сум дека паѓа колор шампонот али бар знам дека паѓа по целата должина на косата а нема да се познава како на фарбана коса....искрено кажано немам храброст за фарбање...сакам да почнам со колор шампони па да видам...
Сакам и ладна да направам али и за тоа немам храброст па си ја праам со фигаро чат-пат .
Другарка ми рече гарниер колор шампоните се најубави али не можам да најдам
Вака сега женска, да пробам да ти излезам у пресрет ако не е веќе касно пошто гледам од поодамничка е мислењево.
Веќе петта година како ставам колор шампон, презадоволна. Нијанса слична на мојата природна (златно-портокалова), и тоа ставам кога како,некогаш минуваат и по 7-8 недели а да не ставам ништо, точно дека паѓа бојата, но дали мене ради блискоста на нијансите воопшто не ми изгледа како да е избледена многу или со изгубен сјај.
Нема да згрешиш со тоа, многу паметно, кога веќе избираш меѓу две зла избери го помалото. фарбање со фарба никако. Едвај ја пораснав мојата коса, ја растев 6 долги години, и откако ја пораснав и ставив колор шампон.
Јас користам бугарски колор шампон ми се чини,но дека постојано го купувам од исто место веќе ме знаат и не сум обратила внимание на името ич..
Знам дека е во кесичка и позади се залепени пар пластични ракавичи, кесичката е розе боја и кошта 60 денари. Јас купувам 3 кесички, презадоволна.
п.с. Овој содржи алое вера,и колку и да звучи неверојатно од кога почнав да ставам побрзо растеше. Затоа не престанувам.
Good luck