Утре, со почеток во 19 часот во струмичката сала ”Парк” ќе се одигра првиот натпревар од финалната серија во Космофон Супер лигата, помеѓу Струмица 2005 и Фершпед Работнички. Домашните кошаркари сакаат да го потврдат 1. место по првите две натпреварувачки фази сезонава, а против себе го имаат најтрофејниот македонски кошаркарски клуб
- Очекувам натпреварот да биде неизвесен и интересен до самиот крај. Нијанси ќе го одлучуваат победникот, сметам дека утре ќе се радува екипата, која ќе биде помотивирана и ќе одигра подобро во одбраната. Ние сме во одлична форма, меѓу играчите се чувствува еуфорија, очекувам салата да биде преполна, публиката да биде наш шести играч. На оваа средба ќе играме и засилени со Весли Флуелен, кој треба да додаде квалитет на нашата игра. Сметам дека Фершпед Работнички нема да биде послаб поради повредените играчи, зашто оние кошаркари, кои ќе настапат, ќе бидат помотивирани, и тоа ги прави уште понезгоден противник. – вели капитенот на Струмица 2005, Ефтим Богоев.
- Пред почетокот на финалната серија поголем проблем од екипата на Струмица ми претставуваат повредите со кои се соочуваме, односно некомплетноста на екипата. Всушност, не знаеме во кој состав ке излеземе на првиот натпревар. Веселиновски и Стојановски подолго време не се во тренажен процес поради повреди, Србиноски е неизвесен поради болест, а и Трајковски ја обнови повредата на грбот. Но, што е тука е, со играчите кои ги имам на располагање ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да испееме првиот натпревар да го добиеме, иако мислам дека серијата ќе биде долга и ќе им доста тешки натпревари.