Реков јас погоре , не навивам за никој македонски клуб па да имам комплекси од Вардар. Единствена причина што сакам да испаднат е бидејки до нивното место таму се дојдени на маса , не на терен. Неможе еден клуб да испадне во втора лига , а во другата сезона да биде национален шампион. И да , колку и да ги користете фразите "кучињата лаат караванот мине" и сами знаете дека не сте на поштен начин таму , и ве боли кога ќе ви го спомнуваат тоа , и сами сте свесни дека тоа остава огромна дамка на клуб како Вардар. Што се однесува до квалификациите без разлика кој да ви се падне ќе отпаднете , нема слаби клубови во 3то квалификационо коло, а и да има послаби пак ќе се најмалце 1 класа над Вардар.