Фан клуб: РК Пелистер

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
728
Поени од реакции
820
Честито нека е титула, нека се множат

Без Чкембари в сала на моменти театарска претстава, друга цела замисла околу организацијата супер. Се надевам после интервјуто на ТЕРА од Зоран Стерјев дека многу работи ќе се сменат на подобро, односно дека ќе се смири топката и дека наредна сезона со ЧКЕМБАРИ од средина на трибината (не од ќошот) во Битола ќе навиваат по 5.000 грла секоја утакмица. Од пред Магнолија и Ојлески и Радовиќ ги спомнаа Чкембари и се заблагодарија. На ,,Чкембари вечно ќе се со тебе" цела фамилија Стерјеви гласно пееа. Во секој случај на градот му требаше еден ваков момент, се надевам дека она вчера и пред то двапати со Вардар па со Охрид ќе остај силен в печаток особено кај бизнисмените од градот, малце му треба на овај град за СРЕЌА, ама и порака до истите тие дека во овај град без Чкембари НИШТО не е исто.

ПЕЛИСТЕР ЕЕЕЕ, ПЕЛИСТЕР Е ШАМПИОН !


Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Крајот го краси делото.
Освоена е титулата, остварена е целта. со колење, со бесење.
Ама, мора да сме реални и објективни.
Оваа титула не е земена со доминатна игра на терен, а требаше да е така, според имињата шо ги имавме, вложувањата итн.
Да не беше тој поклон од Алкалоид титулата ќе беше само уште една илузија и неостварена желба, како лани.
На крај испадна и клучна таа одбрана на Лесјак на ударот на Ѓорѓиев за победа во Автокоманда.
Одбраната на Лесјак е според мене најдоброто нешто шо му се случило на клубот од 2005 наваму.

Ако ја изгубевме таа утакмица, како шо се редеа коцките децата на Киро ќе беа шампиони, за ова рака сечам дека така ќе беше.
Во тој случај, да не се земеше титулата, се можеше да биди, по мое мислам деја стварно ќе ја спуштеа завесата и клубот ќе се вратеше кај шо беше пред 5 години.
Немаше ни да има смисла да се вложва појќе, во оваа сезона ако не ја земеа титулата ќе беше рамно на дебакл.

Зато овај поклон треба да го искористат за наредна сезона.
Сега се напраени сите предуслови да воспоставиме една долга доминација во ракометот.
И ова мора да се искористи.
Не искористивме една ваква шанса, во 2000 година, кога заради дешавките со Кометал-Хипо не суспендираа и ја изгубивме екипата. и наредната сезона титула браневме со Узунчев и Мојсие Плетварски.
Зато оваа шанса не смејме да ја прокоцкаме., оти друга шанса кузнеј и дали ќе имаме пак.

Колку и да ги нејќиме, не е исто ривал за титула да ти е клубот на Михајло или децата на Киро, па ако сака и сите судии да се нивна страна.
Не е исто да се бориш за титула со тим со веќе оформен и уигран костур на екипа, да играш пред 5000 народ,
Видовме шо ни се случи на 26.03, без разлика на дешавките, не го издржавме притисокот на гостински терен,
Борко САКАМ СЕ СУНЧАМ-САКАМ СЕ КАПАМ, МИНИСТЕРОТ, ваков, таков, со нас бранеше ко Тјери Омејер, свеста ни ја зеде. а Орката делуваше како Микел Хансен од пред 10 години.
Со Бутино, стручњак од стилот ШО ПРАЈТЕ МОРЕЕЕЕ, НИШТО НЕ ИГРАТЕ, ШО Е ОВА МОРЕ, ШО ИГРА Е МОРЕЕЕ? :kuracc:ќе ни ја земеа титулата пред нос, малку фалеше., да не беше тој поклон од 01.04.

Да се корегират грешките од оваа сезона, со транферите.
Иако според мене, пак си стојам на кажаното од почеток на сезона.
Не беа во никој случај неквалитетни засилувањата, колку шо сето тоа делуваше некомпонирано и небалансирано на терен.
Не се користеше потенцијалот на екипата, се форсираа на моменти исти играчи, се цедеа до максимум, па дојдоа повредите на Сери ( клучен играч во два правци), повредата на Хосни го изремети цел тек на та транзиција меѓу полусезоните, во клучниот дел од Лига Европа, ко требаше да го завериме пласманот во 1/8 фнале.
Оваа екипа требаше да се прошета до титулата, со скор 28-0, или во најлош случај 27-1, со некој минимален пораз во Јане Сандански, кој требеше лесно да биди анулиран во Битола.
Ама, на терен и домашен пазар не одат така уходано работите.

Оваа сезона треба да е поука во иднина, вервам дека се научија грешките.
Костурот на екипата го имаме.

Шо значи дека не мора ко лани да се купва на големо да се пополнат сите дупки кои останаа празни, туку да се бира паметно и да се донесат некои капиталци.
Само ќе треба на овај костур да се додат некои сериозни засилувања на бековските позиции и можеби на пикер.
Сепак, со само 2 пикери тешко наредна сезона, еве видовме колку значи повредата на Васиљев.
Мислам дека ќе треба уште еден пикер, долга е сезоната, 14 утакмици ЛШ, 28 утакмици домашна лига, СЕХА ЛИГА ( ако продолжи), појќето играчи играт репрезентација.

На бекој има добра подлога за ротација, според мене за наредна сезона треба да има место за Сери, Стевановиќ на лев, плус Павле, кој можи да покрие и на среден ако треба.
Не знам за Кисум, се изгуби дечкото последните месеци, од утакмицата со Татран во Битола не беше истиот играч, со повремени некои блесоци шо не се доволни за да биди лидер на екипата, посебно не за да игра на плеј, за ова позиција треба далеку побрз и полуциден играч.
По мое ако бирам помеѓу него и Стевановиќ јас би го одбрал Дарко, далеку покорисен играч, со поголема храброст за шут од поле, пас до крила, не е лош во одбрана, ако набие кондиција за наредна сезона ќе биди од голема корист за екипата.
На плеј ако не се лажам, покрај Танкосен и Дејвис има активен договор за наредна сезона, плус Дејвис се покажа како лудак за игра во одбрана и можи да го користат на било која формација, 5-1,3-2-1, 6-0, ретко добар играч во одбрана, нешто налик на Злате Рамбо во најдобрите деној.
На десен, засега е сигурен само Павле Петровиќ, ќе видиме за Хосни.
Имаше антагонизам кон Хосни, од многу причини, ама некако со последните изданија се искупи дечкото.
Нема шо да му се замери за последните утакмици, еден од најзаслужните за титулата е.
Како и да е, за ЛШ ќе треба барем по 1 засилување на секоја бековска позиција.
И то треба да се сериозни играчи, шо уште од старт ќе напрат разлика на терен, без да чекаш да се уиграат.

П.С.
Се надевам дека ќе се смири тензијата и ќе се вратат Чкембарите кај шо му е местото.

Потајно се надевав дека на интервјуто на Тера некни, ќе има некоја скриена форма на извинување, за директно извинување знаев дека нема да има таква работа, ама некако мислев дека ќе биди поконцизна таа изјава.
Имаше некоја форма на префрлање на конткстот на изјавата кон Комити, демек се мислело на навивачите кои влегле на терен, а реалната конотација на таа изјава беше сосема друга.
То е сега, има време до есен, мислам дека ќе се смират страстите.
На никој не му одговара оваа работа.
Оти реално, навивањето во салата е како раштиман оркестар.
Посебно то се виде во Охрид, за купот и вчера, на моменти атмосфера ко за на погреб, а 5000 раја имаше в сала.
На 06.05 тензијата од важноста на утамицата беше таква, самиот факт шо игравме клучен меч за титула си ја напрај таа атмосфера, и зато делуваше добро.
Не можиме да се нарекваме најракометен град, ако ги немаме навивачите по кои сме препознатиливи во светот на ракометот.
Малку глупо и безврска е сите песни в сала шо се пееја на 06.05, во ОХРИД и вчера да се поврзани со Чкембари, а тие Чкембари да ги нема в сала.;)
Сите биле Чкембари демек, така викат сите во последно, според мене не е то така и не можи да е така, не се сите Чкембари, не можи да е Чкембар некој шо никогаш не стапнал на гостување, не ја почуствувал таа еуфорија и адреналин, не бил во копот на фудбал, ракомет, кошарка
Не можи јас сега во овај момент да се прам Чкембар и да му солам памет на луѓето во групата, ко немам стапнато во копот појќе од 5 години.
То е факт и секој шо кажва поинаку е во голема заблуда.
Тука е маката овде во градо, шо ќе дојдат луѓе некоја утакмица и глумат навивачи и заколнати Чкембари.
Не се ти навивач, Чкембар ако одиш само на 2 утакмици годишно, само на дерби или да напрајш селфи, а еден куп има такви.
Не сте бе луѓе Чкембари, односно не сме сите Чкембари и не можи да бидат, правите и реалните Чкембари се оние дечки шо секоја утакмица се на трибина, во копот.
Без разлика на спортот, шо кога им дозволва времето и обврските се редовни на трибина, шо одат на гостовања, шо учествуват во организации на мечеви, гостувања.
Сите останати сме симпатизери на клубот, јасно и гласно.

Да не ги заборајме времињата ко еден куп од Битола одеа Скопје, да гледаат ЛШ, да биделе фенси.
И сеа се глуми ко да сме ги заборајле последните 18 години.
Сите со мајците зелени. :D


Имаме шанса пак да ја вратиме таа публика ко на времето, ама со поделби тешко ќе оди.
Зато е многу важно, за ЛШ, Пелистер покрај неколку добри засилувања на терен, да си ги врати и Чкембарите, кај шо треба.
Не можи и не смеј да се прифати Пелистер по 18 години да слави титула, а дечките шо беа со клубот во најтешките моменти ко некој избркани, во парко да бидат. :tapp:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.127
Поени од реакции
16.621
За атмосферата в сала немам коментар. Срамно е бе од толку народ десетина луѓе со шалој беа само. Ниту навивање ниту бодрење. За шо одат таму, за да се сликат само за на стори ?
Почнува некој да пеј " кој не скока Скопски педер е" цела трибина на столче седнати :ROFLMAO:
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
995
Поени од реакции
1.506
За атмосферата в сала немам коментар. Срамно е бе од толку народ десетина луѓе со шалој беа само. Ниту навивање ниту бодрење.
Нема шалови оти не се направени да се продаваат.
 

bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
693
Поени од реакции
1.187

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Муцињата во Фелиција во први редови до трофејот :D
Знајме дека се зелени, па и без толкава нивна помош Вардар ќе не добиеше Скопје :D Вака само тогаш револт се кладе, а сега нека фрчат сториња :kuracc:
 
Член од
25 август 2011
Мислења
135
Поени од реакции
809
За атмосферата в сала немам коментар. Срамно е бе од толку народ десетина луѓе со шалој беа само. Ниту навивање ниту бодрење. За шо одат таму, за да се сликат само за на стори ?
Почнува некој да пеј " кој не скока Скопски педер е" цела трибина на столче седнати :ROFLMAO:
To e bez navivacka grupa, eve mu cirkuz sega.
nekolku pati se peelo koj ne skoka skpski peder i v sala i na proslava, kakvi glupaci popopo.
Ispej ednas za provokacija i gotovo. Sinkir malcr pesni ima sa Pelister, ama tolku gi znat manekeni i shematori, ke pomini i liga sampioni pak ke si ostanat najvernite kako i sekogas
Dzabe, bez Ckembari se e dzabe, site vidoja eve ama pak e zalno ova so se desi oti taka pomina. Grado trebase da gori cela nedela, a ne onde 2h na plostad i cao, mizerija. Od na esen mora da se trgni nova stranica. Na gresnite neka mu sluzi na cest, se se vrakja na gla. Pravdata e spora ama stiga.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.127
Поени од реакции
16.621
To e bez navivacka grupa, eve mu cirkuz sega.
nekolku pati se peelo koj ne skoka skpski peder i v sala i na proslava, kakvi glupaci popopo.
Ispej ednas za provokacija i gotovo. Sinkir malcr pesni ima sa Pelister, ama tolku gi znat manekeni i shematori, ke pomini i liga sampioni pak ke si ostanat najvernite kako i sekogas
Dzabe, bez Ckembari se e dzabe, site vidoja eve ama pak e zalno ova so se desi oti taka pomina. Grado trebase da gori cela nedela, a ne onde 2h na plostad i cao, mizerija. Od na esen mora da se trgni nova stranica. Na gresnite neka mu sluzi na cest, se se vrakja na gla. Pravdata e spora ama stiga.
Прославата на плоштад си беше таман, се истури и од врнење плус.
Башка ова беше трет пат во две недели титулата кај шо се слави, најглавното ко го победија Вардар, градскиот парк беше лудница, немаше локал и кафана на широк сокак а да не се пееа песни за Пелистер.
Јас сум за да се вратат Чкембари ама без дивеење како тоа во Скопје.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.029
Поени од реакции
5.676
Учинок на Чкембари на РК Пелистер за сезона 2022/23 изразен во бројки:

Гостувања: Изработени 4 гостувања, Струшки турнир финале, Охрид во супер купот, Задар, Хрватска на final4 и Скопје против Вардар.

Пароли: Извадени се пароли на 5 натпревари: Вардар(гости) и Вардар(суперкуп), Војводина, Алкалоид и Бидасоа.

Корео: Изработени 4 кореографии: Нексе, Алкалоид, Фуксе и Архус.

Пиро: против Целје, финале струшки турнир, користено во сала против Вардар во Охрид на супер куп и Вардар во Скопје, и на кортео пред натпреварот со Фуксе.

Со оглед на бојкотот кој настапи уште во март, а знаејќи дека Пелистер оваа сезона стана шампион на Македонија тогаш овие бројки можеше да бидат многу поголеми и со изданија какви што сме немале. Но грешката не е во групата, па така и покрај сите околности Чкембари го задржаа својот став и не навиваа до крајот на сезоната.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ete be koj bega..kisum izglea kje sedi
Лесјак / Кизиќ / Ристевски
Петар А. / Кузманоски
Костески / Радовиќ
Пешевски / Василев / ?
Кисум / Сери / Стевановиќ
Павле А. / Танкоски / Дејвис
? / Петровиќ (од 2ката)

Ако е ова точно, тоа се 16 задржани играчи. Практично уште 1-2 им фалат за комплетен ростер - стартен десен бек и евентуално уште еден пикер. Стандарден ростер е 18 играчи, може и до 19 ако знаеш од старт дека имаш некои долгорочно повредени.

Колку е добар овој состав е друго прашање... Реално ако сакаат ростер кој нема да биде прегазуван секој натпревар со 10+ разлика во ЛШ, ќе им требаат да заменат барем 2ца од постоечките играчи - стартен среден бек место Дејвис и можеби стартен лев бек место Стевановиќ (или Сери). Во секој случај, барем 2ца од бековите се прекубројни и според мене треба да направат обид да им најдат друг клуб ако веќе имаат договор...
 
Член од
1 октомври 2020
Мислења
38
Поени од реакции
103
Лесјак / Кизиќ / Ристевски
Петар А. / Кузманоски
Костески / Радовиќ
Пешевски / Василев / ?
Кисум / Сери / Стевановиќ
Павле А. / Танкоски / Дејвис
? / Петровиќ (од 2ката)

Ако е ова точно, тоа се 16 задржани играчи. Практично уште 1-2 им фалат за комплетен ростер - стартен десен бек и евентуално уште еден пикер. Стандарден ростер е 18 играчи, може и до 19 ако знаеш од старт дека имаш некои долгорочно повредени.

Колку е добар овој состав е друго прашање... Реално ако сакаат ростер кој нема да биде прегазуван секој натпревар со 10+ разлика во ЛШ, ќе им требаат да заменат барем 2ца од постоечките играчи - стартен среден бек место Дејвис и можеби стартен лев бек место Стевановиќ (или Сери). Во секој случај, барем 2ца од бековите се прекубројни и според мене треба да направат обид да им најдат друг клуб ако веќе имаат договор...
Se slozuvam isto taka mislam deka e potrebno barem 2ca da se donesat top iminja so iskustvo vo LS..inace kje bide samo ekskurzija
 
Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.040
Поени од реакции
683
treba eden klasicen defanzivec, i uste po eden na site bekovski linii, max 2 na desen, neka go vratat obradovic odbrana bese killer
 

Kajgana Shop

На врв Bottom