Па мислам дека по пишувањата и навивачките изданија со другите противници, омразата е далеку поголема кај вас
Колку треба да си напатен да името на противникот го пишуваш Миравци веќе 15 години и 1961 (или 63та за оние без мозок). Ако за првово ќе ја разберам провокацијата, второво е доказ за тешки комплекси, затоа што сакате да си го исперете срамот со фузијата со најголемиот градски ривал со нешто што мислите дека е провокација за нас, а е обична додавка во името (дури и се зачудив што стари попаметни членови ко Томасино паднал на такво ниво, да се резили со глупости).
Како да земеме клубот да ви го викаме ЕВРОКАР, 08, КОМЕТАЛ. Или соодветно на муабетот за ФК Вардар, да ве викаме РАБОТНИК или ЕУРОФАРМ 2.
Кај нас се палат луѓето затоа што се гледа од навивачки аспект. Ќе биде навивачко дерби, конечно ќе има противник на трибина кој ќе биде во добра бројка и затоа што реално и немаме поголеми ривали од вас, освен Шверцери со кои на трибина никогаш не сме се сретнале. Плус значењето на утакмицата. Кај вас е многу поголемо палењето од омраза кон Скопје, што сами и го признавате со коментарите од типот на "да умирам од нив помош не прифаќам".
Ниту ве мразам од дно на душа, никогаш не би била омразата поголема отколку онаа кон Шверцери, ниту ми пречи да другарувам со битолчани, тоа што си е ривалство на трибини, останува таму.
Од кај нас тропаат глупости по форумов 2-3ца што не се ни дел од Комити. Сто пати им е кажано да не пишуваат непотребни глупости со кои забегуваат дискусиите, ама си тераат по свое. Останатите сме фер и коректни, а како група секогаш се залагаме за подобри термини и ви овзможуваме колку карти сакате, за што е можно подобро навивачко дерби