Колку падна еуфоријата за ракометот, то е чудо нешто, јас мислам си плаќаме данок за неуспехот од претходните 3 сезони, очекувања се преголеми, а се задоволивме со супер куп титула во Охрид и претходно небитен струшки тренинг турнир.
Ете утре играме со Бидaсоа Ирун, шпанска екипа која игра доста солидно сезонава и се наоѓа во првите 6-7 екипи во лигата таму, еуфорија никаква, пак салата ќе е полупразна и мислам дека во моментот и ПСЖ да дојди следната недела во Битола, пак ќе биди празно, некако луѓето ко да ја изгубија надежта, иако оваа сезона имавме доста солиден ждреб и пред почетокот многу од нас се дрзнавме дека ќе бидиме второ место одма после германците, ама лошата игра и пак ќе речам "преголемите" очекувања како од гла да ни се удрија, ако не свртеше то видеото денојве на социјалните мрежи со Андоновски како најава за утакмицата, пола да ги прашаше ќе мислеа со РК Текстилец дека играме не со екипа од шпанската лига....
Мора да си ангажират некој деца за ажурирања на страните, најави, извештај, пред/после утакмици, фан шоп, па не можи во 21 век да немаш фан шоп ниту официјален дуќан каде можиш да си земиш реквизити од клубот (овде не зборам за тезга пол сат пред утакмица со дресој наредени) истото важи и за ФК, па во денешно време овие основни работи да ги немаш, автоматски ти се автогол, не можиш напред без основни работи, клубот место напред да оди стагнира во место или играчки е за класа послаб од лани.
Знам како функционираше порано клубот, со вошка пари, во помизерни услови, каква беше еуфоријата и најавите за утакмица.
Друга работа за тренерот кажав уште тогаш, дека два кикса се доволни за да му еби матер цела Битола и то веќе сега се случи измочан е, рака на срце има кариера низ клубој подобри од Пелистер и не можи да речиме дека е дрво, ама овде не делиме со ништо од лани, можи тој е максимимот шо го вади од овие играчи, дојде само Ханенберг по негова желба и се покажва солиден играч останатите 3-4 играчи му ги носат со стаклени нозе шо влечат тешки повреди (Суси, Сери, Дејвис), погоден е само Хосни....
И сума сумарум останва да се потпираме пак на домашните играчи Павле, Танкосен, Ојлески/Цветко, Костески, Пешевски и од странците Василев.
Мора да му се дат отврзани раце, па да видиме шо ќе донеси на полусезона, макар биле и два играчи на накритичните позиции, па да видиме колку вреди и знај, вака на мускули на крај и сам ќе си замини после неуспехот и по старо тресила се гора - родио се миш....
А претставен беше небаре Талант дојде, ама и такви сме како народ можи, долго време неуспех, па секоја промена не тера на преголемо очекување (исто беше и со Бабиќ ко дојде првата сезона).
Ама киксот со Пелистер 2 (каде заслужи пораз), едвај победата кај Тинекс Пролет од еден гол, не дава никакви предиспозиции дека можиме да победиме кај Алкалоид во гости или Охрид пример, поразот прошлата недела во Шпанија од 12 гола беше дно....
Вака не можи да функционира еден успешен клуб во Европа, мора да се постават цели, а сезонава никако не ми дава надеж за нешто плус од лани....
И пак одам јас на она моето или ШАМПИОНИ или ВЕЧНО ВТОРИ.
п.с. Да не дојди пак до недоразбирање дека плукаме или не знам шо, даваме искрени критики, зошто ние постојме за Пелистер и го сакаме клубот, така да секоја критика е добредојдена, не само после победа БРАВО и ќе си спиеме мирни на увото, имаме многу недостатоци за да функционираме како сериозен клуб во Европа.