Фан клуб: РК Пелистер

Член од
30 август 2012
Мислења
3.250
Поени од реакции
5.361
Читам за Сери и не ми се верва шо читам :eek:.
Играл со скинат преден вкрстен , оти немало друг бек :confused:.
Човекот има 28 години и има во него ракомет и плус не е толку стар , можи уште 7-8 години да има кариера бидејќи физички е ѕвер.
Ко прво клубот можи од него да бара и без една нога да игра хипотетички ама не е хумано , не е ова шах. Без преден вкрстен само можиш да сјебиш и менискус за брзо (ако до сега не му е поебан) а и цело колено , па да клајш крај на кариера на 28.

Ко второ без преден вкрстен не можиш тие движења промена правец , отскок , нагли потези па шо се очекува од него не знам , да ризикува кариера за 5-6 минути на утакмица оти реално при секое нагло движење толку е од играта.

А ко трето и тој побудала од клубот , треба сам да оди на операција и рехабилитација и да се спреми за наредна сезона со оглед дека рехабилитација е минимум мислам 7-8 месеци.

Него најозбилното е шо се дешава со Емилијан.
Го прекомамдоваа во прва и грее клупа , па со ова само уназад ќе оди детето. Па ако не можи поќе да дај моментално од Сери кој игра со една нога тогаш детето не е ни за во Голден Арт.
А јас сигурен сум дека можи поќе да дај од Сери во ова ситуација и не гледам никаква логика зошто не му се дај шанса.
Пример со Фуксе можеше минимум 15 мин да изигра , да не менеше нешто случајно .

Јас реално мислам дека тренерот не знај кај тера , абе пуштете ги во оган Павле и Емилијан или ги бива или не , дајте му шанса , мада на Павле му се дава ама и тоа е малку. Во Скандинавија на нивни години се носители на репрезентацијата, кај нас и тренер скандинавец ама изгледа со балкански стил и размислувања.

Па барем пристапот да се сменеше побрза игра со јака одбрана и лесни голови од контри , ништо нема од ова , а дели ќе има и успее да склопи нешто ај да видиме треба уште шанса да му се дај.

Него Костески друже па не можи толку зицери да промашваш , а имаш неоспорен физички потенцијал за врвно крило во секој поглед и играч во два правци.

Па барем Јовиќ беше врвно крило , нека му уочи клубот и го задолжи индивидуално со него , ако треба и психолог нека му најдат . Земи заозбили се и работи на тебе оти ако не се средиш за 1-2 години нема посериозна кариера да напрајш , а имаш потенцијал.
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
@PELISTERECOT
Заебана работа рскавицата :icon_lol: Кај еден чоек рскавицата беше клучна за да напрај пресврт во кариерата, мислам се разбираме за кој е :misticen:
Се гледа колку несериозно работиме, да се врати Суси, па да го пуштат Сери на операција, ама кај вториот е доста посериозна и игра со крајни сили, јас уште пред 2 недели со двојката го заприметив, буквално после мечот ја влечеше ногата, не можеше да ја движи и е спремен за операција уште одма, не да тактизираме да се врати еден па да пуштиме друг, еве да го изгубиме и Ханенберг пример кој и тој со повредите е склон, тогаш ќе имаме бековска постава која гарантирам дека нема да го тепа Пролет и Охрид, е не пак Алкалоид или Вардар.
Поарно да ги изгубиме сите три следни меча во ЕЛ без бекови, нека играт Павле, Емко и рскавичето, па од на пролет да ги имаме здрави сите, отколку вака да си играме рулет.
Инаку играта не е воопшто подобрена, нека не ве лажи утакмицата, се играше меч без одбрани на двете екипи, зато паднаја 77 гола, инаку да стегнеја малку повеќе тие, можеше да не прашат колку сакате да ви дајме и да примиме...
Пак ќе речам, Сери не пред две недели, пред 2 да го пуштеа на операција, после операцијата за него сезоната е завршена.
Колку што знам јас, наводно и сам инсистирал да игра до полусезона.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
601
Поени од реакции
2.484
Јас би му дал на Павле 60 мин секоја утакмица има жар во детето, околу него нека се гради тимоо, заедно со Танкосен, Пешевски, Цветаноски, Костески, Ѓоргонски, Белистојаноски и квалитетни странци да напопонуват, ако можи некако Кузмановски за наредна сезона да се донеси и Митревски би било одлично. Исто Омерагиќ многу ме бендиса модерен пикер со сите карактеристики , ама Лазаров тешко би се откажал од него. Шо се дешава со Кукулоски ? Некако имам впечаток дека го уназадивме…
 
Последно уредено:
П

Пљампач

Гостин
Не треба да се ризиква со Хосни ако не е 100% спремен. Подобро да го немаме на уште 1/2 натпревари, одколку да го немаме во состав до крајот на сезоната.
Ваљда медицинскиот тим дал зелено светлло, штом го зеле во состав за Гермснија.
 
П

Пљампач

Гостин
Кадетски репрезентативец во вториот тим. Десен бек, покривал и десно крило.

Btw -Архус некни го победил Алборг во данското првенство со 7 разлика.:eek:
 

Attachments

Член од
6 февруари 2011
Мислења
601
Поени од реакции
2.484
Нова подгрупа Ckemabri Düsseldorf:cool:

Хененберг 13/13 страшна утакмица напад одбрана, не памптам до сега кај нас да изиграл ваква утакмица. :aplauz:
 
Последно уредено:

bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
683
Поени од реакции
1.156
Браво момци! Само Павле да не е повреден сериозно.
Да го дојсат и Турченко ќе биди супер;)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.007
Поени од реакции
572
Нова подгрупа Ckemabri Düsseldorf:cool:

Хененберг 13/13 страшна утакмица напад одбрана, не памптам до сега кај нас да изиграл ваква утакмица. :aplauz:
Дунката Воџа :)))
 
П

Пљампач

Гостин
На подготовките одбраната беше топ, нападот нечинеше, сега обратно.
Многу битна победа. Ако ја утневме ова утакмица еќ се искомплицираја работите, вака со победапротив шпанците дома сме трети.
Добро е шо не го трошеше Хосни, нека се опорави како шо треба. Ако треба и нареден меч нека го одмара, би требало со шпанците полесно да го добиеме.
Хеннеберг денес сам ги победи овие... One man show!
Денес сите освен Василев беа добри... Русинот убедливо наслаб и во напад и во одбрана.

Многу битна победа за враќање на саммодовербата. Само да нема повреди и полека-полека ќе се вклопи екипата.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.635
За оваа партија Хенеберг ќе добие повик во репрезентацијата. :)
Одлично засилување е за Пелистер, влегува во страшна форма.
 
Последно уредено:
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
За оваа партија Ханеберг ќе добие повик во репрезентацијата. :)
Одлично засилување е за Пелистер, влегува во страшна форма.
Тоа кажи им го на стручњаците кои се смееа и велеа дека бил третокласен играч од Данска и ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom