Не е толку лош резултатот, колку шо е лошо шо се повторват некои грешки кои не треба да и се случуваат на екипа од Лига Европа.
И Вардар многу грешеше во второ, па некако ( не по наша добра игра ) се вративме во игра
Со пеналите на Секељи малку ги пореметивме, инаку ќе ја завршеа утакмицата многу порано.
И тие беа под притисок од публиката.
Плус без втор среден бек не можиш да држиш ритам цела утакмица.
Ама. пак успеваа речиси секој напад да го завршат или со чист шут или изнуден пенал/
Многу нерезонски шутој, без позиции.
Посебно по 20 та минута, дотогаш некако делуваа како да се одат по некои команди.
После 20 та минута како без компас игравме.
Посебно од Табоада.
Обрадовиќ пречки годеше.
Не е ова тренинг па со скок од место да шутираш.
Не дека треба да им се замери за обидите, подобро вака отколку да ги губеа топките и да се отвораа контри.
Стипе како и обично резервиран на големите дуели, додуша ова му е прв со Вардар, огнено крштевање ( Струга не се рачуна).
Очекував далеку појќе од Периќ, фалеа тие негови голој.
Без десен бек шутер, толку е силата од надвор.
Велковски уште еднаш се покажа како добар разигрувач, барем за то го бива, доста топки даде.
Одбраната е најголем проблем сезонава, се гледа уште од старт.
Шо ќе прајме во Лига Европа на гости со оваа одбрана?
Многу лесни голој примивме, претерано многу.
Дибиров само со нас има добри партии, на другите утакмици тука е негде просек, 3.4 гола.
Со нас како на тренинг.
То значи дека одбраната не си ја брка работата.
Многу дупки, ненавремени затворања на зоната, неможност да прекиниш акција на бек.
Десната страна со Табоада ја затворија, можи оти тие беа само со Моралес, без Кевин Ниокас, ама левата страна од одбраната, огромна промаја.
Талески да ти се шета низ зона бе, Талески.
5 гола нема клаено од времето ко играше во Металург.
То е сега, нема кукање.
Заслужен пораз.
Џабе се фрла вината врз судиите, немаа влијание на конечниот резултат.
За победа во гости треба доста подобра игра.
Сепак Вардар е екипа од ЛШ.
Друго ме загрижва мене.
Шо ќе прат со играчите?
Сега без Кушан ја губат силата во напад.
Цела игра се базира/ше врз Периќ-Кушан.
Сега треба концепција да менват и нов стил на игра.
Не ми е јасно како можиш да дозволиш на уште непочната сезона да ти замини еден од најдобрите играчи.
Прво голманот ти бега, сега пикерот.
Од ТОП 3 најдобри играчи во екипата лани.
Ок е, има откупна клаузула, ама и ти имаш опции на располагање.
Ќе зголемиш плата, ќе пробаш да го задржиш играчот.
Штом се решил тој на сред сезона да бега арабајтен значи до парите му е.
Сигурно не до предизвикот Бундес Лига, да го кршат онде кечери секој втор ден.
Само прашање е дали таа откупна клаузула шо ја имат поставено е колку да се изват трошоците за ланска сезона или ќе ќари нешто клубот?
Со овие пикери шо ги имаме на располагање не ни се пиши добро.
Граџан не е лош пикер, можи да дај добри партии.
Ама, класа е зад Кушан.
Овај двајца тргаше од зоната на него и пак не користеа нашите бек/чиња
Нека се растрчат да најдат играчи оти смешни ќе бидат изјавите на Бабиќ.
Демек целта ни е плеј-оф во Лига Европа.
Ги пратам квалификациите во Лига Европа редовно.
Скоро сите екипи ги имам гледано досега.
Нема оваа сезона такви екипи како Требње од лани.
Оваа сезона ќе биди далеку појака конкуренцијата.
Така да не си прајме бајрам со умот, ќе сме се бореле за групна фаза.
Во гости со оваа екипа ќе бидиме боксерска вреќа за другите екипи.
Дома со публика можи да биди нешто, ама пак нема да е доволно.
Нека се растрчат сега, дури не е почната групна фаза нека земат играчи.
Пикер некој, по можност некој шо игра 2 правци,
Одбраната чорба ни е, посебно на 2 и 3.
Тука треба двајца да земат, не еден.
Какви играчи има во Шпанија, Португалија.
Ете и од Куба можиме да испазариме, примерот со Моралес и Табоада.
За мали пари шо играт.
Ист принцип како шо ни прат нас, оди со куферчето на преговори и носи играч/и.
Десен бек дека треба веќе сите го знат.
Дури има време да се спаси нешто од сезоната.