en.wikipedia.org
Имаат неколку измени во Мешков, за разликата од ланската сезона.
Им заминаа левите бекови Шкурински и Обрановиќ, замина и десниот бек Паниќ.
Замените шо ги зедоа на нивните позиции се повеќе од достојни.
Од Монпеље го зедоа левиот бек Бонафон.
Солиден играч, со доста искуство и јаки утакмици во Монпеље, можи да покрие и на среден бек.
Опасен шутер,ќе мора добро да го затворат овај, изгледа Мирко ќе оди дирек на него.
На десен бек на местото на Паниќ дојде Станислав Кашпарек, репрезентативец на Чешка.
Доста познат за нас од дуелите со Чешка..
Вишок беше во Сегед, па беше принуден да си го бара чарето, солидни партии даде лани во Сегед, во освојувањето на титулата.
Опасен шутер, 203 см висок, не знам овде колку ќе се снајди Бојанчо да го чува.
Ко шо немаме друг играч за 5ка ќе биди проблем, изгледа ќе треба Кукоски да го прекомандуват овде.
Ако го користи Бабиќ Кушан и во одбрана.
Ама според мене, непотребно го трошат Кушан во одбрана, не стигнува да покрие, бавен е, доста топки му се провлекват, па заради то шо касни да покрие и прај непотребни прекршоци и јади непотребно 2 минути, така се прај конфузија во одбрана.
Подобро нека го чува само за напад, нема кондиција за два правци Кушан, брзо се троши,
Подобро да го ротира со Никола Маркоски, подобро се снаоѓа во одбрана Маркоски.
Од другите играчи на Мешков кои вреди да се споменат.
Клучните играчи.
Пешиќ на голот.
На среден Словенците- Сташ Скубе и Јака Малуш, од овие ќе иди најголемата опасност во напад, зошто се брзи, добри техничари и брзо ја движат топката.
А, ко шо е бавен нашиот централен блок ќе имаме доста проблеми да се поставиме во зона.
Еден Гаџа од Вардар ете колку утакмици со ред против нив ни ги прај мајмуни централните дефанизивци.
Со најобична финта и брза промена на правец во дијагонала, без дуел игра, без ништо.
Шо останва против појјаки плејмејкери, а Сташ Скубе сигурно е појјак од Анте
.
Исто ќе имаме проблем ако игра Павел Пачковски на десен бек, овај е многу терсене за чување, не е многу висок за десен бек, ама има некоја незгодна финта, дуел игра еден на еден, можи да влези на 6 метри, можи да шутни од пад, многу незгоден играч, нешто налик нашиот Мирко.
На лев бек, како класичен шутер е рускиот репрезентативец Санталов( требаше во Вардар да оди пред 2 сезони ).
Солиден шутер, ако му се остај простор ќе шутка ко будала, од кај стигни.
Пикер е Владимир Врањеш, репрезентативец на Босна, сигурно добро се познаваат со Периќ.
Тука е како замена Вјачеслав Шумак, со години игра во Мешков.
Ако не се лажам уште со нас ко играа, пред 10 години 2011/12 сезона, беше во Мешков.
Многу важни се овие два играчи за играта во одбрана.
Најпасен играч, според мене им е десното крило Ваљупов ( по наше )
, или како го пишат Валипау.
Кузнеј како е правилно.
Опасен играч, брз ко стрела, страшна техника, зглоб, се има.
Сигурно во Топ 10 крила во светот е моментално.
Ќе мора доста да се пази на овај, ко шо е лабава одбраната на 6ка, ќе биди весело, со Периќ ако го чува, или не дај боже звездата Стипе.
Лево е замената за Дибиров во руската репка, Јуринок.
И овај е доста опасен, некој стил на играч ко Дибиров.
Се на се, ќе играме со тим по мерка.
За да видиме реално до кај сме.
И дали можи да се надеваме на нешто појќе оваа сезона.
Јас сум оптимист, мислам дека ако не се напрат некој непотребни технички грешки, со малку побавна игра и посмирен напад.
Можиме да ги намачиме Белорусите, а оти и да не ги тепаме.
Почеток на сезона е, тешки нозе.
Има доста квалитет и кај нас, посебно сега со далеку поширок ростер, за разлика од тој лани.
Ќе биди интересна утакмица во секој случај.