Кога игравме со Дукла знам Дрогата сигурно беше, Чурлевски беше во Вардар, а Фитиљо замина за Металург. Од претходната сезона шо имаше еден украинец Бесарб си замина исто и голманот Н'кнгуа. Тогаш колку толку деца вака така имаше барем тројца веќе "искусни" и "деца" +20 години. Таму изгубиме, овде малце фалеше. Се сеќавам кога тензијата беше најголема ја згрешивме во навивањето. Место да продолжиме да свириме ние почнавме песни да пејме. Нема врска муабето ми беше дека во та екипа имаше поискусни од сега. Сега 60% од играчите се уште средно, рестото се незаинтересирани кој играт оти нематат друго чаре, немат кај да одат. Сега шта је ту је и реално без разлика двојче, наташа, вмро, сдс кој шо сака да е ние не претаме. Поарно дури е вака под општинска капа клубо вака да опстојува него да се фрлат и перат пари ко лани,
П. С. Единствено чаре ни е, ние шо уште го сакаме Пелистер да фатиме да му пишиме на Путин да ни пушти овде некој олигарх ко Самсоненко, па да земи да вложва ко за инает на вардаровиот олигарх.