Сили сепак само за едно полувреме....
Ништо страшно, далеку поквалитетни и поскусни играчи имаат Охрид, тие имаат екипа која со сигурност би играла плеј оф, ние екипа за плеј аут, ништо не загрижва поразот, 20 минути играме над ниво, после тоа се беше под ниво.
Добра екипа состави Охрид, Кривокапиќ, Манасков, Денис Тот, Даниловски, плус од минатата сезона задржани Тасе, Блажевски, Соколов, на Дексо син му.
Клучен дел беа според мене 3 (ТРИ) со ред неискористени пенали, прво погоди Буторац, после следеја промашувања, пак Буторац шутираше над гол, Дрогата исто цел гол промаши, а на Чефот му одбрани Даниловски, после тоа Охрид играше 2 нивни напади без голман и два пати пресече топка во одбрана Дарио и на два пати го промаши цел гол, а сето ова се случуваше во временски интервал од околу 5 минути, кога не искористуваш сигурни 5 гола, после се знај шо те чека....
Второто не заслужва коментар утакмицата, се разбрани онај копиљот Јагош шо беше кај нас и тоа беше се....
Има добри дечки, ама сега се фрлени во оган од нигде никаде, треба работа со нив, па можи некој ќе го биди, така да неможиме ние да очекуваме да ги победуваат екипите од плеј оф, како шо кажав пред некое време со Јуниорите на Вардар и Металург и Работнички треба да имаме победи, со Струга исто сега се распад систем сега, за со другите екипи, да не летаме во облаци сме послаби од нив....
Буторац дури не ја сврти утакмицата Охрид, сам не држеше во игра, добар репертоар на удари има дечкото, има ракомет во него, ама знај и доста да троши топки али јбг кога други не шутираат то е то, исто и тој 10ката шо влезе при крај 2-3 удари извади топ, малку само да е попрецизен, Дарио си мисли Леброн Џејмс е на терен, атракции си прај, додавања од зад грб, меѓу нозе, ептен во филм е, го извади од патики Зарков, го извади го пушти последен на клупа
Многу гледа ТВ дечкото......
Дрогата ни со оваа генерација незнај да изигра и да покажи малку дека дели од другите. Две сезони тотален аут е, вон утакмиците, ете шо му значеше Металург во кариерата....
На оваа екипа му требаат уште 2-3 играчи, особено ГОЛМАН.