Моментот ко дојде мајсторо со брусалицата, од спиење го станаја кутри чоек.
Еден сат се мафтаја, му ги откорнаја сите лепила за Ге-флорот на комшивките, нека патат..
Бутел чорба, лани појјаки беа.
9 пенали имаа, 9 исклучувања за нас, речиси сите голој беа со играч појќе, или случајни вишоци по крила, добра работа им завршија и судиите, иако горе долу немаше некои драстични грешки на судиите, сепак имаше блага тенденција кон Бутел, шо не е во ред, ама јебига, редовна пракса.
Да не падневме од 50 та до 55та минута и да не експериментираше Заре со поставата можи ќе извлечевме подобар резултат.
Реално реми беше најреален исход, штета шо Злате Џуниор избрза во нападот и ојде во камикази стил, ќе имавме цел напад за победа, вака со тој потег го расипа добриот впечаток, многу борбено дете, нема збор, се гледа дека ги има гените на татко му и дедо му, ама мора многу да се работи со него, до 12 та минута имаше 2 исклучвања
.
Опасни оние децата на 3 и 4, 10 ката и 14ката, искинаја децата
, секоја чест, одамна сме немале онакви деца во одбрана...
Вредат за сите Зејаци, Вуковиќи,
ВИЌИ, Станојевиќи и останата ГУГЛЕТА БАГРА И БОРАНИЈА.
Шефот стандард, штета за дечкото шо не доби шанса во Еурофарм низ годините, страшен трк има, контрола на топка и промена на правец, то не се учи на тренинг.
Дарио ок е дечкото, иако денес се преусиса, сепак без замена дечкото не можи да турка цела утакмица, над 12,13 шута зеде.
Буторац ме изненади, досега не сум го гледал дечкото, средношколец, а како се движи по терен делува како да има 10 годишно искуство, со она дете да се работи, пред се на скок шут и темпирање на шут ќе биди играчиште, браво.
И десното крило добро, доста ветува.
Браво деца, секоја чест.
Ова е тој вистински Пелистер, шо ја враќа вербата во ракометот, баталете сега засега титули, враќање на стари слави, стари патеки, најважно е да се зачува битолската традиција, пелистерскиот дух на екипата.
Подобро со
ВИСТИНСКИ Битолски деца, како овие денес, кои изгинаа на терен, вклучувајќи ги и тие шо дојдоа од Работник, шо знат шо значи ракометот за Битола, шо значи Пелистер за овај град ( то не можи да го разбери никој друг освен вистински Битолчанец ) отколку со некакви си Ојлески тип на играчи, вештачки е, нема дух, не е тој правиот Пелистер.
Костурот на Пелистер секогаш бил од битолски играчи, надополнет со неколку екстра странци. а не обратно.
Ваков Пелистер сакам да гледам, борбен, со инает, со дух, макар и немало никакви резултати, се навикнавме веќе, не како до лани, како издишани балони играчи со плати од по 3000 евра, дрва дрвосани, без желба, без боја на лицето, едноставно умренковци шо цицаја пари од клубот.