Ваков ШАЛАБАЈЗЕРЛУК и ваква неодговорност за клучните проблеми кои го мачат и гушат градот, можи да се види само во Битола, нигде на друго место.
На кое дереџе дојде градот, не ми се верва.
Пола август замина, уште малку првенството ќе почни, а од легендарната управа на РК Пелистер ни абер ни глас,
Ни управни одбори, ни надзорни, сите ги снема, нема ни постој на ФБ, нема клипчиња, нема ПРИКАЗНИ, нема селфиЈА, ништо нема, не е забележана никаква активност ниту на Инстаграм, а вршеа до пред некое време.
Нема ниту една официјална изјава од било кој претставник на Еурофарм за нивните намери, шо е во најмала рака чудно, уствари не е чудно, веќе редовна појава е во сите овие шпански серии и сапуници ЦИЛЕ СЕ ВРАЌА ВО ПЕЛИСТЕР, да не се појави главниот актер,сите овие сезони?
Јас не памтам, нека ме попрај некој да го имам видено Циле јавно, официјално да излези со став за РК Пелистер, се е на рекла казала, на ти реков ми рече.
Зошто немаше нивни претставник на седницата на Советот на Битола? Интересно прашање.
Кај беше Наташа да дај изјава? Или зафатена беше? А, имаше време онде да држи предавања и да образложува бизнис идеи за рурален туризам во некои си села и паланки шо немат никаква допирна точка со Битола.
Или на одмор беше
, па не можеше, и сеа ко се врати го пушта следното соопштение во неколку реченици.
Градоначалникот на Општина Битола Наташа Петровска ја поздравува иницијативата на РК Еурофарм Работник и одлуката на Советот на Општина Битола донесена на последната седница, која се однесува на спроведување и реализација на Платформата за ракометна Битола. Воедно ги повикува сите вклучени...
apla.mk
Колку време бе ви треба да напрајте услови за спроведвање на та легендарна платформа?
Ко небаре сала од темел ќе прајте, па услови да создаделе.
Кој услови, кој бакрачи, шо има да се преговара?
Многу прости прашања не се одговорени.
Ај, за посложените веќе знајме сите ( да не се навраќам пак).
Има понуда или нема понуда? Цена има клубот, или нема цена? За која цена го продавате вие клубот? Дали таа цена е прифатлива за купувачот или не?Кои се правата и обврските од договорот за двете страни?
Тие се главните УСЛОВИ, просто ко граФ, доста ја замајавате јавноста, со заклучоци, дебати, елаборирања.
До 15 ти август е рокот за исполнување на условите на СЕХА лигата, и на ЕХФ.
А во салата, сигурен сум дека не се работи како шо беше предвидено.Сигурно почнаја сеа пред некој ден, да фрлат по некоја рака малтер, демек еве работиме,
Фасадата кај е? Или не мора фасадата да се среди?
Ќе се чудат ко ќе идат во ЛШ, дали е ова сала или некоја руинирана фабрика од комунизмот.
И уште поинтересно, зошто на седницата на совет одржана на 30.07.2019 година, кога веќе ги изгласале заклучоците ( кои сеуште не сфатив кои се и што значат ) не се премина на гласање за продажба на акциите, кога веќе се усогласени во ставојте, ама изгледа не се.
Кој безобразлук и аматеризам значи, ејјј, да го фрлиш низ вода најтрофејниот битолски спортски колектив.
До кое дереџе дојде Пелистер, како некогашен бренд на градот, уствари само дел од сите тие брендој на градот кои чекат решение (Копанки, Офицерски, и ред други проблеми )
Ко небаре наследство од татка му е клубот, па сеа ќе си играт мајтап со екипата, со навивачите, со сите шо го сакат клубот.
Да ги остајш на цедило сите тие играчи, макар имале или немале активни договори, не само играчите, тренерите, младинските школи, еден куп деца, луѓето задолжени за опрема и слично.
И шо ќе биди со сите овие луѓе? Има план некој?
НЕМА ПЛАН, барем немат план тие шо се на страната на Пелистер ( демек на нашата ), јасно се гледа од нивните постапки сите овие месеци дека немат план за клубот.
Која екипа ќе биди всушност Пелистер? Првата или втората?
По сите постапки и она шо е напишано во платформата јасно е која екипа ќе биди Пелистер.
И шо да и реши на крај, сигурен сум дека ќе биди на штета на Пелистер, на вистинските навивачи и приврзаници на зелената боја.
Ние сме најпојќе зијан. Шо добиваме ние од овај ДИЛ? Појќе губиме отколку шо добиваме, сите го знат то, само не признават.
Го губиме името на клубот, ги губиме боите, го губиме правниот идентитет, кој наводно ќе биди сочуван, ама во пракса не е така, шо добиваме, само спонзор на хартија, за кои не сме сигурни со ништо дека на долг рок ќе донеси стабилност и раст на екипата, зошто ? Зошто ова е Македонија, овде се менват работи на сат.
Еурофарм не е зијан, во ниту еден случај, тие во најлош случај, лесно ќе си го префрлат клубот во Скопје, и ќе си терат и нема да се замарат за ништо.
И таму ќе успеат да соберат публика од "вљубеници во ракометот" да шлука на мечевите во ЛШ.
А Пелистер ќе изгуби многу појќе од шо си мислиме, или не терат да мислиме.
Сто пати падобро ќе беше да си остани клубот како досега, па макар и се борел за дното на плејаут, па да се чекат подобри времиња, некој нови луѓе, некој нови лица, локалпатриоти, не лажни Битолчани, кои се за жал мнозинство во овај град, луѓе шо вистински ќе го сакат Пелистер и ќе сакаат да му помогнат на клубот, а не заради некои си повисоки интереси.
Вака, ќе си играме дрн дупка, ќе прајме сосила вештачки услови, ваков ќе бил амблемот, вакво ќе било името, боите на клубот ова сезона ќе бидат плави, ама наредна сезона
МОЖИ ЌЕ БИДАТ ЗЕЛЕНИ, а можи и нема да бидат
( то можи ударно е, за жал) .
Шо напрајвме ние, го продадовме клубот за понуда од стилот
ДАЈ ШТА ДАШ, наместо ние како продавачи да ги диктираме условите.
Сакаш да го купиш Пелистер? Бујрум.
Тие се условите. бои, амблем, година на основање, идентитет на клубот,
ТУКА НЕМА ГИБАЊЕ И НЕМА ПРЕГОВОРИ, ако не ти чини чао.
Туку шо се нервираме, многу други работи во ова држава се изгубија, далеку поприоритетни од спортот, ние чекаме спорТО да кренел.