Јошко има најголема вина како тренер...порано требаше клоцата да му се дај, уште ко се виде дека екипата оди надолу, пред почеток на плеј оф.
Не можи ти со ова екипа да примаш по 30+ голој од кој стигниш.
Струга, Охрид да те прат мајмуни среде Битола, со 2000+ публика на трибини.
Ај то помина, пласманот во плејофот беше обезбеден, а таму шо видовме?
Наместо да се научи лекцијата и да се пробат да се отстранат грешките ние бетер.
Недисциплина во играта, на моменти делуват како да се шампиони на Македонија, за после сосема неочекувано да играт како РК Ринија.
Со сите во плејоф иста слика, го газиш Металург на два пати во прво, и во Скопје и во Битола за после да те демолират, посебно за мечот во Битола.
Разбирам нема некоја ротација, долга клупа, ама немат ни другите, шо клупа има Пролет, Бутел, па и Металург? Со која квалитетна ротација тие играт.
Не е до ротацијата, а ни до квалитетот толку, до глата е
Онај Гуглета ко играше за Металург знаеше онде од мртви агли во ЛШ да клава голој, сеа од контра не знај оквирот на голот да го погоди.
До глата на играчите е, ко ќе му дајш до знаење дека не бараш дисциплина, дека победата не е приоритет ќе ти се рашетават ко пауни овде, ќе играт со одење, без притисок. Шо ќе прај, странец е, му е гајле, дојден е за пари да извај и при прва шанса и подобра понуда да си замини.
За она криминално издание од саботата сите играчи освен Кобетиќ, Поповиќ и до негде Папата и Борјан заслужват уште одма раскин на договор.
Не можи бе, професионална екипа, со сите услови обезбедени да делуваш така смешно на терен, колку и да си слаб нема да ти се случат епизоди ко со Бутел во гости ( без разлика со која постава си излегол на терен), со Пролет во гости, со Цилелург за 5 минути ги турнавме гаќите, без борба, како да не се играше утакмицата во Битола, ко некоја пријателска да беше, греој..
Па јас со гла гарантирам дека кадетите на Пелистер да излезеа на 18-10 резултат во 20 та минута немаше да примат 31 ( триесетиеден) гол до крај на мечот, теоретски не е можен онај резултат.
Ние од форумо да се соберевме, по фармерки и чевли да игравме немаше да примиме 31 гол за 30 ина минути./
Стол, канта за ѓубре, било шо да клаеја на голот наместо во второто немаше да се примат 24 гола, ќе го погодеа на ќоро предметот на голот, Плех дрво( труп цела сезона, ќе фати некој зицер па ќе прими голој шо нема ни пионер да ги прими )
Од шо сме инкери и незналици дури и голот не го љуфкаја на Минчо дечурланата, шутерски тренинг си имаја, ејј шо дочекавме, Мице Шилегов да не решета.
Па уште и плати барат, какви плати бе...арам нека му е на парите шо ги зедоја сите од Пелистер.
Оставката на Злате е на место, директно одговорен како спортски директор за изборот на играчите, за недисциплината, шо не кладе ред на релација тренер- играчи- управа.
Наместо да беше врската да се напрај една хемија тој зеде онде со публиката се расправа, со луѓето, да го брани она шанкурето Гуглета, скроз ме разочара, многу очекував од него, како играч беше херој на публиката, очекував најмалце така да се покажи и како управа, ама изгледа помина то време.
Штета, злата шанса пропушти клубот, многу време се изгуби, пари, енергија.
За џабе.... Нека ни се смеат сега сите, со право.