Фан клуб: РК Пелистер

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Ако не сакаат Чкембари да идат на натпревари, ќе направат нова навивачка група.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Ако не сакаат Чкембари да идат на натпревари, ќе направат нова навивачка група.
@Colt Willcox daj be blokni ja od ovaa tema barem ova budala, pa ne e mozno, co letmesea ama navivac na vardar e, nisto cudno toj da e haha
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
500
Поени од реакции
159
A kade toa pisi deka od drugata godina ke se menuva imeto a ne ovaa? Inaku nema sansi nekoj da naviva za Rabotnik se znaj Bitola e za Pelister
Problemot e sto se brisi istorijata odnosno segasniot Pelister ke bidi vtor Tim a Rabotnik ke bidi prv tim so ime Pelister drugoto e prifatlivo I slednata sezona se zema i zeleno bel dres itn...
Sepak za stav na n. g. ke pocekas oficialno da se kazi a ovde na forumot koj saka i so saka moze da pisi...
P. S. I se nadevam deka konecno ke ima krivicna i pravna odgovornost za site dosegasni upravi i se napravi revizija

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
Не се брише историјата на Пелистер. Едноставно повеќе кратниот првак на Македонија ќе биде втора екипа под сопственост на Еурофарм и дел Општина Битола (тука убаво си пишал). Еурофарм компанијата го купува Рк Пелистер за да може легално да го користи името Пелистер и да си го вметнат во својот клуб Работник. Убаво пишува во договорот и си има рок на траење. Доколку некој сака да го презеде/купи РК Пелистер (тогаш Б клуб, пс иронија е клубов да стане втор по значење, не го личи), го може тоа после истекот на договорот, доколку не е продолжен од Еурофарм. Само имињата и сопствениците им се менуваат. Клубовите си се тие.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
@Colt Willcox daj be blokni ja od ovaa tema barem ova budala, pa ne e mozno, co letmesea ama navivac na vardar e, nisto cudno toj da e haha
Кај ти текна на Letmesea :pos:
Немам такви ингеренции, би го банирал и од фан клуб Вардар, премногу ми е captain obvious :D
@Ilumious
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кај ти текна на Letmesea :pos:
Немам такви ингеренции, би го банирал и од фан клуб Вардар, премногу ми е captain obvious :D
@Ilumious
Зошто би ме банирал и од Вардар и од тука?
Ти пречам нешто?
Правам нешто недозволено?
Трн сум ти во око?
Некој приватен проблем со мене па би сакал да ме решиш од форумов?

Ако јас сум ти проблем со овој пост горе, треба да сум ти последен на листа, бидејќи пред мене имаш премногу други да решаваш.

И како второ, членот што ми реплицирал веќе го прекршил правилото на форумов, со тоа што пишува на латиница, а не како што треба.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
452
Поени од реакции
1.193
Еве ја прифаќам сугестијата на горенаведените за кирилицата. Треба да се прави разлика од искусен форумџија до навивач кој реплицира само на една тема како мене.
Модерниот Пелистер е формиран 55 година (види лого на клубот) со спојување на Пелистер и Работник во нов клуб Пелагонија.
Дури 75 година кога е направена салата Младост клубот се преименува во Пелистер.
80 тите и 90 тите Пелистер го води Силјан Мицевски кој денес е газда на Работник.
Тој општествен модел на функционирање веке изумира 20 години. Ова е борба меѓу суровата реалност на капитализмот и романтичното минато.
За да преживееме треба да се адаптираме или ке изумриме како диносаурусите...
И јас ја сакам еуфоријата од Лемго кога Пелистер Еврокар во грдиот темно плав дрес од Орка жареше и палеше ама то време помина...
На никој нема да му смета Еурофарм пред Пелистер ако до година во зелено бели дресови го победиме тогаш веќе бившиот европски шампион.
Минус 23 во Швајцарија повеќе болат...
 
nikucremo

Чкембари Битола !!!
Член од
23 февруари 2014
Мислења
112
Поени од реакции
325
Некој велите ова е крај на Рк Пелистер. Ај вака да ги разгледаме работите: Рк еурофарм работник купува 75% акции на Рк Пелистер, и Рк Пелистер купува 25% акции од Еурофарм Работник. Со мешовита сопственост двата правни субјекти продолжуваат со заеднички менаџмент да гу управуваат двата правни субјекти. Во силниот тим шо ќе биди, двата сопственика го вложуваат своето најдобро.
Работник 750.000евра, местото од лш и сеха и постоечкипт играчки кадар.
Пелистер, пропорционално на акциите шо ги има, вложува 250.000евра, спортската сала на користење без надоместок, славната историја која со член во договорот е убо потенцирано продолжува да се негува и чува традицијата и историјата на клубот Пелистер. Името и амблемот.
Кога сето ова Пелистер ќе го пренеси во заедничкиот клуб со новиот партнер Еурофарм, за очекување е и поголемиот дел(намерно велам поголемиот оти не сите се сложват) од Битолската Пелистерска публика да застани зад клубот.
Како шо ништо не е вечно, така и утре другиден да се прекини соработката меѓу работник и Пелистер, има член во договорот кој вели дека по цената на кој се купени акциите еурофарм њ должен да ги продаде на општината 75% од акциите што ги поседува во Пелистер. Во меѓувреме заедничката историја која би ја напраиле продолжува во Пелистер, исто како и шо си ги задрѓува амблемот и името.
Али сето ова ако би се подржало би било тек за наредна година, на сред сезона клубот не се менва
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2008
Мислења
452
Поени од реакции
1.193
Само еден клуб, само еден град, Пелистер,Битола.
Што реално содржи ова навивачко мото?
Основата што ја има овој град, доволно е за еден тим, и тој тим бил и секогаш ке биди Пелистер.
Тоа што дојде Работник да го превземи брендот Пелистер е друго прашање, и тоа не дојде преку ноќ.
Проблемот не е во претходната власт, тие како така успеваа да одолеат на притисокот од Работник.
А не го имаа само Работник како противник. Сегашната власт тогаш отворено имаше симпатии кон Работник, а и Чкембарите со право не се мирисаа со управата.
Но Пелистер не падна, Каменица го победуваше Работник со никаков тим неколку пати.
Прв пат Работник победи кога играчите му направија преврат на Каменица.
Но Алушевски како нов тренер брзо го консолидира Пелистер и повторно Работник губеше.
Што правеше Циле при секој пораз, го зголемуваше само влогот и вложуваше се повеќе и повеќе пари.
Со смената на власта, доаѓа до клучниот момент. Дечкото со шалот од Пелистер и сегашното општинско раководство обезбеди огромен буџет 600К и кусур за година и пол.
Ако сакаме да знаеме зошто денес Циле е газда на брендот Пелистер треба да се прашаме каде отидоја тие 600К.
Работник со помалку пари дојде до Лига на шампиони. И не само тоа за без пари го купи Пелистер. Сегашното општинско раководство сега нема симпатии како порано кон Работник, и без своја воља го дава клубот, но друго чаре нема.
Дали ке го бива Циле да управува со брендот Пелистер ке покажи времето.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441

Не можиш да го споредуваш Работник од пред 3-4 години и сегашниот. Работник му докажа на сите управи последните 15 години како се гради проект и за 3 години светлосни години го заминаа Пелистер. Со тие 600К шо ги кажуваш се платија долгови и почна да работи школата со Заре, ако ти текнува пред 3 години сите деца беа во Работник малку фалеше да нема ни школа повеќе. Дали е ситуацијата идеална, не е. Дали е подобро од Општината со партиски луѓе да го води клубот, и тоа како е подобро. СТОП за Општините да бидат сопственици на спортски клубови, мора да се тргнат од сегде. Освен ако сте задоволни со последните 15 години тогаш нека продолжи вака како шо беше досега.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Која база кој црни камења..... :facepalm:
Овие моментални играчи ако бидат во иднина база на клубот, односно младински погон на играчи на кои во иднина можи да се рачуна, го обравме бостанот....
Да не летаме во облаци, битолски деца незнам шо, клубот НЕМА ИГРАЧИ ! Школата не постои, кои играчи се овие бе ? Четири утакмици ги гледам со ред, и ај реков не коментирам одма, прва утакмица батали, се собрале прв пат заедно,втората исто, третата исто, еве и четврта изиграја никаков напредок.
Ај со Винтерхур утакмицата не ја рачунам, однапред пораз ни беше таа, едино во екипата два играчи нешто делат Чефо и Дарио, има ракомет во овие двајца, другите no comment...
Со Тинекс минатата недела се исплашија да победат, послаб Тинекс Пролет не бил. Ај на почеток шо не отворија со 7-8 разлика, па му се вративме, ама пред крајот на второто 3 пенали промашваме, чисти зицери, в раце ни беа, на крај не дека и бодот е лош после губење 7 разлика, ама се исплашија да победат...
Од 23 гола на таа утакмица, 10 гола Чефо, 10 Дарио, двајца играчи ни даваат 20 од 23 гола, другите гледачи во теренот....
Тој Мандиќ бекот 10ката, поголем труп немало, земај апликација за Кромберг и не се мачи со ракомет, толкаво сукало, да се плаши да се крени на шут, ебати децата, исто и то десното крило со број 6, не го знам ни по име и презиме, ама срам е родителите шо идат да го гледат, 5 пати отворен простор од крило да влези да шутира, на 3 пати оди до линија се враќа и подава пак на бек :tapp: ова треба на сеоски ракомет да оди, два пати му шутна на тој голманот дали лоб беше или незнам шо, како бебе цицалче да шутна, едвај до гол одеше топката и овај фино лепо со една рака си ги брани ударите, ПРЕСЛАБ играч. Јас не очекувам овие да се Абало и Сагосен, ама од сега се гледа дека не ги бива децата, нема надеж, па 3-4 години да тренирам активно и онаков пристап да имам во меч, се плаши од крило да влези на отворен простор, абе момак само влез и секој контакт над тебе тука е пенал, машкост 0 во нив, со страв играт....
На толку тренинзи вака да играм, ќе ги искинам сите патики и ќе ги запалам и ќе барам друга професија!
Немој некој да речи дека биле млади и неискусни, Пролет не ни дојде со старци, исто и тие млада екипа, освен Ласко и тој со брадата левиот бек, Поповски шо го зедоја, другите тука негде генерациски колку нив....

П.С. Секоја чест само за Зарков :cuc::cuc::cuc: Капа до под ! :bravobe:
На овој Пелистер да си тренер, ќе полудиш дефинитивно, јака му душа на Зарков, беснеј покрај линијата и тој, ама го држат уште нервите, не е мала работа да го превземиш клубот со овие играчи !
Пак ќе речам браво за Заре, легенда !
Да беше некој од Каменица или Јошко на оваа екипа, ќе извадеше нож и ќе издупеше 3-4 на терен одма :pos::pos: :D
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
452
Поени од реакции
1.193
Тимот пополека добива физиономија. Трите бека Дарио, Чефо и Буторац пополека влегуваат во ритам. Иван на лево крило е ок. Исто и на пикер со Папата.
Проблемот е на тие шест седум играчи паѓа целиот товар.
Реален дострел 5 место (Бутел, Пролет, Металург и Охрид се поквалитетни).
Заре секоја чест, можи не е некој стратег али вади максимум.
Иначе со фузијата пак ќе ја тупат, уште некој месец сигурно, гласањето на совет не е ништо, дури не се потпиши договор ништо.
Али со ова тупење, и со тие плави дресови никој шо не ги сака, само ќе напрат и после фузија никој да не му оди на утакмици.
 
Член од
25 август 2019
Мислења
279
Поени од реакции
356
Ако се потпиши она чудото од договор полошо и од фузија е. Размислете убо и прашајте ете врвни ракометари или фудбалери со биле и се на ФК и РК ПЕЛИСТЕР, ќе видите дека вистинскиот ПЕЛИСТЕР ќе стани едно сираче, за да има публика еурофарм работник, уствари еурофарм пелистер демек...
Ама одамна снема мажи во Битола, така ништо поќе не ме чуди.
Сите брендој како Пелистер, Вардар и ред други не би дозволиле пред името да си имат било каква додавка, оти то значи крај на било кој клуб, не акција да земал некој си или шознам шо таму се е то илузија или од инает на некој си други. Поздрав
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
130
Поени од реакции
265

Да, баш затоа екипите се регистрирани како Телеком Веспрем, Горење Велење, Прво плинарско друштво Загреб, Мол Пик Сегед, Виве Таурон Киелце, бивша Искра Киелце и ред други. Ама Пелистер не го личи така и то е. Ако ги прашате самите играчи на Пелистер тие први се за фузија, ама ајде,важни се идеалите.
П. С. Од идеали не се живеј во 21 век.
 
Член од
2 септември 2016
Мислења
591
Поени од реакции
1.034
Да, баш затоа екипите се регистрирани како Телеком Веспрем, Горење Велење, Прво плинарско друштво Загреб, Мол Пик Сегед, Виве Таурон Киелце, бивша Искра Киелце и ред други. Ама Пелистер не го личи така и то е. Ако ги прашате самите играчи на Пелистер тие први се за фузија, ама ајде,важни се идеалите.
П. С. Од идеали не се живеј во 21 век.
konecno nekoj da objadni da vratime 15-20 strani nazad na ovaj forumo ke vidime komentari “daj cile neka go zemi klubo “ “daj privatnik neka go zemi klubo “ sea ko dojde oti vaka oti taka krajo ne ni se naoga vtora ekipa ke bil pelister sirace ke bil nezz so dve ekipi se be luge nezz so e tolku tesko edinstvena ekipa so zgasnuva e rabotnik i pelister ne e unisten sega so ova pelister e unistuvan nanazad 15 godini pozz
 
Kajgana Shop

На врв Bottom