Кое спојување бре луѓе, какви соединувања, кои фузии? Како не ви е мака истото да го пишите?
Џабе 2 месеци се вергла истиот муабет и тука и по сите разно разни квази спортски портали.
Циле ќе ги поседува двата клуба, ако се точни моите информации веќе е завршена та работа, ќе ги купи Еурофарм акциите на Пелистер шо ги поседува општината, е сега дали во сооднос како во платформата или сите топтан 100 %, ќе видиме, ама нема да има фузија, ниту пак можи да има, ниту пак ќе има ротација на местата или шо го викате овде популарно СОЕДИНУВАЊЕ , во пракса е неспроведливо, Еурофарм Пелистер да игра оваа сезона во ЛШ и СЕХА, од кои причини кажав во претходниот пост, ама некој овде на темата ме напраја "изгубен во преводот".
Во овај временски тајминг во кој се наоѓаат двата клуба, Работник и Пелистер не можи да има ротација на имиња и места, можи само двата клуба да си ја изиграт сезоната под имињата под кои се пријавени. Работник ќе си тера ЛШ и СЕХА, Пелистер домашна лига и ќе си напрај една мини-екскурзија во КУП на ЕХФ, колку да не не казнат.
Ќе се префрлат 5 играчи од Работник во Пелистер, дел од прекубројните млади битолски играчи шо нема шанси да фатат место во овај состав на Работник, + 2 ца младинци, колку да пополни ростер клубот и та ќе биди приказната со Пелистер за ова сезона,
Пелистер ќе биди втората, слабата екипа и та е приказната.
А за наредна сезона, ако сакат да ја спроведват та платформа кај шо Пелистер ќе биди појјакиот клуб, то е веќе друга работа, ќе си го пренесват капиталот на играчи како шо му е ќеф,, ќе има временски рокој шо ќе треба да ги задоволат пред ЕХФ, евентуално пред СЕХА, за ова сезона го испуштија возот..
Во моментот целиот концепт на та платформа е паднат во вода и неспроведлив во пракса за оваа сезона, ако навистина основата од платформата е содржината на тој договор шо го разгледва со месеци маќеата, значи заклучок е СЕ БЕШЕ ЛАГА, па не сме деца да не лажат, и децата не верват во сите овие глупости шо ги изнашлушавме сите овие месеци.
Во овај момент единствено шо можи да се дискутира е на кој начин Општината ќе му го предај клубот на Еурофарм, дали со сопственост од 75 % на акциите и со одложена реализација на та платформа за наредна сезона или пак во 100 % сопственост без никакви платформи и услови, па да чекаме милостина Циле и зет му да го решат прашањето за Пелистер.
Да е најтрагично, не е од крајот на јули овај муабет, со Циле од Општина преговарат уште од март, април месец, значи 5 и кусуро месеци не дупат, го дојсоја клубот до точка да нема 10 играчи под професионален договор да ги пријави за да можи да се смета како уредна апликацијата за учество во Супер лига.
Не знаеле дека клубот има борчој до 2017, или шо е уште појјако, нејќеле да преземат одговорност за борчојте на минатата управа?
Алооо, господа, ВИЕ СТЕ СЕГА УПРАВА, односно управата сте само на хартија ( бевте, оти очигледно е дека Пелистер нема појќе управа, се е
куќа во клубот).
Вие сте сега одговорни за сите обврски на РК Пелистер, кој ги напрајл борчојте е најмал проблем шо во овај момент не не интересира, а уште потрагично е шо нејќите да го решите, а многу лесно се решава.
Ова цела ситуација со РК Пелистер најдобро можи да се спореди со еден најпрост пример од секојдневна пракса, шо скоро сите се соочиле, купваш стан од некој, сте се пазариле се за цена, за то кој ќе го плати данокот на промет на недвижност, нотарски заверки итн, арно ама оти КУПУВАЧОТ БИЛ СО МУВАТА НА КАПАТА, заборајл дека потребно е да си клај член во договорот дека станот претходниот сопственик ( продавачот ) на новиот сопственик треба да му го дај со исчистени сметки.
И сега, кој ќе си ги плати сметките, продавачот или купувачот? Ако не се договориле претходно?
Јасно е кој ќе плати, будалиот секогаш дупло плаќа.
И сеа шо мисли маќеата, дека ко ќе станат правосилни судските пресуди на Каменица и на другите играчи шо тужат+ останатите доспеани борчој, демек тогаш извршителите ќе тропнат на врата кај Цревото, кај Мише, или кај Пискачо?
Не бе госпожо, кај Вас ќе тропнат, односно кај НАС, кај граѓаните на Битола и ќе си ги шмукнат од сметката фино лепо парињата, а Вие А нема да смејте да речите.
А после Ваша работа е дали ќе барате вина кај прошлата управа, дали ќе мафтате со ливчиња на прес конференции, Цревото беше крив, Ефто, ВМРО беше, ФАМИЛИЈА БЕШЕ, или не знам кој...
Зато излезете кажете шо имате да кажите, шо бидна со тој договор и ајт сите у ТЛПМ и гонете се еднаш засекогаш од клубот, сите политичари, од еден до последен.