Уште ко го видов за прв пат Станојевиќ знаев дека не е за одбрана дечкото, најслаба карика е Станојевиќ во одбраната, колку шо е добар и ефективен во напад дупло послаб е во одбрана, едноставно не постои во одбрана.
Мора мустако да бара некое друго чаре за Станојевиќ, вака џабе добрата игра во напад ко не можи да се искористи сето то.
Вака џабе си прајме проблеми, мора принудно Гуглета да покрива на 2ка, на неприродна позиција за него, против физички далеку повисоки и посилни играчи и нормално е шо не бушат од надвор.
За да се изигра добра одбрана треба еден од централниот блок, да му поможва на Гуглета, да се добие на густина, а то е тешко да се изведи, со оглед дека на 3и4 ги имаме Папата и Дрогата, реално и двата не можат да изиграт квалитетна одбрана во поголем дел од мечот, па не е ни чудо шо влегваме во ЦРНА СЕРИЈА секоја утакмица.
Вчера добро го затворивме пикерот, ама бекојте не избушија, Танкоски 8, Шпенде 5, Пучник 2, то се 15 гола од лев или среден бек, шо е многу многу е.
Штета, блиску бевме, од 2011 ко ни го зедоја финалето на Купот во Битола не сме биле толку блиску да ги тепаме Минчовци.
Ај тогаш беа многу јаки, во зенитот, ама сега, тука сме негде, само ни фалеа нијанси и малце појќе храброст.
Во прво беше грешката, шо ко беа изгубени и ни ги даваја топките ко пакетчиња тогаш требаше да ги наполниме. ако се одлепевме во тие моменти на +7,8 ќе беше друга песна.
Не е искусен Металург да се враќа од такви негативи, вчера го искористија моментот во второ и фатија резултатски приклучок па после полесно беше.
Можеби клучен момент беше на +2 ко промашивме зицер, на појќе од 1 минута до крај, тогаш ако намалевме на -1 ќе напраевме притисок, па можи ќе се брцнеше бод.
Дупјачанец ги извади античките, многу зицери скина, и кај нив беше промаја одбраната, штета шо не го искористивме сето то.
Многу голем пех беше повредата на Маџоски, да се надеваме дека не е сериозно и дека ќе игра во понатамошниот дел од плеј офот, многу важен играч за нас,ако многу го критиковат, се виде разликата во нашата игра од ко излезе тој, да се другите барем пола од него во борбеност и желба за игра Пелистер ќе биди екипа од која ќе се плашат сите.
Да имавме уште некој играч во ротација ќе ги чукневме, вака издишавме, не се игра со 8,9 играчи.
Кобетиќ машина, ми е страв само да не ни го соберат пред нос, мора да се задржи дечкото на подолг рок, едноставно играчиште, од времето на Мојсо во најдобрите деној сме немале ваков плеј.
Добра основа имаме за јака екипа за наредна сезона, само треба да се напрат неколку корекции и да се донесат уште неколку вистински играчи на вистински места, па да се добие и на ротација и на квалитет.
Битола мора да го тепаме Металург, по секоја цена, да се скрши малерот, ако не се лажам од 2005 година и победата во финалната плејоф серија со Металург немаме ниту нерешен резултат со Металург, камоли победа, комплекс ни набија античките упм.
П.С.
СтариО си продолжва по старо
https://www.gol.mk/fotogalerii/pelister-na-joshko-e-nagazna-mina-metalurg-na-brestovac-edvaj-ja-izbegna
Се чапнаја со Гуглета.