Фан клуб: РК Пелистер

Член од
18 септември 2020
Мислења
1.140
Поени од реакции
6.541
По засилувањата се гледа колку е саат и кај нас и кај вас, преголем залак се групите за двата тима, но подобро да се гледа нешто.
Пелистер сеуште ги нема објавено засилувањата кои се веќе договорени за наредна сезона.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
231
Поени од реакции
1.198
Пелистер сеуште ги нема објавено засилувањата кои се веќе договорени за наредна сезона.
Зборам за овие досега што се објавени, ништо што би донело повеќе од 0/14. Има уште време, но реално како поминува време така потешко се наоѓаат квалитетни играчи, во овој случај за ЛШ. Претпоставувам чекаат да видат што ќе се случи со вајлд картата, па после ќе бараат нешто поквалитетно, што според мене е и нормално во овој случај.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.292
Поени од реакции
5.176
Сме во кругот на 12 екипи шо чекаат вајлд карта, но ова сезона мислам ќе не исфрлат и ќе играме дирек ЕЛ, дај боже пак да сме ЛШ, сите то сакаме, пак да гледаме топ екипи во градот, добро би било за Битола и за Македонија да имаме претставник во лш, ама конкуренцијата сезонава е преголема, каде од 12 треба да добијат 7 екипи вајлд карта, да одиме по ред. Киелце би добил без никакви сомневања, долгогодишен учесник во лш, сезонава мораат преку вајлд зошто ја изгубија титулата во лигата од Висла Плок.
Пик Сегед исто, плус во најава се дека ќе прават супер тим за следна сезона, тука би го додал Динамо Букурешт, лани извисија во последен момент, а реално имаат екипа и спремни се да играат и знајме колку се вложва таму. Порто би требало пак да е во најдобрите 16, исто и за Загреб би добил пред нас, плус клуб со поголем буџет. Кадетен и Татран се со најминимални шанси, останват уште две скандинавски Фредериција и Елверум, па Бидасоа и Нант, треба да имаме огромна среќа и да имаме шо да прикажиме пред ЕХФ за да бидиме пред три екипи од овие екипи...
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.133
Поени од реакции
1.887
Според мене веќе 5 тимови се сигурни од овие кои аплицираа за вајлдкард:
Динамо Букурешт, Нант, Пик Сегет Киелце и Загреб.
Остануваат уште 2 места за Пелистер, Порто, Кадетен и Фредерициа.
IMG_20240613_193619.jpg
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.189
Поени од реакции
4.160
Според мене веќе 5 тимови се сигурни од овие кои аплицираа за вајлдкард:
Динамо Букурешт, Нант, Пик Сегет Киелце и Загреб.
Тие 5 100% одат. Многу лошо се покажавте лани. Да не игравте лани, мислам дека ќе имавте високи шанси за вајд карта, зошто ние како федерација добро стоиме со ЕХФ, и општо развиен е спортот кај нас.

Сепак, не мислам дека сте без шанси, зошто некако имам чувство дека Порто нема да го фермаат многу оваа година.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.337
Поени од реакции
6.685
5те што ги спомнавте се сигурни. Од друга страна, мислам дека минимални се шансите за Татран, Кадетен и Елверум.

Така остануваат 2 места за 4 екипи:
Пелистер, Фредериција, Бидасоа Ирун и Порто.

Данска и Шпанија имаат повисок рејтинг и можно е да добијат втора екипа. Порто и мене ми личи дека ќе отпадне (2 од Португалија е премногу) ама сепак е име. Данците обично имаат 2 последно време. Има шанси да се сведе на Бидасоа и Пелистер за последното место. Штом се пријавиле, поверојатно е Бидасоа да биде ама ајде да почекаме...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.195
Поени од реакции
2.183
Битката ке се водит измеѓу Кадетен и Пелистер
 
Член од
19 јануари 2024
Мислења
369
Поени од реакции
1.156
Немаме шанси во конкуренција на Кадетен, Елверум и Фредериција.
Порто, Татран и ние сме сигурица за НЕдобивање.
Мислам дека Кадетен ќе добие покрај останатите за кои сите сметаме дека се сигурица.
Како и да е, ЛЕ е реален дострел за тимот кој го имаме моментално. Не велам дека нејќам да добиеме пасс за ЛШ, сакам да учествуваме и оваа година, ама шансите според мене се исти колку и на претставникот на Евровизија од МКД да влези во финале. :D
Нека испазарат квалитетен пикер, среден и десен (ако не е капарен Хосни) и да се спремаме за нова сезона.

Малце ја иступија со пресот за новиот договор со општината, ама ние не сме ние ако не зафркниме во комуникацијата со јавноста и медиумите. Не го сфаќам тајмингот шо го планират, ако е веќе догворена работата и е чиста формалност.
Излези на еден прес мајкому стара, кажи шо сработивте во периодот од првиот договор до сега и кој се планојте за нареден договор и конкретно наредна сезона.
Нека го истакнат и новиот дизајн на дресот со тој себап и новите засилувања (ако веќе ги имаме договорено, ако не, тпгаш тешко нас) и ставете крај на сите шпекулации шо кружат по Широк Сокак.
 
Член од
24 јуни 2022
Мислења
310
Поени од реакции
714
Според мене веќе 5 тимови се сигурни од овие кои аплицираа за вајлдкард:
Динамо Букурешт, Нант, Пик Сегет Киелце и Загреб.
Остануваат уште 2 места за Пелистер, Порто, Кадетен и Фредерициа.
Прегледај го приврзокот 420161
I jas go delam istoto mislene,petorkata koja ja napisa e sigurna,e sega Tatran I Elverum(premnogu e za Norveska da ima dva pretstavnici vo LS,a do lani nemas zagarantirano mesto),spancite isto nema da dobijat vtor pretstavnik vo LS,Bidesoja ja ima najlosata sala od site kandidati retko se polni taa sala I pristapot da gradot e mnogu tezok.
Portugalija ne zasluzuva dva pretstavnici vo LS I mislam deka Porto ke izvisi.Borbata ke se vodi megu Pelister,Kadeti I Fredricija,zato sum optimist deka nie ke bidime izbranite.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.184
Поени од реакции
7.905
Ako dobieme nie LS samo poradi publikata i navivacite ke bidi deka ima najuba atmosvera za drugoto se znaj deka ne zasluzuvame no rabotata e so kaj nas kalkuliraat so rekoja eve i so platformata kako i so zasiluvanjata

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.149
Поени од реакции
2.175
Немаме шанси во конкуренција на Кадетен, Елверум и Фредериција.
Порто, Татран и ние сме сигурица за НЕдобивање.
Мислам дека Кадетен ќе добие покрај останатите за кои сите сметаме дека се сигурица.
Како и да е, ЛЕ е реален дострел за тимот кој го имаме моментално. Не велам дека нејќам да добиеме пасс за ЛШ, сакам да учествуваме и оваа година, ама шансите според мене се исти колку и на претставникот на Евровизија од МКД да влези во финале. :D
Нека испазарат квалитетен пикер, среден и десен (ако не е капарен Хосни) и да се спремаме за нова сезона.

Малце ја иступија со пресот за новиот договор со општината, ама ние не сме ние ако не зафркниме во комуникацијата со јавноста и медиумите. Не го сфаќам тајмингот шо го планират, ако е веќе догворена работата и е чиста формалност.
Излези на еден прес мајкому стара, кажи шо сработивте во периодот од првиот договор до сега и кој се планојте за нареден договор и конкретно наредна сезона.
Нека го истакнат и новиот дизајн на дресот со тој себап и новите засилувања (ако веќе ги имаме договорено, ако не, тпгаш тешко нас) и ставете крај на сите шпекулации шо кружат по Широк Сокак.
Kladba deka dobivame mesto vo LS? :D
 
Член од
19 јануари 2024
Мислења
369
Поени од реакции
1.156
Kladba deka dobivame mesto vo LS? :D
Е сега од ко го прочита интервјуто на Зоран... Сигурно има излобирано штом изјавува такви работи.
Не би се кладел на клубот шо го сакам, пошо сум лош коцкар. :D
Да се кладиме ако сакаш дека нема сала да напрат во наредните 20 год ? :D
 
Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.114
Поени од реакции
856
Е сега од ко го прочита интервјуто на Зоран... Сигурно има излобирано штом изјавува такви работи.
Не би се кладел на клубот шо го сакам, пошо сум лош коцкар. :D
Да се кладиме ако сакаш дека нема сала да напрат во наредните 20 год ? :D
kaj ima intervju?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom