Кратко кажано колку пари толку музика не ти идат афирмиран јаки играчи во непознато место...
Кајо да видиме шо играч е, според статистика (Нексе, Загреб и Сесвете а да не зборам со ниските екипи) има солидни бројки играч во два правци ќе биде добар backup за трет пикер.
Тајник е ѕвер незнам оти толку плукате по него, појке од солидно ги изработе сите утакмици на кој изигра и со голем учинок, незнам оти се палите на втелешки играчи кои се побрзи и дале некој атрактивен гол. Играч ко Тајник ни треба не е џабе избран 2 пати играч на година во Словенија а и за неговите квалитети не зема некоја висока плата. Кратко кажано и помалку плата од Танковски.
Се знаат уште од пред 5 години. ДОМИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА И ВАДЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ИГРАЧИ. Од каде веќе имаме 3ца млади играчи кои играат во Македонска репрезентација а на вратата чукаат уште 3ца.
Павле и Емко треба да работат уште доста. Имам пишано за Павле и преходно дека има само преголемо срце но нема ни изграден шут туку само сите голови кои ги дава се од неизградени позиции и насила. Лупа малиот со глата напред со него треба сериозно да се работи оти страшен дефанзивец е и ќе прерасне во супер играч само треба трпение кај него и кај нас за да го добиеме тоа.
Емко колку шо е талент толку е и несериозен во тренинзи и брзо се откажува, со него треба мн да се работи на ментално здравје а тој играч има премногу да даде, треба тој самиот да размисли дали треба да излезе од комфорна зона и да повлече некој работи. Предобра прегледност на игра има солиден скок шут само не работи на себе воопшто и затоа е закочен 2 години и се мачи да добие поголема минутажа.
Сите знаеме до 22/23 беше 1.5 прв тим + 0,5 втор тим, ова сезона беше летвичката малку крената со плус 0,5м кои пари не се ништо за во Европа,
Од премногу доверба во некој луѓе и тоа шо им се даде да биде испочитувано до крај, но крајот излезе сосема спротивно од секое сценарио, тука влијаат не само несериозноста на тој кадар кој ја води двојката туку и многуте повреди на клучни играчи во клучни моменти од првенството.
Кај сме виделе АМИН ние од централна власт за некој крупен проект во градот сме имале подршка НЕ. Напротив овие 20 години во Битола дали нешто е изградено како шо треба. И не очекувајте Стерјеви да дадат 100% во изградба на сала во која ќе затворат некој 10м а ќе имаат бенефит од тоа за ние да гледаме ракомет во убо скоцкано место.
Очигледно ДА. Не е кадарен воопшто не знае да си ги искористи играчите кои ги има на дланка. Му треба подршка и него со солидни посветени тренери околу него и луѓе кои ќе му ги анализираат утакмиците предвреме за тој да почне да спрема тактики, е тука има најголем проблем неговото его и респектот кој го нема во луѓето околу него да може да му се понаша/бара да му ги извршуват работните задачи кој тој ги има замислено. На ова ниво тактички најмногу потфрлуваме затоа е асистент тренер затоа си има тренер голман и позади него уште 2-3ца кои ќе работата на идивидуални тренинзи со играч или група играчи на тренинг. Кога ќе се склопат тие коцки се почнува да се работи на тактика. Ова у фали премногу на Бранче.
Најголема врлина е дека тој е темелот на тимот и околу него почнува да се градат останатите целини за да е постабилен тимот. Може само инаетот во него да го претвори во целосна добивка и да стане солиден тренер за наши услови.