Ова сезона покажа дека треба комплетен ресет во стручниот штаб. Не само тренерите, треба и по-професионален пристап и од физиотерапевтскиот тим за наредна сезона. Спортската медицина е замината светлосни години, во професионалните клубој се посветва доста внимание на овие работи. Ама сега е то небитно, сезоната е на самиот крај... Тие работи ќе треба да се корегираат за наредна сезона. Сега треба тимот да биди спремен за неколкуте клучни натпревари од остатокот на првенството и купот.
Мое мислење е доколку Кисум не е повреден, Хенеберг треба да испадни од состав за дербито а не Суси, доколку се повреди за жал ќе треба да се потприме на Хенеберг кој моментално е најслаба карика во тимот.
Ако смеам да дам моја прогноза за дербито, мое мислење е дека ќе изгубиме во Скопје со некоја мала разлика од 1-2 гола разлика која ќе треба да ја анулираме во Битола. Со останатите екипи нема да имаме проблеми и ќе ги добиеме сите до крај.
Се сложувам со се освен со лузерскиот пристап....
Кога можевме со Бабич да ги плесниме таму, не треба сега пред време да се предаваме....Не велам дека ќе е лесно...Но и самите кај нив се свесни дека нашиот ростер е повеќе од скромен и срамота е како шо се пишеше од Орка и Овца да се изгуби....
Има време за стратегија зато Шунда и Јович и дојдоа, ќе си видат од странците кој е во форма и верувам ќе ги одберат најдобрите...
Ако Вардар игра ко со Охрид, срамота е да не се оди на победа...И секако голема екипа оди на победа и таму а за дома да не правам муабет.
Мислам дека нашата форма оди во нагорна линија нивната надолу и сега е моментот да направиме крупен исчекор...
Не треба да се секако прави притисок од јавноста на задолжителна победа или крај на светот, но најбитно е да се изигра машки и да се гази цело време.
Ако се спремат добро и машки изиграт и херојски секако секој резултат ќе се почитува...
Да не ги потценуваме но не и преценуваме...Моралес е направен ко прасе и ја нема онаа брзина и скок шут и разорност ко порано сега појќе оди на влез и плеска од близу....За другите се е јасно...Ако се затвори Талески, Моралес и Манасков, Стоилов секако не можи цело време да игра 100%, тука ни се шансите..За другите доволно е да се следат и навреме затвараат.
И секако конечно да бидеме спремни на 5-1 или 3-2-1 одбрана како шо доликува на големи екипи.
А уште ако се собери истата Зелена Армија ко тогаш, богами ќе биди ите како мотивирачки за нашите.
Ако сме созреани за подвизи и ЛШ сега е моментот....
Само да немаме уште повреди и редно е да се надминеме себе си и конечно по 25 години да заиграме ЛШ па макар биле и последни...
Оти после никад ќе немаме шанси