Дај бе Гоки олабави со тие муабетите за судиите веќе. Во сите теми (ФК, РК, КК) само тоа дискутирате. Овој бил судија, вака било онака било, уште пред да почне утакмицата. Ќе помине утакмицата и испаѓа дека во 99% од случаите џабе сте го правеле муабетот за судиите. Јас не знам дали друг тим на светов прави анализа на судии пред утакмици. Па ако толку ви сметаат, што не се буните како клубови, кога и да има некој спор против федерација, вашите клубови ќутат. Да те потсетам, во фудбал колку ви украдоа, толку и ви дадоа судиите годинава. Лани во кошаркарското финале, гледам публиката се буни, кара, пцуе, а врска нема, сите судиски одлуки на место. Секој гледа пристрасно кон својот тим и секогаш судиите ни се криви, али реалноста е дека НЕКОГАШ СЕ КРИВИ, ама воглавно најважните утакмици ги судат океј (колку што им е капацитетот).
И лани ли судиите ви ја земаа титулата?
Се запна со Орце, отече со смешни теории. Прво збореше Орце стоел позади Комити, сега па Орце ги штелувал судиите. Ушите му горат од тоа колку пати си го спомнал во темиве

Орце доаѓа од комитско друштво, сите другари му се членови на Комити Драчево, дел од нив порано и многу активни на форумов.
Типот и порано доаѓаше на натпревари на РК Вардар, на неутрална трибина, иако по мене, ради кревање рејтинг почна да објавува слики од натпреварите во периодот кога стана градоначалник.
Значи дечкото е фан на Вардар уште одамна, неговово друштво се активни Комити над 10 години. Надвор од тоа, ни го интересира клубот ни бутур, тие појавувања се за партиски поени.
Таа утакмица со вас во купот, седеше надвор од нашиот дел, ама веднаш до делот. Каде сакаш да седи како фан на Вардар? На ваша трибина? На некој ред до него беше и Митко Јанчев и он ли помогнал да ги средиме судиите?
Мислам пресмешни релации, овој седел со оној, овој со овој и така ја наредиле работата. Ко јас да речам, абе Кизиќ е од Драчево, ама и Орце е драчевчанец, ама Орце и Борко биле заедно, а Борко ги има судиите и ја наместиле првата утакмица да го гаѓаат Кизиќ и да не реши.
Сите што си ги набројал се членови на Дпне, нормално е дека ќе имаат заеднички слики.
Начевски, Николов и Борко се во секторот за спорт на патријата, значи работат заедно секојдневно.
Доста секоја година само некои оправдувања барате, 10 пати поширок состав имате, 100 странци повеќе, какви судии какви бакрачи, треба уште во прво полувреме да не решите. Кој е крив што лани со победа сред Скопје, загубивте титула пред полна сала во Битола? Судиите му рекоа на Мандалниќ да наседнува како мало дете пред Борко кој брани 2 пати годишно?