Сите експерти на интернет.
Со кулминација на експертизмот на ФБ, по, по.
Шо ќе беше она бе?
Како можи од толку мал град, толку експерти да излезат?
А јас гла сечам, дека најголем дел од тие шо сега плукат по Хосни, Васиљев, Дејвис итн, до пред некој година одеа во Скопје.
Металург, Вардаре Македонски, да видат европски ракомет, да сменат нешто.
И неколку години подоцна, глумат хард-кор навивачи на Пелистер.
А салата ја имаа забораено до лани.
Пред да плукаш, треба да видиш и други факти, дека не е ова Супер Лига.
Не играме со РК Јуниор Кисела Вода.
Игравме без подготовки, без пријателски натпревари, директно СЕХА ЛИГА, на гости, , со шампионот на Србија ( знајме шо играчки кадар вадат Србите), игравме и со полуфиналистот на Лига Европа, на гости.
Ова не се мајтап екипи, па да се срамиме од пораз, не е срамота да се изгуби од вакви екипи.
Со таа мала ротација шо ја имавме на тие мечеви, толку беше силата.
Вчера игравме со екипата шо одвај изгуби 1 разлика, на домашен терен од Фуксе Берлин.
Арно ама, НЕ БИ БИЛЕ НИЕ БИТОЛЧАНИ, АКО НЕ НАЈДИМЕ МАНА,
Пак било слабо, овај слаб, тој врска немал, овај да се сменел, тој да се донесел.
На терен е сосема подруго.
Се плука по Хосни, се плука по Василев.
Без да се земи во предвид дека двајцата играат 2 правци, по 40 и кусур минути.
Не е исто да играш и да се трошиш 40 и кусур минути, во 2 правци,
Да те мават, тегнат, блокират, тепат, да ти излегват агресивно на рака, по лице да те мават.
Губиш сила, енергија, концентрација.
Нормално е дека се можни грешки.
Играчи ко Харалд Рајнкинд, Лагерген и компанија се случва да имат по 6,7 технички грешки, да промашват чисти шутој.
То никој не го гледа.
Или пак не знат да ги гледат овие детали, овие тн ОНЛАЈН ЕКСПЕРТИ .
Ќе да е ова второто.
Најголемиот товар на десна страна е на Хосни.
Хененберг пикнат во аут, без движење без топка, Танкосен врти околу зона ко мува без гла, фрла топки на велико до пикер.
Паѓа товарот на десната страна, ко Хосни, како единствен играч од бекојте кој напаѓа кон зоната.
Нормално е противничката одбрана да се насочи кон него, ќе оди агресивно, ќе го удвојват.
Ќе го местат на пробивање, ќе му излегват на рака, не е ни чудо шо во недостиг на сила. концентрација ќе се фрлат топки в раце.
Ко немаш ротација да го смениш. да го одмориш. ќе падни играчи.
Зато ракометот е конструириан за 16 играчи, за сите да имат некоја улога.
Не можи ти во Европа да играш со 9,10 играчи.
Ќе помини со Агуаст Сантас, Мотор, со појаките екипи тешко.
П.С.
Сите заборават дека Хосни пред повредата даваше по 5,6 гола, тогаш чинеше.
Сега од ко се повреди, незалечен, веза немал., не продал, појма немал.
Не оди така.
Точно е дека е паднат во форма, ама си знат во клубот, почеток на полусезона е, ќе се подобри.
Ако не е Хосни кој ќе игра на десен бек? Мирко?
Василев не чинел? Да се избркал.
Дечкото кини во два правци, промашва зицери да, на секој му се случва.
Ама никој не гледа дека цела средна одбрана сам ја држи, вчера залепи неколку чисти блока во одбрана.
Никој не ги гледа тие детали, колку блока напрај во напад за да овозможи да влези некој од бекојте на средина.
За Дејвис се отепа рајата од плукање.
Никој не гледа дека на дечкото никој не му даде шанса.
Го играја во одбрана цело време, за да игра Танкосен.
И го осудивме чоеко без да му дајме шанса.
Нека му дај минутажа Ларс, па да видиме дали го бива во напад или не,.
Во одбрана видовме досега дека кини батето.