Во оваа ситуација е секако добредојден и секако дека ние со Фитиљ само не градиме екипа, треба да е поттик за покрај него да донесат уште минимум 2 играчи.
Друга работа ќе има поголем жар во дербито релација тој против Тале, кој кај нив стана играч број 1 и во екипата и со публиката со прославите на гол.
На екипно ниво, од секогаш бил 2 чекори напред пред Тале, па исто и за репрезентација дава поголеми придонеси и е играч со поголеми јаја.
За двата порази во СЕХА кажав пред да изиграт дека се се врти кај нас околу 3 играчи кои ги набројав уште Понеделникот.
Ханенберг, Танкоски и Лесјак. Треба да си матуф да не ја прочиташ играта на Пелистер, па така тројцата изиграја под своите можности. Првиот си го ладеше буквално, Танкоски се трудеше колку толку но далеку под нивото од претходните негови утакмици и Лесјак е прав месечар, за Словенија знај тројна интервенција да прај од 6 метри против Шпанија овде го полнат од кај ќе стигнат како пиперка, многу не стабилен голман.
Без креативец маки ќе мачиме....
И за крај мора да има коментари, шо ако читат газди, управи, спонзори ???
Не е само за браво, топ сте, секогаш мора да има и позитивна и негативна страна за било шо, ако имаш го имаш само едното тогаш е нешто до тебе
Крај краева и ако не коментираме ние Битолчани ќе коментираат некој од Охрид, Кавадарци, Велес, Куманово итн... има фанатици и од другите градови гледам....
Пелистер не ја претставува само Битола, ја претставува цела Македонија, само најмногу не боли нас битолчани се, оти најмногу сме со клубот ние навивачите, здравјето го остајвме по трибини и одвоеното време за гостувања, нервите плус, па така не можи секогаш да биди за браво момци само напред.....
Ко се нафатиле за работа, баш повеќе треба да ги исполнуваат и да ги прават по јаки негативните коментари, со цел за промени и уште поголеми успеси, барем то е мое мислење, оти на крајот на денот остануваат само навивачите со клубот до крај, играчи управи, тренери се минлива работа....
Така да коментари од типот ќе се налутел Петко, Трајко, Ванчо се најмалце битни нив шо треба да ги занима, зато дали форумот или социјалните мрежи се јавен медиум секој да си го кажи мислењето.
Кога се за пофалби се, кога нешто не штима ќе си трпат и критики.
И нема Битолчанец кој шо не сака титула, то го тврдам ! Затоа и така се мислите цело време за крајна цел да е медалот тука...