Со билетите и јас не знам шо се случва последно време, баш тоа и ќе пишев, некако како да си зема замав, неуспехот, односно прошлите 3 сезони, како разочарување да има, картите воопшто не се скапи, 250 денари да гледаш европска утакмица и играчи класа репрезентативци од Германија, Данска, Србија, Црна Гора не е мерило со цената, секако парите на кафе или коцка ќе ги фрлат....
Разочаран е народот од лошите резултати, нема повеќе она рекордно распродавање на салата за помалку од 1 час sold out, сега утре утакмицата уште има карти, а пуштени во продажба се од петокот, за лани памтам со Ним, Кадетен, Спортинг карти се бараја под дрво и под камен, на врата ми нуделе двојно по 500 некои луѓе само да му дам карта, сега гледам гратиси дават од шо има карти, погоди резултат, кој ќе дај најмногу гола, сподели, коментирај и доби 2 карти
Спадна некако еуфоријата да речам, не кај навивачите туку општо кај публиката...
Па порано со едни екипи како Мешков, Загреб, Нексе, карта немало за лек, сеа ти иди прво пласирана екипа од Германија(најјака лига во светот) играчи со лш искуство, нешто не штима....
Успех е за нас, да не не торпедират, така сме осакатени со тимот, нема да одат до 50 си велам
А и тие се со згуснат распоред, не ми се верват да се трошат до максимум, вчера играја со Лемго
до полувреме си водеше Лемго, второто ги поминаја ко воз бандера, сега тука утакмица, па одма четврток одат кај Рајн Некар дерби во првенството таму...