Фан клуб: РК Пелистер

Член од
1 февруари 2014
Мислења
287
Поени од реакции
180
Шостори бе стручњаци на овај форумо паа паа од тука ако се продолжи вака можи некој и тренер да го напрајме незнаев дека толку познавачи има....
 
Член од
24 јуни 2022
Мислења
29
Поени од реакции
36
Не би се сложил дека екипата е послаба од лани.
Како и дека ова е лош трансфер периодот досега.
И ние бараме преку леб погача.
До пред две години дркавме на Мараш, кој дојде како тотален анонимус од Академија Метличич-Балиќ Сплит:smirce:, сеа не ни чинат Сери, Хосни и Дејвис.
:shook:
Носиме 2 играчи од Француска лига ( втора најјака лига во светот).
Нешто шо беше незамисливо до ова сезона за Пелистер.
Самиот факт шо си член на тим од Стар Лигата во Франција значи дека си постигнал нешто во светот на ракометот и дека вредиш.
Дејвис е играч шо долги години е по француските лиги, играл во Порто итн, шо значи нешто, самото то кажва нешто за играчот и за неговиот квалитет.
Го носиш голманот на Словенска репка, ко беа 3ти во свет.
Голман шо долги сезони бранеше во Бундеслига и беше прв голман на Хановер.
Го носиш првиот пикер на македонската репка, чоек шо се докажа во Бундес Лига дека не е за фрлање. ( јас му замервам на дечкото шо не игра одбрана, ама сепак тој е мој вкус, инаку за напаѓачките квалитети неам замерка).
Носиш Руски репрезентативец, Мотор Запорожје не беше шогоде тим, а дечкото се докажал таму низ годините, значи има квалитет.
И ПАК НИЕ НЕ СМЕ ЗАДОВОЛНИ?:popce:
Е, не можи 20 играчи да земат странци, по 5 играчи да имаме на секоја позиција, ко Киелце, за да се задоволат страстите овде/
Треба постепено да се гради екипата.
Ако ги анализираме реално играчите, споредба ланската бековска линија со оваа сега, на бековска позиција добиваме 4 играчи од калибар шо ни фалеше лани.
Нешто шо ќе го напрај нашиот напад далеку поопасен, за рзлика од минатите сезони.
Руди Сери е играч во 2 правци, со богато искуство зад себе.
Не знам дали се сеќава некој на него, пред 3 години играше во Бидасоа Ирун ( Шпанија ), кои беа во иста група со Работник.
Страшни партии даде дечкото, топ во раката, шутој страшни, од 10 метри, мислам дека ќе се увери за брзо рајата овде за шо зборам.
Овај е поснажен од Стипе, потежок за чување за противниците.
Шо е многу поважно Сери игра салам одбрана, за разлика од Стипе манекенот, Периќ кои беа бескорисни во одбрана.
Многу е важно ова, да добиеме играчи во екипа шо нема да има потреба по секој напад да трчаат назад за да се сменат.
Се прај хаос во концепцијата, а и на останатите играчи од одбрана им се отежнува дефанзивата, дури да се намести одбраната и да се позиционират играчите и да се постави зоната веќе сме примиле гол од брз центар.
Да не прајме муабет за грешките при измена шо ги праевме лани, дури чекавме да се сменат Граџан, Периќ, Стипе.
Ехеее, дури да се сменат овие веќе ни кренал судијата рака за пасивен напад.
Па се чудевме после зошто не можевме со екипи како Нексе, Вардар дома ни до 25 гола да стигниме. ( ова беше заради слаба тактика, лош избор на играчи на Бабиќ и немање храброст да се нападни противникот машки).
Помина времето на еднонасочни играчи, за брзо ќе ги снема од елитниот ракомет.
Друга работа, сите го забораваат Павле Аанасијевиќ.
Не знам зошто се тресат луѓето дали ќе се погодел Дејвис, кога веќе го имаме Павле.
Дечкото е машина, можи да игра на сите бековски позиции, плус многу важно знај одбрана да игра детето, со него во екипа можиме да имаме квалитетна 5-1 одбрана, а зошто да не е 3-2-1,. ете кога веќе ги имаме и Радовиќ и Маџоски на 2 и 5, нешто шо немавме лани, кога со оние играчи единтвено шо можевме да си дозволиме беше да се игра статична 6-0 зона.
Долги раце има, брзина, координација, кондиција, можи да игра во два правци без замена најмалку 10-15 минути по полувреме.
Плус, има страшен удар детето, не е ни чудо, широк распон на раце, добар скок, брзина, координација, преглед на игра.
Лани то ни фалеше на среден,, некој да растерети во напад и да извај некој скок шут, да ја рашири одбраната на противниците.
Периќ безопасен од надвор, прочитана книга, единствено некоја под зона топка ако поминеше.
Тоа го знаеа и противниците и ја затвораа средината.
Не треба да фрлаат пари за нов среден бек, греота е ваков играч да имаш, а да не му дајш шанса.
Мислам дека детето ќе експлодира сезонава,ако му се дај шанса.
Дејвис, интересен играч.
Сигурно не стигнал до кај шо е ако немал квалитет.
Португалците отсекогаш имале одлични бековски решенија, а со она искуство шо го има сигурно треба да се смета на него.
По она шо ги видов од клипојте, дечкото или веќе дедото има то шо ни треба.
Добра моторика, брзи нозе, добра техника, а и солидна висина за среден, за разлика од хендикепот на Периќ во висина, шо го оневозможуваше на скок шут игра.
Многу негативни коментари, демек стар бил, ваков бил, таков бил, во Иври не играл стандардно.
Чекајте бе, нека изигра некоја утакмица, овде уште недојден му залепија ЕКСПЕРТСКО МИСЛЕЊЕ ДЕКА НЕ ГО БИВА.
Мислам дека ќе се покажи стариот, за да ги демантира скептиците.
Посебно со неговата 1 на 1 игра, за да ги разигра пикерите, за кои ќе треба доста напор од бекојте за да добијат топки.
Плус и Павле има добра соработка со пикерите, тука добиваме доста.
И Жарета и Васиљев се тешкаши, со не толку сјајни и елегантни движења околу линијата, ќе треба добро да им се сервираат топки за да бидат опасни кон голот.
Ама, ако е опасна бековската линија со шутеви од надвор, то ќе значи дека противнците ќе мора да излегуваат на бековите, па ќе се отвори простор за пикерите.
За среден бек е добро затворена позицијата.
Плус тука е Танкосен :shook: , сеа опоравен од рскавицата, јачи него икад, можи ќе му тргни.:)
Самиот рече дека е ова неговото време, па да видиме. :D

Муабетите од типот на Данци, Скандинавци, на позајмица, или не знам кој се крајно лош и непотребен потег.
Нема потреба од позајмица на играчи.

Ниту пак да се трупат некој краткорочни решенија, или пак некој повредени играчи, па да го чекаме да се врати ко во најдобрите деној, за 1 сезона.
Таман дошол, да замини.

Хосни.
Доста интересен играч, далеку побрз од Мараш, шо е нормално, Мараш беше 203 см, тежок на нозе, на прв чекор, слаб на техника и склон на технички грешки.
Овај е различен тип на играч, шо појќе би ни бркало работа, за разлика од лани кога цела сала урлаше Мараш да се одважи и да шутни.
Лесно е со Татабања и со АЕК, кога водиш со 10 разлика на 10 минути до крај да шутираш.
Важно беше во утакмиците кои висеа, со Вардар,, Нексе, да имаме бекап од десната страна.
А, Мараш беше премлад да го износи товарот, плус не беше калибар на играч за прва постава.
Чоек шо се плаши да се крени на шут, таман се кренал, ја изгубил цела сила во скокот и на крај вади шут шо е лесен плен за просечен голман.
Требаше да се задржи, како втора опција, ама веќе ко се решил за таму кај шо замина нека му е среќен патот.
Мислам дека Хосни ќе биди еден од новите лидери на екипата.
Никогаш Пелистер немал ваков десен бек, отсекогаш десниот бек беше најдефицитарна позиција.
Ехеее, од времето на Лазаров се мачиме за десен бек шо ќе има важна улога во екипата.
Кој се не помина овде, па и во времето од 2004/5, со Пепи, Мојсо, Бранче, Кире Поповски и пола репка во екипа немавме десен бек салам.
Чекавме Олег Маљцев да се опорави:D, се изначекавме цело сезона, ја поминавме со Пинки, кој на 20 години го изнесе цел товар во сезоната.

Е,сега за замена за Хосни и Сери, тука е маката и евентуални несакани повреди на овие двајца би можеле да ни донесат проблеми.
Велковски покажа дека има сенс за асистенција до пикер, крило.
Ама, маката со дечкото е шо се враќа од тешка повреда, а да се вратиш од таква повреда не е едноставно и ова е коцкање со ваков играч да тераш сезона..
Плус, хендикеп е шо не игра одбрана, единствено би нашол место со Радовиќ на 5ка, овај да оди на последен.
Ризик е со Велковски,ама ќе видиме да не брзаме.
Овде можи има простор за едно засилување, некој различен калибар од Велковски, пред се во висина и шут.
Кукуловски е интересен играч и заслужва да му се дај шанса, борец е, има предиспозиции.

Добро е шо ги вклучија Петровиќ и Ѓорѓовски, требаше и на Арсеновски да му дат шанса.
За да биди сликата комплетна.
Е, сеа ќе видиме, дали Петровиќ и Ѓорѓовски се земени само да тренират со првата екипа или ќе ги задржат,
Штом не ги објавија како Цветан и Павле, најверојатно калкулират засега со децата, чекат уште некое засилување, шо не е добро за децата.
Подобро ќе биди ко веќе се земени со првата екипа да му дат шанса, да се докажат, макар до полусезона, пред да ги вратат во втора екипа.
Ако веќе не сметат на нив и планират да носат нови играчи, треба да се уиграват со втората екипа.
Веќе следат мечевите со Алпла Хард.

Ќе видиме, јас сум оптимист и мислам дека ова екипа ќе напрај многу работи ова сезона.
Само треба да му се дај подршка.
Не смејме уште непочнати да ги критикуваме и да му прајме притисоци.
Бабиќ доби 100 шанси, шо не ги заслужи, никој не му праеше притисок до ланска сезона.
Треба да се остај Валтер, да му се дај некој грејс период од некој месец,
Сигурно не е чоеко за фрлање и знај шо прај и шо играчи има на располагање.

Многу важно ќе биди за натамошниот тек на сезоната шо група ќе добиеме во ЕХФ Лига.
Па ќе знајме шо да очекуваме.

Како и да е, на добар пат сме да напрајме нешто солидно, шо ќе трај подолг период.
Само треба трпение, ништо не можи преку ноќ.
Пелистер до 2019 година беше на рангот на Пролет, Охрид, Бутел, сеа бараме преку леб погача, не сме задоволни од ништо
А, дотогаш треба од Општина да го реализират то идејно решение за салата, нема веќе шо да се чека.
На Битола очајно и е потребна модерна сала од најмалку 5000 гледачи, не само за спорт, еве концерти ќе се прат, ќе се рента за митинзи:icon_mrgr:, деловни простории, теретани, кафани и слично.
Исплатлив проект е, лесно можи и треба да се напрај, само треба бекап од луѓето во костуми.
Изговори не смеј и не треба да има.
Jose te nemase, site te cekaja te cekaja i na krajot izleze so odlicna analiza i na site ni ja vrati verbata vo ovie igraci posebno vo Dejvis.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.057
Поени од реакции
4.382
Многу негативни коментари, демек стар бил, ваков бил, таков бил
Голем кур ако се стари, битно е да се квалитетни, Супер Лига не е Бундес Лига па на секој натпревар да мора да се игра со 100%, во супер лига битни се само 2 натпревари, на останатите утакмици можи да одмараат и чуваат сили за лига на шампиони, како што правеше Вардар со Куни Моралес зверот.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
962
Поени од реакции
858
Море Јоше ме кандиса да не пукниш ај да му дајме шанса ко велиш, само ќе речам дека најважна ќе биди салата па после да се бара сколија и градинки на странски за еден ден и аеродром
За мултифункционален спортски објект мислам дека не оди така лесно како што се надеваме, сеуште не е поминат тендерот за идејно решение, а тек тендер за избот на проектантско биро, па изработка на проект па сето тоа да помини во институции, па тендер за изведба па почнување на изведба, и после оди колку пари толку музика ич малку најмалку 5 години ќе поминат во најоптимистичката варијанта.
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
878
Поени од реакции
1.149
Шостори бе стручњаци на овај форумо паа паа од тука ако се продолжи вака можи некој и тренер да го напрајме незнаев дека толку познавачи има....
E aj ako ne ko tebe site neka plukat po se samo i negativno neka razmisluvat...i na kraj prv ke gi falis site ke zaborajs sho si pisel celo leto ako naprat nekoj uspeh.....
 
Член од
31 август 2021
Мислења
135
Поени од реакции
538
Vo republika Makedonija, za analiticari gi priznavam Vasko Eftov, Stevce Stefanovski i Tomasino.
Samo posledniot od trite go pravi toa za bez pari.
Steta sto i Rk Vardar nema takov poznavac na rabotite...
Inaku sekoj ozbilen faktor vo bilo koja oblast si ima lobi grupi i opinion makers koi si se debelo plateni za toa...
gol.mk e isto prekrasno mesto da se doznaat rabotite no pak preovladuva entuzijazmot pred profesionalizmot...
Томасино е топ познавачач и експерт за ракометот, само за жал го продал кучата и он :D Најголем противник беше на толку омразениот за него Еурофарм Работник, за сега да си легне на брашното и да се праи наудрен со склероза :D
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.168
Поени од реакции
18.478
Не заборавам јас шо сум напишал и стојам зад се шо сум кажал и напишал.
Уште сум противник на спроведената фузија, разделување на екипите Пелистер 1 и Пелистер 2 или не знам и како да ја наречам операцијата шо беше изведена.
Според мене то требаше да се изведи на подобар и полесен начин, уствари предавањето на клубот на Циле и компанија требаше да биди извршено уште во 2011 година.
Кога за ИКС ПРИЧИНИ се растури веќе започнатото предавање на клубот на Циле.
И шо се случи од 2011 година до 2019 година?
Пелистер си остана со прстот в уста, секоја година беше бетер и бетер, на крај идевме до ситуации да играме во Челинџ Куп две утакмици во гости, да губиме од турски екипи по 20 разлика, да губиме од РК Коњух Намештај БИХ со 20 разлика.
Во меѓувреме, го формираа РК Работник и за 7 години тој клуб, од нула стигна да игра во ЛШ.
Од екипа која почна како ракометна школа, за 7 години стигна до ЛШ, заслужено, а Пелистер кај беше, уствари кај застана?
Да се бори со РК Тинекс Пролет за 4то место, или пак да се бори да ја истурка сезоната.
РК Работник со работа, сериозни вложувања, заслужено се најде таму кај шо беше, одма до Вардар.
Луѓето од Еурофарм се единствени шо покажаа интерес, односно шо имаат капитал и моќ за долгорочно вложување во битолскиот ракомет.
То е факт.

Сите битолски фирми шо се појавија низ годините имаа краток век, односно не покажаа интерес на долги патеки, се беше купи ден помини
За то треба да им се дај заслуга на луѓето од Еурофарм и фирмите блиски до нив, си работеа сериозно и резултатите дојдоа, за кратко, заслужено.
Во едно интервју за една српска телевизија ( поставено беше видеото овде мислам) Стерјев рече дека формиран беше РК Работник само за да докажат во градот дека можи да се напрај успех со екипа, ако се работи сериозно, а тој успех ќе беше и со Пелистер, ако не се изјаловеше таа работа за преземање во 2011 година.
И во право е апсолутно за ова чоеко.
Покажаа како треба да се работи со една екипа, и беа за пример за сите политичари и останати моќници кои 20 години не успеаа да го вратат Пелистер кај шо треба.
Пробаа да ја истуркаат та промоција на прв клуб во градот,ама со сила убајна не бива.
Видоа и тие луѓе дека Битола можи да навива само за еден клуб.
Па се случи то шо се случи со та платформа, како единствено логично решение за доброто на битолскиот ракомет.
Можеше да се избегни та ситуација,ќе се избегнеа негативни критики шо нормално следат и ќе следат, а ние ќе спасевме доста време.
Да инвестираш во клуб во 2011 и 2022 не е исто, цените на играчите скокнаа, условите за учество во ЕХФ натпреварувањата од година во година се се поригорзни.
На времето со 1 милион евра можеше да дотуркаш далеку во Европа, сеа со 1 милион не можиш ни група во ЕХФ куп да поминиш.

Реалноста е та и мораше да ја прифатиме таа тн фузија со Еурофарам како единствена опција во овај момент шо дава некоја иднина за ракометот.
Зошто ако не беа тие луѓе сега Пелистер сега во овај период од годината ќе праевме стандард муабет за то дали клубот ќе ги почни припремите, кој играчи ќе играат.
Екипата во септември се склопваше, или октомври.
Или се заборава на годините кога позајмувавме играчи од Вардар, Металург, само да закрпиме состав, да имаме на хартија 14, 16 играчи за да изиграме сезона и да не испадниме?
Пелистер, Битола изгубија за џабе 20 години, за на крај да дојдиме до заклучок дека ракометот нема да се врати кај шо беше до 2000 година.
Не без некоја жртва, а жртвата беше потпишувањето на таа платформа.

Во 20 години, или поточно еве 19 години( крај на ноември 2019 година се потпиша та платформа) не се најде некое решение шо на долг рок ќе го реши прашањето со Пелистер.
Се изредија еден куп луѓе, еден куп партии се сменаа, на крај останавме само со повремени блесоци, сезоната 2001/02 и 2004/5 ( спонзорирана од Трифун).
Во сите овие години клубот имаше повремени блесоци, се носеа некои солидни играчи, тренери ама борчојте се трупаа.
Долгот континуирано растеше, а Пелистер си тапкаше и тонеше во калта, без никакви изгледи за некоја иднина.
Сведоци бевме на штрајкој, неплатени плати, кирии, режиски трошоци за клубот итн.
На крај дојде до ситуација да биди формиран нов правен субјект Пелистер 08., па после и тој РК Пелистер АД, со новиот закон.
Двата субјекти имаа борчој, затоа и толку време се изгуби за да се исплеглат работите со та платформа.
Да не се прајме енглези, знајме кај живејме, речиси сите екипи го праеа истото.
Натрупај борчој, на крај формирај нов клуб, со ново име и копирај ја историјата од стариот заборчен клуб.
Правно и законски неиздржано и пред се нелогично е нов клуб со чиста сметка и досие да презема права од стар заборчен субјект и да полага право на титули шо ги освоил стариот клуб, а да нема обврска да ги врати кон доверителите борчојте:popce:, ама функционира кај нас во оваа чудесна земја, ете долги сезони.
Доказ дека во нормални држави не врви сето ова е случајот со ЕХФ, кога не беше дозволено Вардар и Металург да продолжат да играат во натпреварување во ЕХФ, ако не ги подмират борчојте на стариот клуб.
Додуша во Металург дотогаш не беше формиран нов клуб, ама имаа борчови шо не ги сервисиираа навремено и беа санкционирани за то.

Мене клубот Пелистер ми е пред се и над се, без разлика шо ги измешаа работите непотребно.
За доброто на Пелистер ќе прифатам и ќе се помирам со фузија или како и да беше, зошто го сакам клубот појќе од се и сакам клубот да напредва, зошто луѓето во Битола заслужват јак клуб.
Ако некој заслужва јак ракометен клуб то е Битола то е овај град, за сите играчи шо ги дала за репрезентацијата сите овие години, за афирмацијата на ракометот уште од времето на СФРЈ, за навивачите и за сите љубители на ракометот.
Нигде во светот нема/ше ситуација по 100 луѓе да имаш на ракометен тренинг на екипа, секој ден, е то беше секој ден на времето.
Јас освен за Пелистер не сум навивал за друга екипа, ниту за Работник ко играше во ЛШ, ниту за ФЕНИКС АМ.
Сите шо ме знат ќе го потврдат ова.
Срам треба да му е на еден куп луѓе од Битола шо одеа на утакмици во Скопје, да го гледат и бодрат Металург на времето во ЛШ.
Шо одеа да го гледат Вардар во златните времиња. шо праеја селфи и се влажнеа на Дибиров и компанија ко ќе дојдеше Вардар овде во Битола, да не изгази со 15 разлика.
На прашање до сите овие "фанови" ЗОШТО ОДИТЕ ВО СКОПЈЕ ДА НАВИВАТЕ ЗА ДРУГИ ЕКИПИ?, одговорите беа легендарни АБЕ БРАТ, ДА ГЛЕДАМЕ ЕВРОПСКИ РАКОМЕТ, ДА ЈА ГЛЕДАМЕ БАРСА, КИЛ итн.
Е па гледајте, ама не се прајте многу паметни сеа.

И сеа, по толку години ги гледаме многу од тие луѓе како се вратија на корените :icon_mrgr: , глумат хард кор Пелистерци, в сала, кај шо прат селфи со дресојте на Пелистер.
Се коментира на велико на ФБ, се критикова, овај требаше да се дојси, тој требаше, ко небаре ние Кил сме, со 8 милиони евра буџет па треба и мора Хансен да се донеси, вака така треба, класично битолски КАФЕ МУАБЕТ ОД ТИПОТ-АБЕ БРАТ СЛУШАЈ МЕ ДА ТИ КАЖАМ КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ.
Е па од многу кажвање и солење памет, избегнување на соочување и решавање на проблемите дојдовме во ситуација од 1999 година, како апсолутно најдобар клуб во државата во сите погледи да дојдиме до ситуација да ни се смеат сите.
И сега треба време да помини да се вратиме кај шо треба, ете колку е тешко да се надополни изгубеното.
Треба да сме благодарни и среќни шо се најдоа луѓе со моќ и способност да го вратат клубот кај шо треба и треба да сме среќни.
Зошто за мал град како Битола, со пола раја иселена џенем, да имаш ти клуб шо е еве редовен учесник во ЕХФ Лига, шо веќе почнуват да го знат во модерниот ракомет не е мала работа.
Сепак прајме муабет за спорт ко ракомет, кај шо нема простор да вратиш макар и дел од вложеното.
Не е ова фудбал па да прајш бизнис од инвестициите.
Од овие причини јас ја подржвам оваа управа и мое е со дресот на мене да ги подржам на утакмица, ко ќе изиграт добро ќе аплаудирам, ко ќе изиграт ко уплашени зајаци ко со Вардар на 1ви мај ќе ги критикувам играчите, ама клубот ќе го подржам секогаш.
Играчите, управите се минливи, само Пелистер и навивачите ( оние вистински, а ги има многу) останаа сите овие години.
То е силата на Пелистер, навивачите, нешто шо немат другите и дури е така ќе има иднина овај клуб.
Ланската сезона на навивачки план беше топ, наредна сезона да биди уште подобра.
 
Релативизирање другар
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
674
Поени од реакции
743
Релативизирање другар
Ќе биде и кај вас тоа релативизирање, можеби во иста форма или нешто слично.
Проблем е до институциите кои допуштуваат секаков вид на малверзации.
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
287
Поени од реакции
180
E aj ako ne ko tebe site neka plukat po se samo i negativno neka razmisluvat...i na kraj prv ke gi falis site ke zaborajs sho si pisel celo leto ako naprat nekoj uspeh.....
Вака сега ќе ти одговорам малце подолго пошто неможиш да сватиш шо ми е поентата. Како прво цел живот сум в сала и ко имал Пелистер 10 играчи во клубот сме седеле по 3-4ца и на ПРИЈАТЕЛСКИ не па камоли на првенствена. Како второ не плукам НИКОГАШ по клубот со кој сум пораснал и ќе го поддржам дури сум жив! Мора да му стани една работа јасна на сопствениците а то е дека ова е најверојатно ПРЕЛОМНА СЕЗОНА во која 1961 можи да замини во историјата. Град скопје крена раце, ќе крени и Михајло ако изгубат титула и не се поќе во лига на шампиони. На ваква историска шанса за нас ние си играме курташак со составот и back up опции на бекој ни се (ЧИТАЈ УБО) Танкоски, Кукуловски, Велковски. Велковски крена форма рака на срце ама дојде тешка повреда и бог знај дали ке се врати пак така. Кукуловски дечкото одбрана е некој си солиден играч напред тотално бескорисен. Танкоски не го коментирам не мислам да си го заебам денот со тој аматер. На крило ги имаш 100 килскиот Маџовски ( сигурно данецот ко го виде прв пат мислеше пикер е) Ојлески некој ОК играч и Цветан шо од многу луѓе слушнав дека бил дечкото мрза невидена. Десно крило сме одлични, Ненад осеќам дека ќе блесни, Радович си е Радович... исто како роден Битолчанец ќе изгини за клубот. На голман и пикер сме покриени вака ама мора некој млад трета опција. НЕ ДАЈ БОЖЕ се повреди Пешевски или Лесјак пците со маст нема да не јадат. Арсеновски и Бобан ги гледам како таја трета опција за тие 2 позиции. Ај малце сега на странците да ги отвориме картите. Лесјак, Василев ТОП. Дејвис дечкото имал кариера топ досега ама во последната година играл втора лига Франција и на последните 10 утакмици клал НУЛА-0 ГОЛОЈ!! ( Инфото е од медиум на интернет ако лажат тие лажам и јас). Хосни ми гледа како погоден трансфер искрено гледав некој видеа топ има во раката и е подвижен доста би требало да се погоди. Најголема мистерија ми е овај Сери. Последните година-две игра само одбрана напред за жива гла не играл а ние го земаме за прв бек за сега....многу чудни одлуки досега со составот, СЕ НАДЕВАМ дека ќе не демантират и ќе земиме уште 2 бекој( среден и лев). Одбрана ќе бидиме страшни јас мислам, многу подобри од лани имаме сега многу покурпулентни играчи во екипата ама нападот ќе биди лимитиран. Пак ќе ти речам ДАЈ БОЖЕ да не демантират играчите и пред се управата и да се донесат 2 играчи па да се радваме сите во мај за нешто шо го чекаме долги години. Секое добро другарче, имај убав ден. :)
 
Член од
12 август 2018
Мислења
815
Поени од реакции
1.194
Да не се прајме сосила наудрени... Трансферите на бековската линија се далеку од нивото на кое требаше да бидиме оваа сезона. Лесјак и Пешевски се калибар на играчи какви што очекувавме да добиеме во бековската тројка, но за жал сликата е сосема поинаква.
Пак ќе речам, сета надеж ја полагам во Ларс и неговото искуство низ Европа. Ваљда штом дошол тука да работи, сигурно се договорил околу селекцијата на играчите, па очекувам наредните трансфери, дали тоа ќе бидат сега или наредна сезона ќе бидат далеку поквалитетни од овие избеглиците за кои неможиш да најдеш ни видео на нет.
За две недели ќе имаме јасна слика з аекипста.
 
bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
412
Поени од реакции
505
 
Член од
12 август 2018
Мислења
815
Поени од реакции
1.194
Ако беше некој да ги гледа, нека пиши збор-два за бековската тројка... Има надеж или ќе има очобол цела сезона?
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
7.776
Поени од реакции
5.173
Ако беше некој да ги гледа, нека пиши збор-два за бековската тројка... Има надеж или ќе има очобол цела сезона?
Abe nie sme za da gledame, samo lajna da jadime na forumi i fb

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom