Едно искрено мислење околу странците што ги дискутирате, не си правете филмови дека некој ќе дојде и од љубов ќе игра за Пелистер и ќе гради долгорочна кариера тука, истото горе-доле важи и за Вардар, Дибиров, Карачиќ, Чупиќ беа ретки исклучоци ама и во Вардар имаше циркуси како со Борозан кога им текнуваше на сред сезона дека не им се седи тука. Од друга страна, тоа што го овозможува(ше) Вардар е тотално незамисливо за вас моментално, феноменални услови, одлична сала, фитнес центар, спа, се имаа во и околу Хотел Русија, дополнето со Скопје како град кој е далеку поразвиен и има квалитетни приватни школи па да може со фамилија да се преселат доколку имаат деца. Кој услови ги има во моментов Битола како град и Пелистер како клуб, и во каква состојба е салата?
Истиот муабет и лани се тераше ако добро памтам, добро терате и одите полека во нагорна линија, ќе дојде еден пораз од Вардар и ќе си отиде некој странец и ви се руши светот
Најјаки ми се муабетите ништо не правеле по цел ден кафиња на „широк сокак“, што може друго да прават после тренинг бе луѓе, разликата е што е многу помал град па цело време ги среќавате, кај нас шампионските генерации редовно беа среќавани по кафичи/дискотеки