Фан клуб: РК Пелистер

П

Пљампач

Гостин
Очекував да ги задржат најдобрите од лани и да донесат уште неколку играчи од тој калибар.
Кај му избегаја клучните играчи, па и тие шо ги донесоја се неадекватна замена на истите... Нормално, доколку се земи во предвид моменталниот состав.
Можи планират да носат уште играч, незнам, ама то шо е досеа донесено, нема да го подигни квалитетот на тимот во споредба на ланската сезона.
 
nikucremo

Чкембари Битола !!!
Член од
23 февруари 2014
Мислења
112
Поени од реакции
325
Мандалинич, Перич, Мареш, Кушан, Костески, Танковски, Кукуловски дојдоја, ако мандалинич е замената на јотич, перич на остуршко, танковски на чурлевски, кушан за шевелев, како то сме послаби од лани?????
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533

Обратно Мандалиниќ и Периќ :D

Инаку играчки тука некаде е составот како и минатата сезона, замените се со сличен квалитет на заминатите, со таа разлика што имаа поголем потенцијал за напредок.

НO тука има два големи прашалници. Прво, кој ќе го замени Митревски. Ако е послаб голманот, драстично ќе се намалат квалитетите на екипата. Второ, во каква форма ќе биде Стјепановиќ. Јас не го земам неговиот придонес за оваа сезона здраво за готово како што го земаат повеќето.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Искрено, и јас очекував да се склопи подобра екипа. Некако се надевав дека ќе донесите уште 2ца квалитетни играчи. Реално, покриени сте на сите позиции, ама не за некое повисоко ниво.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.137
Поени од реакции
1.314
Очекував да ги задржат најдобрите од лани и да донесат уште неколку играчи од тој калибар.
Кај му избегаја клучните играчи, па и тие шо ги донесоја се неадекватна замена на истите... Нормално, доколку се земи во предвид моменталниот состав.
Можи планират да носат уште играч, незнам, ама то шо е досеа донесено, нема да го подигни квалитетот на тимот во споредба на ланската сезона.
Труеш бате со твојте фрустрации, играчи од калибарот на Мандалинич, Перич, Мареш, Кушан, Костески, Танковски, до сега немало Битола. Единствен класа играч кој замина оваа година е голманот Митревски и Јотич половично, но никој со сила не можеш да задржиш. До сега е екстра трансфер пазарот, искрено не ни очекувавме, уште класа голман и ќе имаме тим достоен за титула.
 
nikucremo

Чкембари Битола !!!
Член од
23 февруари 2014
Мислења
112
Поени од реакции
325
Намерно не пишав замена за Митревски, оти то прашање е отворено. А дека се со сличен квалитет замените не би се сложил.
МандалиниЌ е име за Јотич. Не дека јотич е слаб, но мислам Мандалинич е подобар.
ПериЌ со Острушко, можеби тука се, не знам за Периќ многу. Но доаѓа од бундес лига, далеку помлад од острушко мислам дека е подобра опција.
Кушан со Шевелев небо земја разлика.
Танковски со Чурлевски, ИСТО.
Мареш Костевски Кукуловски имаат иднина во ракометот. Екстра трансфери се.
Со оглед на короната, шо уште ништо не се знај, можно е граници од на есен пак затворање, празни трибини, не дај боже прекин повторно на натпреварувањето, можи, ама можи и Еурофарм се и претпазливи за плус пари фрлање
п. с. Јотич и Острушко играа и центар и лев се менваја, ако сакате и обратно прајте споредби, исто е
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Реално, да се речи дека има пад во квалитетот на тимот е нонсенс. Секако, најмногу ќе реши прашањето на голман, дали ќе се донеси "достојна" замена за Митревски.
 
П

Пљампач

Гостин
Труеш бате со твојте фрустрации, играчи од калибарот на Мандалинич, Перич, Мареш, Кушан, Костески, Танковски, до сега немало Битола. Единствен класа играч кој замина оваа година е голманот Митревски и Јотич половично, но никој со сила не можеш да задржиш. До сега е екстра трансфер пазарот, искрено не ни очекувавме, уште класа голман и ќе имаме тим достоен за титула.
Каква титула дечко, се читаш шо пишиш?
Ене кае турнирпт во Струга. Ќе го изгледаме и пак ќе коментираме. Ќе те прашам пак дали уште стоиш н истиот став тогаш како и сега.
Ако ова е ростерот и се донеси само голман и недајбоѓе да е тој Векич шо се спомна овде, тогаш големи се шнсите во автокоманда на гостински терен да се деси распд систем во плејоф.
Ако во спротивно се донесат уште неколку играчи тогаш е друга приказна, ама во досеа е далеку испод очекувањата на цела ракометна јавност и се коси со изјавите на Стерјев за пехари,чуда...
 
nikucremo

Чкембари Битола !!!
Член од
23 февруари 2014
Мислења
112
Поени од реакции
325
А, да и прочитав, буџетот бил 400.000. Со 30+ играчи на платен список, од кој неколку доста солени, 10-тина тренери итн итн, буџето ни бил 400к
 
П

Пљампач

Гостин
А, да и прочитав, буџетот бил 400.000. Со 30+ играчи на платен список, од кој неколку доста солени, 10-тина тренери итн итн, буџето ни бил 400к
Официјални бројки се тие, јас бишто не измислувам. Можи да се провери многу лесно тој податок.
Општина Битола одвои 250к за Рк Пелистер, Елем 100к и останатите јавни претпријатија по нешто ситно...
Дали тие пари целосно завршија во клубот то е друго ппрашање, но официјално тие бројки беа преставени во јавноста.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Во изјавата на Стерјев негде стоеше дека клубот ќе има инстант успех?
 
nikucremo

Чкембари Битола !!!
Член од
23 февруари 2014
Мислења
112
Поени од реакции
325
Официјални бројки се тие, јас бишто не измислувам. Можи да се провери многу лесно тој податок.
Општина Битола одвои 250к за Рк Пелистер, Елем 100к и останатите јавни претпријатија по нешто ситно...
Дали тие пари целосно завршија во клубот то е друго ппрашање, но официјално тие бројки беа преставени во јавноста.
Кој официјални бројки бе дечко... 250 Битола, 750 Еурофарм, ЗАДОЛЖИТЕЛНО. Плус имаш и од ваучери од двата клуба околу 200к. Рачунај ги пута 10 месечни плати на сите играчи, Бабич итн итн, ќе видиш дека веќе длабоко над Милион евра е буџетот.
 
П

Пљампач

Гостин
Значи тој буџет го спичкаја минатата сезона оред договорот со Еурофарм. Сеа не е спорно дека е над милион, муабетот беше за состојбата пред договорот, ко ги носеа Гуглета, Плех и компанија во Битола.
Автоматски споено мислење:

Во изјавата на Стерјев негде стоеше дека клубот ќе има инстант успех?
Инстант успех е фактор кој привлекува медиумско внимание и спонзори.
Убави се тие бајки за долгорочни проекти, градење чекор по чекор, но не го заборавај фактот дека работа на долги патеки и промена на власта, не одат едно со друго во спортот кај нас. Преку ноќ можи ради политичките игри на централната и локалната власт да го пуштат низ вода овој проект.
Дури Стерјев и Циле работат проект и коваат стратегија за наредни години, Михајло во неполни два месеци му оддржа лекција на двата како се склопва тим во краток период.
Да не има поќе пари Михајло од Циле ?
Доста демагогија му продават на луѓето... Многу е јасно. Ако сакаш успех ќе го одврзиш ќесето,во спротивно ќе чекаш да ти се "погоди" хороскопот и сите околу тебе да се распд систем па тогаш да се качиш на тронот. Успехот добива на значење кога ќе симниш некој од тронот а не кога некој ќе ти го одстапи.

Спортски поздрав.
 
Последно уредено:

Дете дај малку олади, очигледни се твоите фрустрации.За тебе успех на Михајло што ги донесе голман од втора лига, Талевски чија кариера е пред пропаст и пее песни на металург а потпишва за ривалот, Гаџа третиот среден играч во Загреб, Вуин кој веќе е пензиониран ама уште не знај, петиот десен од бек од загреб и Јигуриновски и секако крилото Георгиевски и за тебе му одржа лекција на Пелистер кој ги донесе Мандалинич и Перич од германската најака лига Пикерот од шпанска лига, Танковски репрезентативец на мк и еден од најдобрите млади ракометари во мк и 4 најдобар млад играч од балкабот Костовски ајде младиот хрват не го ни клавам. Очигледно твоја цел е само да пликаш по РК ПЕЛИСТЕР.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Сто пати подобра опција е темелен постепен развој на екипата каде што би се поставиле појаки основи, отколку безвезе фрлање на пари без никаква реална логика. И добро е што барем од она малку што имал интервју/јавен настап Стерјев делува дека не лета во облаци туку дека постепено посуштински сака да се тера работата.

Што се однесува до трансферите, не е дека донесените играчи на Пелистер се послаби од донесените играчи на Вардар, не се. Но Вардар има голема предност во староседелците (Дибиров, Стоилов, Чупич, Дисингер, Калараш...) и затоа има предност, а не заради новодојдените.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom