Фан клуб - РК Металург

M

MrzaRules

Гостин
Народон во БТ како на кино појден. Една секунда пцуе играчи, друга секунда ракоплеска. Свашта.
па тоа од секогаш е така...на такви натпревари секој ќе видиш во салата,од манеќенки,манекени до политичари,пувли нашминкани на штикли шо отишле да се сликаат и да се фалат после дека биле :tapp:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Лош Металург,уште полош Загреб........ракомет кај што единствено одбраните беа на ниво.Металург доби малце домаќинско судење... Загреб има голема шанса да пројде понатаму.....Металург до сега се покажа како ужасен гостин.Се надевам дека само нема да им текне дека дома лесно ќе пројдат.Само јако и цврсто и Металург 90% паѓа таму со повеќе од 1 разлика :D
Иначе Обрван е доктор во споредба со Лино.......

п.с Никогаш не сум навивал за Металург,па така ни сега.За Загреб од секогаш сум навивал,а овие ништо не ми значат.Ај да беше Вардар,али Металург............шо ги ебам нека испаѓаат.:D
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Нека биде една анализа.

И Загреб и Металург влегоа во дуелот со големи амбиции и реални желби за победа. Двете екипи првиот дел од фазата по групи го одиграа со маестрална цврста одбрана за која противниците скоро и да немаа чаре. Тоа го потврдија и денес а тие што подлго време пратат прват го покажаа и во Автокоманда во СЕХА кога одиграа 19-19.
Првите 10 минути, Лино направи очигледни грешки во ротацијата, најпрво со внесувањето на Козлина во напад за кого Хрватите лесно го истуркуваа надвор од зона на шут, со тоа што нему му треба голем простор и залет. Наумовски на почетокот се изгуби во просторот во напад, и за очекување беше да почне Димовски кој има поголемо искуство и познавање со овој тим односно подобро е уигран. Ротацијата на Лино уште полоша со влегувањето на Левов во напад?? Загреб релативно изгубен во напад со Валчич и Копљар и кога виде Обрван тоа што и го очекуваше дека ќе ги истуркуваат надвор од зона на шут направи ПРАВИЛНА замена со внесувањето на Балич и Шпилер се убрза бековска линија и се отвори простор за крила за кои Лино немаше решение. Обрван го надмудри Лино, со тоа што главниот фокус на лино беше Копљар кој служеше за асистенции. За Хорват и посебно Штрлек нема што да се зборува тоа се играчи од светска класа. Балич феноменален да развие темпо и по некоја асистенција, за еден на еден неговото време замина.
Во второ полувреме повторно лошо безидејна игра во напад. Но за среќа се случи тоа што сите очекувавме нормален пад на играта на Загреб темпо кое тешко се издржува во сите 60 минути, Металург нешто од тоа успеа да искористи, благодарение во главно на Маркович и Станич. Наум повторно по долга пауза многу опуштен за дуели и за шут, неколку клучни грешни на додавање за кои во ЛШ посебно во елиминации НЕМА место.
На крај ротацијата на Лино многу лоша, речиси 2 минути се на се играше една иста постава на паркетот, за разлика од мечот со ХСВ, во кој Металург беше далеку посупериорен во напад но и со далеку помала ротација. Одбранта солидна да се примат 18 гола од Загреб е одлично, меѓутоа сметам дека можеа да го надмудрат Загреб во нападот со покреативна игра.
И дополнување судиите беа сосема коректни може да се види статистика посебно во однос на исклучувања.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Народон во БТ како на кино појден. Една секунда пцуе играчи, друга секунда ракоплеска. Свашта.
Многу добра атмосфера владееше во второто полувреме кога Металуег газеше, не се тие навивачка група па да скокаат, тука беа Пирати ама маалска група пеат таму Металург ова она а ни самите не се слушаат.
Што се однесува до натпреварот Загреб ги изненади со тоа што ја играше нивната игра, нападот без никаква идеа, а Штрлек и Хорват се класа крила. Премногу технички грешки за Металург, второ полувреме веќе беше друга приказна, Мојсо проработе и тргна. Во Загреб повторно ќе биде тврда утакмица само сега веќе не е за верување дека ќе поминат.

п.с Игорче ,,финтата,, ја заменил со оди на ,,ладење,,.:pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Игорче место Левко Наумовски, викаше Левов цела утакмица.
Татко ми вика абе Левов пикер бил :pos:
На крајот кога се избаци дека некој од играчиве на Металург "го седнал на задникот" голманот на Загреб :pos:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ја си бев... со гратис! :P Ко што впрочем беа и уште 5000 души...

Атмосферата беше послаба од таа со Хамбург. Едноставно кога немаш асална навивачка група да подигне навивање кога треба така е. Во моментите кога губеа со 2 разлика (а тоа беше скоро цело прво полувреме) штама јеботе...

До душа, и според “профилот“ на луѓето кои беа у публика, не ни може подобро. Пола беа фамилијарно дојдени... позитивно од тоа е што имаше многу јаки милфици у публика. :cool:

Седев над Пирати... и... што и... понеорганизирана група не сум видел. Сејмени се поорганизирани од овие... :tapp: Едино 20 души имаше што пееја цело време и кои ги знаеја песните, секоја чест за нив, но другите се кладам дека ги собирале по пат... единствено што знаеја е “судија педер“. :facepalm:

Тој со косата ретардорт, официјалниот спикер... вика: Металург и Загреб ќе решат кој ќе биде полуфиналист во ЛШ... :facepalm: Велко Наумовски. :facepalm: Па ако немаш три чисти, што се пикаш таму бе... :tapp:

За играта... у одбрана одлично, и бројот на голови го кажува тоа. Балиќ имаше 3-4 такви забегани пасови, но воглавно добро затворија. Велко е ѕвер у одбрана! :cuc:

За у напад, незнам што му беше филмот на Лино со Стојчески и Левов... Ај Стојчески ги избуши тие у СЕХА, али овде му беше страв да шутне, а имаше 2-3 пати отворен шут. Лошо што Козлина се повреди, изгубија многу со тоа у напад, но мислам дека требаше да го проба Јоноски напред кога виде дека Стојчески нема муда да шутне...

Марковиќ многу го ротираше у прво, мислам дека грешка направи и таму. При прво промашување на Марковиќ го стави Левов, сепак на играч како Жарко му се дава фора да промаши и 2-3 по ред пред да го извадиш...

Наумче на ниво, Миркуловски катастрофа. Незнам што му е, нема ни блиску од играта од ЕП...

Многу слабо играа Металург на пикер, за разлика од Загреб... И неможеш со вакви неискусни крила како Георгиевски и Манасков да играш вакви натпревари, ништо не се виде од нив. Требаше Стевче да започне.

Самите ја заебаа работата, многу грешки у напад, имаше период у второ кога четири напада по ред не дадовме гол а преходно се одбранивме... :tapp:

За Станиќ незнам... сто вакви :cuc: да ставам е малку.... Да не беше тој, немаше ни да победат немаше ни да има каква таква атмосфера. Тој ја разгоре публиката пред крај.

Ми се чини дека првпат у живот видов супер-сајонец. Ко му ја фати на Штрлек мислам, се здиве човекот... поцрвене, ја откорна стативата, почна да дивее... it was OVER 9000....

Сумирано, вината воглавно оди кај Лино заради непотребните ротации и неконстатност во напад и многуте избрзани грешки... Позитивно е што малку голови дадоја Загреб, но сепак, таму тешко дека ќе се извлече Металург...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Голем минус за Лино за вчерашната ротација... Можеа и тоа како подобро Металург ова не е успех на домашен терен.
Целосно се сложувам, посебно во првото полувреме Лино ротираше како луд...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Беше ли повреден Ванчо Димовски?
Без класичен пикер ние каде каде полошо играме.
Ова беше натпревар каде 3ца само си ги подаваа топките.
Крилата 60 минути дремеа, имаа нерколку промашувања првите 10тина минути а потоа ни им беа подавани топки ни беа вклучени во игра.
Али неможам да ги прежалам неколкуте украдени топки и речиси ниедна успешна контра. Ко со леви нозе да играа.
Прилично неквалитетен натпревар и на двата тима и формација на Лино која не даваше успех.
Ние сигурно 1/3 го игравме со играч повеќе, Загреб имаше многу исклучувања, а ништо од тоа не искористивме за жал, тоа е најлошото.

Има новости за Станиќ? Си оди од април или останува?
На последното интервју што го читав кажа дека се преговара уште не знае ништо.
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Требаше Стојчевски да игра,баш има добар шут ,сепак ќе биде неизвесно во Загреб.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Најголема грешка на Лино ...не му кажа на полувреме на Миркуловски дека не игра против Босна :pos:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Јас мислам дека нема да има потценување од страна на Загреб ако веќе го имаше ќе дојдеше до израз уште во Скопје, можно е да има минимално опуштање што е нормално ама сепак Загреб е тим со големо големо искуство.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
546
Поени од реакции
78
Кога се игра сабота или недела и во колку ? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom