Фан клуб - РК Вардар

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Свеста на навивачите за околината е на многу ниско ниво. На што личеше влезот на Чкембари? Како неандерталци некои. На скали си фрлаа петарди и бакљи меѓу себе, ќе се повредат од ништо. Треба федерацијата најстрого да казнува секакви испади, па да си бидеме како Данците со тропалките во рака. Влегувањето на терен да беше на ЛШ натпревар наместо во првенство, ќе беше директна дисквалификација од турнирот.

Се бесат на мрежа. се качил едниот на голот, све курнази кој од кој, за на стари години да кажуваат што правеле на времето . Ќе си ги повредат и своите играчи/навивачи и едните и другите. Големи пропусти на полицијата со непроверувањето на врата. 6000 народ не може да влезат како што треба без проблем, камоли на стадион да имаме по 20-30 илјади публика. А ние како народ по 100 пати покажуваме зошто никогаш нема да не биде.

Ем све се крши/уништува инвентар од салата, ем очите си ги вадиме едни македонци со други, наместо да биде таа омраза насочена кон белите мечки или пак кон власта. Ова денес не беше баш привлечно за обична публика, повеќе беше како анти реклама. Никој не е должен да ги трпи фрустрациите на 100-тина мајмуни од било која навивачка група. Не може да ме убеди некој дека вака треба да се навива и бодри клубот.

Трудот на поединци (за кореографии, организација, пароли) ќе падне во вода ради некој без два грама мозок што ќе уништи сѐ. Стај им забрана по 5-10 години влез на секаков вид спортски настани на сите што ќе направат било каков испад, па да видиме како ќе се смират одма. Фан на ПСВ ради напад на противнички голман, доби 40 години забрана за влез.

Едино ми е криво што оваа бројка на Комити, ја нема на фудбал да им дадат поддршка, сега кога им е најпотребна.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.571

Зашто збориш на памет? Последната што ја играа во маџари на Фудбал полна беше трибината. Дај информирај се малце пред вакви работи да пишуваш.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Зашто збориш на памет? Последната што ја играа во маџари на Фудбал полна беше трибината. Дај информирај се малце пред вакви работи да пишуваш.
Со Детонит ли? Сакаш да ме убедиш дека имаше толкава бројка на Комити (околу 1000+) и дека имаше ваква атмосфера? Или во сала се слуша 10 пати подобро од тоа што е на стадион?

Пушти ми слика да видиме :)
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
114
Поени од реакции
237
Со Детонит ли? Сакаш да ме убедиш дека имаше толкава бројка на Комити (околу 1000+) и дека имаше ваква атмосфера? Или во сала се слуша 10 пати подобро од тоа што е на стадион?

Пушти ми слика да видиме :)
Со Караорман.
Треба да го имаш во предвид и терминот на одигрување, и важноста на натпреварот. Денес се играше од 6, а фудбалот во овој зимски период најчесто беше од 1/2, и тоа во сабота. Секако дека на дерби натпреварите во фудбал ќе има повеќе народ, но не си во право дека поддршката на Комити затајува на фудбал. Немаат пропуштено меч на ФК Вардар сезонава освен каде што има забрани, а на ракомет се појавуваат неколку пати годишно.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Со Караорман.
Треба да го имаш во предвид и терминот на одигрување, и важноста на натпреварот. Денес се играше од 6, а фудбалот во овој зимски период најчесто беше од 1/2, и тоа во сабота. Секако дека на дерби натпреварите во фудбал ќе има повеќе народ, но не си во право дека поддршката на Комити затајува на фудбал. Немаат пропуштено меч на ФК Вардар сезонава освен каде што има забрани, а на ракомет се појавуваат неколку пати годишно.
Зборев за бројката споредена ракомет со фудбал. По муабетите дека Комити навиваат првенствено на фудбал, не ми е логично да има повеќе луѓе на ракомет, отколку на фудбал. Добро, може со Пелистер во фудбал ќе ја има истава бројка, ама сакав да кажам дека е изводливо и во Маџари да има исто толку луѓе, како денес на ракомет.

А дека поддршката е одлична, се согласувам. Штета само што ради поединци им се лепат етикети на цели групи, а и не само тоа, може да им наштетат со казни/губење бодови. Ама кога си лечиш комплекси на трибина, тоа е...

Edit: Моја грешка, заборавив дека играа со Караорман дома.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Проблемот со навивачите се решава многу лесно, но во функционална држава каде се почитуваат законите. Нека има и гостински навивачи, нека биде полна сала, постави камери од 1000 страни према навивачите и за секоја рканица, летната паричка, шише, телефон или било што да следи драконска казна, затвор и слично, па да видиме дали на друг некогаш ќе му текне да направи нешто слично во иднина. Англија имаше огромни проблеми со навивачите пред 30тина години, на ваков начин ко што објаснив погоре ги решија проблемите. А само да спомнам дека кај нив трибините се на 2 метра од терен.

Баш прееска праиме муабет дома, дека ради вакви срања ко ова денешново прекинав да идам на домашни спортски настани, на кошаркарските пред се. Пред 10-12 години кога се играа дербињата меѓу МЗТ и Работнички во Борис, стол летна до мене и брат ми. :D Реално нема сврха како неутралец да идеш на трибина и да ти е страв да не погинеш ради одредени кретени кои имаат вишок тестостерон у себе и не знаат како да го канализираат истиот па се решаваат да прават хаос.

Од една страна не сакам и театарска публика како на запад, ракоплескање и мафтање со тие балонските стапчиња, а од друга страна и вакви срања како ова денес апсолутно не сакам и не поддржувам.

Иначе Тале денес ептен се зајаде со Чкембари, а и со тој Хусни или као и да беше цел меч си префрлаа. :D У секој случај врвна партија од него во двата правци, како и од крилата.

И да прашам само, дали Столе маваше некој од Комити кога овие влегоа во терен? Знам дека ги враќаше назад за да не маваат ама ко да ми се виде дека размава некој...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Зборев за бројката споредена ракомет со фудбал. По муабетите дека Комити навиваат првенствено на фудбал, не ми е логично да има повеќе луѓе на ракомет, отколку на фудбал. Добро, може со Пелистер во фудбал ќе ја има истава бројка, ама сакав да кажам дека е изводливо и во Маџари да има исто толку луѓе, како денес на ракомет.

А дека поддршката е одлична, се согласувам. Штета само што ради поединци им се лепат етикети на цели групи, а и не само тоа, може да им наштетат со казни/губење бодови. Ама кога си лечиш комплекси на трибина, тоа е...
Ракометот со Пелистер е дерби и како и секаде нормално е денеска да има најмногу публика. Во фудбалот моментално е повеќе од добра бројката, за тоа каква е целата ситуација во ФК.Вардар, за играњето на повеќе стадиони со една трибина и за тоа каква беше во изминатите сезони после 2014. На секое гостовање имаш по 150 луѓе, дома имаш во просек 250, со Караорман имаше 450+ што е повеќе од задоволително и за атмосфера и за навивање. Да се среди нешто финансиски за останатиот дел од сезоната, верувам дека бројката од денеска ќе биде приближна на утакмиците со Гостивар и Пелистер што ги играме дома.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.143
Поени од реакции
4.528
Иначе Тале денес ептен се зајаде со Чкембари, а и со тој Хусни или као и да беше цел меч си префрлаа. :D У секој случај врвна партија од него во двата правци, како и од крилата.

И да прашам само, дали Столе маваше некој од Комити кога овие влегоа во терен? Знам дека ги враќаше назад за да не маваат ама ко да ми се виде дека размава некој...
Тале не знам што промена доживеа лани и што толку се зајаде со битолчаниве, ама човекот стана поголем Вардарец и од Столе ебате :D Урла на секој гол, провоцира накај Чкембари, славјето и радоста на крај да не ги коментирам, он почна 2 од песните што се пееа заеднички со Комити во славјето :LOL: Како и да е, секоја чест за него, и за играта и за пожртвуваноста што ја покажува, не се ни споредува со летаргичноста од првата негова сезона.

Иначе за Столе, ги враќаше назад, а на некое од видеото имаше момент каде што завлече некој, ама далеку од тоа дека размавал. Секоја чест и за ова за играчите, за нивните реакции во тие моменти и што застануваа во одбрана на колегите од Битола :D Од стално, нешто што највеќе ме пиздело, е кога играчите, пред се домашните, наместо да смират тензија и да пробаат да ја смират публиката, урлаат уште толку и се зајадуваат со противнички играчи. Типичен пример дешавката од слога-шкендија, кога играчиве на слога место да ги тргнат и вратат назат своите напалени идиоти, они се пуштаат на играчиве на шкендија што затепаа навивач што влезе на терен да нападне противнички играч. Добро што и тие што улетаа на терен денес, останаа трезвени и не се излета некој да нападне противнички играч, па да си направиме самите беља од ништо
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
Читајте ги само во темата за РКП, сето ова било претходно смислено, од нивното дивјачко влегување на трибина, до гаѓањето на обичната публика со бакљи, па дури и влегувањето на вардаровите навивачи во терен за да возвратат, пази, претходно смислено колку само за да изгубат, какви болесници еј.
Тие и 20 разлика да изгубеа, пак ќе бараа алиби. Судиите не им чинеле не биле доволно Битолчани, веројатно од Лавци се, па возачот на автобусот ги возел преспоро, па кај Плетвар заглавиле, па имало вардарци кои им дале бакљи да фрлаат за 50 евра. Веројатно и лесковачкиот сендвич што им го спремила теткана од Лесковац сендвичарата бил со дроги полн и ги напраил Чкембари да влагаат во сала така како дивјаци. :facepalm:

Се се, ама оние "мажињата" со маски на главата, што се кријат така ко пичиња некои не ги можам. :icon_lol: Од сам старт си се сликаат така, па си ги кријат главите, како сириски анами.
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.593
Таман тргнав да пишувам за инцидентот, но во главно се сложувам со @KaWa . Не можев да поверувам на очите кога ги џитнаа бакљите накај неутралната публика, има деца, мајки, постари луѓе, неутралци кои дошле да гледаат ракомет, тие земале џиткаат намерно, влегоа одма кршејќи ко да мислиш во кафез ги пуштиле. . ИДИ НА УТАКМИЦА ПЦУЈ СЕ НАВИВАЈ ПОКАЖИ ПОДРШКА ЗА ТВОЈОТ КЛУБ, А НЕ СИ ЗЕМАЛ ДА МАВАШ СО СВЕ ШТО ЌЕ СТИГНЕШ ОКОЛУ ТЕБЕ И ТОА ШТО ИМАШ ВО ТЕБЕ. И НЕ МИ Е ЈАСНО, КАКО МОЖЕВМЕ НИЕ ПРЕД ВРАТА ДА ЏИТНЕМЕ ЖЕЛЕЗНИ ПАРИ И СВЕ ШТО ЌЕ НИ КАЖАТ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, А КЛОВНОВОВИТЕ ОД БИТОЛА ДА ВЛЕЗАТ СО ЦЕЛА ПИРО ТЕХНИКА ДОНЕСЕНА ОД БИТ ПАЗАР И ПОШИРОКО. ЗАР НИВ НЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВААТ ЛИ? ПОЛИЦИЈА 0, ОЧЕКУВААТ 5 ДУШИ ДА ГИ ЗАДРЖАТ ПИРОМАНИНЕ. ЏАБЕ ВИ Е И ПОЧИТТА И ПАРОЛАТА ЗА ДАРКО, СО ТОА ШТО ПРЕДХОДНО ГО НАПРАВИЈА ЗАСЛУЖИЈА СААМО ДА ИДАТ ВО БАРДОВЦИ А НЕ НА ТРИБИНИ.

Што се однесува до побитниот дел, до мечот, гледам дека никој не го спомнува Џомба, па јас ќе пишам дека двата гола што ги даде Џомба кога Пелистер се врати на -4 беа од круцијално значение и тогаш Вардар повторно се одлепи на 6,7. Секоја чест за Томовски, каква партија, нема нешто што не фати! БОРКО ГО НАПРАВИ СЕКОЈ КЕЈФ СО ПЕНАЛОТ НА КРАЈОТ НА ПРВИОТ ДЕЛ, КАКОВ ЦАР ! Мора да се пофали и Манасков, мислам дека имаше ефикасност 7/9 ако добро броев јас. Мора да се напомене и Дутра, каков џокер од клупа, тотално изненадно лагано даде 5 гола. Талесен малце потфрли, но пак даде 5-6 гола и тој. Во глобала највеќе бев задоволен од дефанзивата, изгинаа, гризеа и 7 РАЗЛИКА ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДА.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.103

cepelinot na kraj, i odzemenata topka na zuti sam koga izleze na minuta pred kraj (pretposledniot napad) i lesno mozese da e i 9 razlika sto ke bese ustvari i porealno... totalno se izgubija taka da so -7 treba i srekni da se.
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.593
cepelinot na kraj, i odzemenata topka na zuti sam koga izleze na minuta pred kraj (pretposledniot napad) i lesno mozese da e i 9 razlika sto ke bese ustvari i porealno... totalno se izgubija taka da so -7 treba i srekni da se.
и плус ги повлекоа и судиите малце, а и треба да се среќни што Пешевски не утна човекот, 5/5 мислам дека беше.. а на крај Џомба имаше несмасна реакција а и нормално е , падната концентрација, завршен меч и немаше потреба од цепелин можеше мирно да се заврши со уште еден гол, ама атмосфера и адреналин те влече, да влезеше ке беше уште појако.. можеше комотно и над 10 да биде, но со ваква игра не гледам како ќе ги тепаат во Битола, а и да изгуби Вардар тоа би било минимално до 3 разлика, во никој случај нема да иде до 7 и над 7.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.103
и плус ги повлекоа и судиите малце, а и треба да се среќни што Пешевски не утна човекот, 5/5 мислам дека беше.. а на крај Џомба имаше несмасна реакција а и нормално е , падната концентрација, завршен меч и немаше потреба од цепелин можеше мирно да се заврши со уште еден гол, ама атмосфера и адреналин те влече, да влезеше ке беше уште појако.. можеше комотно и над 10 да биде, но со ваква игра не гледам како ќе ги тепаат во Битола, а и да изгуби Вардар тоа би било минимално до 3 разлика, во никој случај нема да иде до 7 и над 7.

abe kakvo gubenje tepame i vo bt. realno pokvalitetni sme. dzabe dolga klupa koga tale, manaskov i georgievski se masini so igraat cela utakmica u isto tempo. so uste pofit dutra i vrakanje na dzukic do togas ke dobieme i sirina...

tamu samo treba smireno, a nie znaeme toa da go odigrame i sme go izigruvale i pobeduvale predhodno.

ostanuva uste so alkaloid da izigrame 2 kvalitetni dueli i ovojpat se nadevam deka na domasnata so niv ke ima slicna mobilizacija pa da si terame uste edna epska utakmica doma.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Пејат скопски пички, тројцата најдобри играчи вчера им се скопјани, ниту еден битолчанец во тимот немаа :D
Кизиќ од Драчево, Пешевски од Илинден и Атанасијевиќ од Бутел (ајде браќава се по татко со битолско потекло). Останатите стружани :D

Реков дека една од екипите ќе тепа со голема разлика и погодив. Потајно се надевав дека тоа ќе бидеме ние, иако сепак мислев дека ќе загубиме, поради мотивацијата од смената на тренерот, големиот број играчи, тоа што они се предизвикувачи за титула, ситуацијата кај нас итн.
Како што кажав и вчера, инцидентот ги реши работите, затоа што странците кај нив се испичија. Имаат среќа што ние теравме фудбалско навивање, ако им свиревме на сите напади, уште повеќе ќе ги тепавме. Од раце им паѓаше топката.
Ама во секој случај, џокерот беше Дутра. Со Карапале се изнамачивме, до инцидентот ниту една акција немавме, на индивидуален квалитет се форсираа влезови.
Кај нив Пешевски не растури, фали тука Лазаревски да го тресне од земја. Голема штета е што се повреди, палачиште е и он, ќе одиграше топ. Мене ме плашеше да не играме со Атанасовски, ама Столе се чувал за оваа утакмица.
Сите беа за пофалба вчера, Манасков и Гоце згазија, Моралес како одигра во одбрана, ќеифот ми го направи кога го лупна Каспер Кисум од земја при крајот :D Велко со партија ко на времето.
Прво они се курчеа, играа грубо, Атанасијевиќ и по судиско свирче не ги пушташе играчите, храбро до крај.
Заебано е што константно првата се игра кај нас. Така гостинот доаѓа психолошки порастеретен, бидејќи притисокот е на твоја страна за да бркаш повисока победа. Ама добро се износивме и со тоа.

Пак ќе повторам, да не се лета многу. Долг е патот до титулата, многу работи ќе се разјаснат со гостувањето кај Алкалоид во сабота, до тогаш не смее да има никакво опуштање.
Имаме и тешки гостувања во Кавадарци и со Бутел. Далеку е од решено првенството, а и не значи дека и ние нема да може да изгубиме 8 разлика кај нив.
Тенки сме со играчи, една повреда на поважен бек и отиде сезоната.

Сезонава секако ја сметав за преодна, да видиме дали ќе се исполнат некои најави за нови спонзори. Тешко дека во ситуацијава би добиле настап во Европа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom