Фан клуб - РК Вардар

Член од
31 август 2020
Мислења
394
Поени од реакции
1.194
А кој рече дека ќе му свири некој или ај сеа ќе ги извртуеме работите!? Боже сачувај!
Или можда океј е од Дибиров да го омаловажува Вардар по странски медиуми, после се што доживеа со клубот!? Чим он така се понаша, thank you and fuck you брат! Кратко и јасно...
Срамота е да сереш за Тимур после се што направи за клубот ……
да беа како него и оние шпанските педерчиња Кањељас и Македа или она говедото Борозан , што го тужеа клубот кај ЕХФ , сега немаше да има вакви проблеми.
Тимур во милион ситуации покажа лојалност кон клубот , сетете се како заедно со Игор ја испејаа македонската химна и химната на клубот , како им се понашаше на оние од клубот од предградието на Скопје , како ги подјебаваше провинцијалците лани кога ја почнуваа “зелената ера” , со многу постапки покажа дека е црвено-црн до коска !!!
Некоја изјава која кој знае како е преведена , он Рус , јазикот расипано македонско-српско-руски и некој новинар “из лепе наше” и еве ти несреќен превод !!!
Уште еднаш : Срамота е да се јаде гомна против човекот што коските си ги остави за Вардар
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Тимур никој не треба да го свирка. Он е легенда на Вардар. Сепак, овие изјави после одење во fucking Загреб, не му требаа. И, не треба да му се дозволи да се врати ако сака, зошто му требаше на клубот сега, а он си избра да си брка свои интереси. Океј, нема ништо лошо во тоа, негов живот, негово право. Ама и право на Вардар е да му каже дека и клубот сака некој помлад што сака да победува, и дека не е заинтересиран за него, ако искочи некогаш таква ситуација.

А, Душебаев беше свиркан зошто го агресивно почна да се кошка со Шишкарев без везе, без некоја провокација, за што и доби црвен картон во тој натпревар во гости што го игравме. Тоа беше натпревар со многу емоции, кај што имаше и транспаренти кои го навредуваа Дибиров. Па кога се играше на наш терен, Душебаев беше пречекан со свирежи, поради тоа што го направи во Киелце.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
425
Поени од реакции
2.174
Јас како што гледам, за него никој не јаде гомна, најмалку па да му се свири во Скопје дај не се тресете, не бладајте… Убаво си пишува дека не разочара со трансферот и со дел од изјавите, а не дека некој не го почитува него и тоа што он го дал за клубот… Тоа ќе остане вечно… Само многу му беа контрадикторни изјавите, продолжува договор со Вардар и кажува како не може да се замисли во друг клуб и после 20 дена потпишува со Загреб, клуб што реално е две класи помал бренд од Вардар… налет ако 9 сезони во Вардар му значат помалку од 10-тина утакмици во ЛШ со тим што ќе се бори да не биде последен у група…И згора на се, изјава како ако се вратиме следна сезона у ЛШ, ќе се врател… Не брат, ако гине Чувара цела сезона 60 минути и ако остане у вакви тешки моменти, тогаш следна сезона ќе си игра он во ЛШ… Столе пред сезона имаше ТОП понуда што ретко кој би ја одбил, Куни исто, Томовски одби понуда од Бундеслига, само Тимур не можеше…
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
да беа како него и оние шпанските педерчиња Кањељас и Македа или она говедото Борозан , што го тужеа клубот кај ЕХФ , сега немаше да има вакви проблеми.
Ок сега, јавна тајна е дека Тимур му беше љубимец на Самс и дека во ниту еден момент него лично не му се должеле пари како на овие тројца што ги наброја. Да бил во иста ситуација како нив сигурно и он ќе тужел или ќе зборел по медиуми како што го прави тоа сега, а богами и уште ланската сезона ако добро се сеќавам прв почна да збори дека не штима баш работата во клубот. Убаво рече @kano, он не е навикнат на начинот на кој што функционира Михајло и јас не му се лутам за тоа што пред 20 дена рекол дека не може да се замисли во друг дрес, па после потпишал со Загреб затоа што познавајќи го Михајло не е исклучено да му барал да прифати помала плата од таа што ја потпишале пред 20 дена затоа што нема да играме ЛШ.
Он ќе остане легенда на клубот и апсолутно никогаш нема да биде исвиркан во Скопје, напротив, може да добие само громогласен аплауз и скандирање, само стварно невкусни се овие изјави затоа што можат да му наштетат уште повеќе на тимот во обид да се консолидира со играчи од наредна сезона.
На играчки план, спомнав уште во текот на сезонава дека е приметливо паднат во форма и со оглед на годините таа може само да продолжи во надолна линија, а Чувара делува на играч кој заслужува поголема прилика, така да може иако сега делува чудно на крај и да извлечеме некаков ќар од ова.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Малце контрадикторно од страна на Тимур што самиот кажа сака да изигра уште една сезона тука и да се пензионира, за 2 недели после тоа да си отиде ради ЛШ и да изјави дека можеби би се вратил следна сезона. Како и да е, направи многу тука, исто како што направи многу Вардар и Македонија за него, и ќе си остане запамтен како легенда, една од најголемите во клубов. Штета што голем дел од играчите заминаа така, без некоја специјална пригода и во турбулентни периоди за клубот, а штета и што немаме добра раководна структура што ќе организираше некој ревијален натпревар и ќе наполнеше сала за да ги испратиме сите овие играчи што стварно направија многу, не само за Вардар, туку општо за ракометот и спортот во Македонија.

Од друга страна, добро што го задржавме Чувара, никогаш не доби вистинска шанса, а покажуваше потенцијал, ќе видиме сега како прв избор како ќе се покаже. Многу ми е криво што во ваков момент ни скинаа ЛШ, да беше лани многу полесно ќе се прифатеше одлуката мислам, баш ветувачки делуваа планираните засилувања, со Дејвис на клупа и со позитивната атмосфера што се направи со пресвртот во борбата за титула и освоениот куп, очекував баш интересна и добра сезона да имаме. Вака гледајки го составот, и засилувањата на Пелистер, нели може да донесеме уште некое засилување за да ги пополниме дупките пред се на бековските позиции, вака гледано стартната постава не е воопшто лоша и е речиси истата од лани, фали да се надополни ширина на составот за ротација и би можеле повторно да бидеме во игра за титула во домашното првенство.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.872
Сезонава у Расадник да не ја играме? :)
Расадник веројатно не, бидејќи е распад. Ама не би ме чудело да играме во друга сала место во Јане. Лани огромна кирија им бараше Самсоненко, а годинава не играме ЛШ.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.077
СЦ Јане Сандански го стопанисува МОК. Со Циле Тупурковски и Владо Богоевски можеби ќе се исценка прифатлива кирија. Во спротивно во "Круме" ќе делиме термини со пионерите и кадетите на Алкалоид.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Не знам со кого зборев пред некое време, знам тврдев дека годинава нема да ни дадат да играме во Јане Сандански. Мој тип е дека во Автокоманда ќе играме.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Има во Аеродром друга сала до Јане. Стои скоро готова 4 години. 3 илјади капацитет треба да има, општината ја почна во 2009. Нека се заангажира градоначалников на Аеродром, нека ја среди, и нека играме таму. Нели сака да го помогне Вардар.
 
Член од
31 август 2020
Мислења
394
Поени од реакции
1.194
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Со 15 гласа ЗА, 3 против и 13 воздржани, предлогот бил одбиен, вели Шутаров.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom