Фан клуб - РК Вардар

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.103
Не викам дека лаже, не знам, немам никакви информации за состојбата во клубот.

Но можам да ти кажам како објективно звучи тоа соопштение. Вика 2.3 милиони подмирени обврски. Кои обврски? Долг од 2017та? Новогенерирани обврски од 2021ва? Нешто трето? Сите трошоци се обврски и стари долгови и нови тековни. Соопштението може да е целосно точно но притоа да ги упатува читателите на погрешњн заклучок.

Да не зборувам што не е ни јасно какви се долгови има клубот. Можеби и не се само играчи во приказната...

Мислам дека генерално дел од новинарите во МК отприлика знаат што е играта, на крај и краишта и ЕХФ сигурно има некаква цел со ова, прашањето е само како ќе се фразира сето тоа во медиумите заради ПР причини, а во Македонија секогаш има и разно разни популисттичко политички игри.

ok... ajde vaka... koj se pobaruvanjata kon vardar? ima li sudska odluka? ima li odluka od ehf deka tolku i tolku dolzi i treba da se plati? im barale garancii. sega gi vrakaat, znaci ne se realizirani. zosto?

prvo bila dadena 300k pa 500k. sto e poentata? ako imaat crno na belo na kogo sto mu se duzi neka ja unovcat i neka gi razdolzat. garancija se bara ako se ceka sudska razvrska i ne se znae krajnata suma. tuka nema ni proceduri zapocnato ni nisto...

so dobri advokati ova treba da se resi. mnogu raboti se nejasni a kolku sto e na miho nejasno soopstenieto ona na ehf e pa cista glupost.
 
Член од
24 мај 2022
Мислења
55
Поени од реакции
197
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Не викам дека лаже, не знам, немам никакви информации за состојбата во клубот.

Но можам да ти кажам како објективно звучи тоа соопштение. Вика 2.3 милиони подмирени обврски. Кои обврски? Долг од 2017та? Новогенерирани обврски од 2021ва? Нешто трето? Сите трошоци се обврски и стари долгови и нови тековни. Соопштението може да е целосно точно но притоа да ги упатува читателите на погрешњн заклучок.
.
Па објаснето е дека по неговото превземање на клубот констатиран е долг од 2,5 милиони евра за неподмирени плати према играчи до тогаш.Плус се објаснува дека од неговото преземање на клубот се си е подмирено према ракометарите, а тој претходен долг од 2,5 милиони, во договор со ЕХФ е испладен на етапи каде се напоменува единствено дека има каснење на последната рата од 500.000 евра и тоа од 15 дена.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
ехф и да го јадат и да платат казна џабе ке биде кога ке го уништат клубот за век и векови
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Еве ви балкански пример за заобиколување на постапки и елиминирање на стари долгови.

Вардар 1961 како ентитет беше основан само за оваа ситуација што се наоѓаме сега, односно да можеме во ситуацијава да кажеме дека против клубот не е покрената никаква постапка од бивши играчи кои бараат да им бидат покриени долговите. Сите постапки се водат претпоставувам на име на правното лице РК Вардар а никој од тие играчи не може да докаже дека е бифш играч на Вардар 1961.

Не вреди да се критикува Михајло за ситуацијава. Човекот прави повеќе од што е возможно и тоа е тоа. Уште сум гневен што ниту претходните ниту овие градоначалници сега не мрднуваат со прст, само тој начин го гледам како реална опција за излез од ситуацијава. Го очекувам сега коментарот зошто државни пари да се теошат на Вардар, парите и така и така ќе ги украдат а во секоја ситуација боље е на спорт отколку дете заостанато со развојот да компонира песни за терористи.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Единствен човек на кој треба да сме гневни е Самсоненко. Не закопа и фудбалски и ракометно, и откако ги напушти клубовите, тоа што се случи со фудбалскиот и ракометниот комплекс, и неговото однесување во врска со моменталниве ситуациии, неангажираност, е доволно индикативно дека него го заболе за клубовите. Дека он си имаше други интереси со "инвестирањето".

Без разлика кои политички ставови луѓе држат, не може да се жалиме дека други луѓе, а владата, градоначалници и слично требале да се ангажираат и да отплаќаат туѓи долгови. Едноставно работи не функционираат така. Тој што правел глупости, тој треба да си сноси последици. А овој си се тргна и заглави други како Михјало да губат живци ради негови валкани игри. Да бидеме реални, он си е дојден тука со ВМРО ујдурми да прави, со другарите Камчев и Мијалков, луѓе за кој јавно има говорено дека со нив е огромен пријател и бизнис партнер.
 
Последно уредено:

Држе пак ја вртите на тоа дека некој бара владата да ги решава долговите на Самс. Аман разберете дека од владата само баравме притисок кон Самс да си исплати тоа што направил, како што му музат пари на други полиња кај што имаат интерес. Критикувана е нивната неангажираност на тоа поле, а не затоа што директно она како влада не ги исплатила долговите на Вардар.Ете убаво си напишал, тој што правел глупости треба да сноси последици, а како да сноси последици кога никој на повисоко ниво не го притиснал за да ги сноси тие последици и да плати тамо каде што должи, тоа е целата прича.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.323
Поени од реакции
3.795

Јас единственото нешто што сум гневен на властите во оваа наша ситуација е што не се покрена кривична постапка против Самсоненко и што не му се конфискува целиот имот. За разлика од моите очекувања, човекот уште лабаво шета низ градот, фаќа бизниси по тендери, влезе во УО на МОК и уште става клуч на академијата, бара астрономска кирија од РК Вардар.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Држе пак ја вртите на тоа дека некој бара владата да ги решава долговите на Самс. Аман разберете дека од владата само баравме притисок кон Самс да си исплати тоа што направил, како што му музат пари на други полиња кај што имаат интерес. Критикувана е нивната неангажираност на тоа поле, а не затоа што директно она како влада не ги исплатила долговите на Вардар.Ете убаво си напишал, тој што правел глупости треба да сноси последици, а како да сноси последици кога никој на повисоко ниво не го притиснал за да ги сноси тие последици и да плати тамо каде што должи, тоа е целата прича.
Абе прашање е дали воопшто можат да го гонат тој, да го притискаат. Не дека ги бранам јас овие на власт. Ама кој знае со кој е вмешан тој, кој го команди од Русија и слично. Другарите му завршија во затвор, ама ете го он, уште си се шлае тука. Јас сум изненаден дека си нема отидено уште.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Абе прашање е дали воопшто можат да го гонат тој, да го притискаат. Не дека ги бранам јас овие на власт. Ама кој знае со кој е вмешан тој, кој го команди од Русија и слично. Другарите му завршија во затвор, ама ете го он, уште си се шлае тука. Јас сум изненаден дека си нема отидено уште.
Епа тоа не боли највише сите. Си шета како ништо да не било, као да е заебанција исчезнувањето на ФК и РК Вардар од спортската сцена, што е најкатастрофално си склапа нови бизниси и зделки и ич не му чуе.Не би ме зачудило утре у Алкалоид да почне да спонзорира чисто за појачање на Жика! Ама па коа ќе размислам вака и ние сме чудни. Овие име сменија, држава ја снема, а ние очекуваме да се ангажираат за спас на спорт. Коа ќе видиш Самсот само си ја користи скапанава клима во македонската вукојебина каде не се знае кој пие кој плаќа, или во случајов се знае дека Самс плаќа само не каде што ние би сакале. Нема веза, многу тешка прича за сите искрени навивачи на Вардар ама тоа е, мораме да поминуваме низ овие срања. А тоа дека не можеа да го притиснат да плати бар пола од долгот ако не целиот, мислам дека се лажеш. Кога може да плаќа на други страни, можел комотно да исплати бар милион и пол евра и немаше да има веќе ништо од оваа сага. Јебига.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Абе цело време Самсоненко е крив. Па како да инвестира бе, сите бизниси му ги имаат блокирано, демек арапине од ПСЖ се почисти од него, или газдине на Киелце. Темава пред Самсоненко има околу 350 страни, сега има 2.800, тоа е повеќе од доволен показател каков бил Вардар, ова е најдоброто од Вардар пред него:
Screenshot 2022-06-23 at 20.51.19.png

Ако е точно она што го кажува Михајло, бесмислица е тоа што му го прават на Вардар. Едноставно ЕХФ (и тие пет-шест земји што се вртат околу нив) не ја сакаат Македонија во ЛШ, ок, го исфрлија Вардар, во тој случај требаше да биде заменет со Еурофарм Пелистер. Го одземаат местото кое заслужено Македонија го имаме во ЕХФ - Металург и Вардар работеа на тој ранкинг во претходните 15 години. И ова не е од денес, истиот случај беше и со Кометал ЃП, па ЖРК Вардар сигурно изгуби најмалце две титули затоа што Будимпешта има монопол врз FINAL 4. Тоа е тоа, мора да бидеме задоволни на она што го постигна Вардар, таква доминација не се очекуваше од екипа од факинг Македонија. Да се надеваме дека се'уште има шанси оваа одлука да се смени, ако не се смени треба да се помириме со тоа дека ЕХФ е криминална организација. Убаво е што осетивме како е да бидеш на врвот на Европа, сега фокусот треба да биде на создавање млади македонски играчи. Не само на Вардар, тоа треба да биде приоритет на сите екипи од суперлигата.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Ако е точно она што го кажува Михајло, бесмислица е тоа што му го прават на Вардар. Едноставно ЕХФ (и тие пет-шест земји што се вртат околу нив) не ја сакаат Македонија во ЛШ, ок, го исфрлија Вардар, во тој случај требаше да биде заменет со Еурофарм Пелистер. Го одземаат местото кое заслужено Македонија го имаме во ЕХФ - Металург и Вардар работеа на тој ранкинг во претходните 15 години.
Точно! Уште еден потег преку кој се гледа намерата на ЕХФ да му наштети директно на македонскиот ракомет, а на да го казни само Вардар заради долгови. Како што спомна ако им била целта да го казнат Вардар за сето тоа, зошто автоматски не беше убацен вицешампионот на Македонија и со тоа Македонија би си го имала пополнето своето заслужено место во годинешното издание на ЛШ. Ама не. Па не треба да бидеш и премногу паметен да сконташ колку е саат.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
СЕХА треба да се надгради и да биде некоја паралела на лш.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.635
Абе цело време Самсоненко е крив. Па како да инвестира бе, сите бизниси му ги имаат блокирано, демек арапине од ПСЖ се почисти од него, или газдине на Киелце. Темава пред Самсоненко има околу 350 страни, сега има 2.800, тоа е повеќе од доволен показател каков бил Вардар, ова е најдоброто од Вардар пред него:
Прегледај го приврзокот 336351

Ако е точно она што го кажува Михајло, бесмислица е тоа што му го прават на Вардар. Едноставно ЕХФ (и тие пет-шест земји што се вртат околу нив) не ја сакаат Македонија во ЛШ, ок, го исфрлија Вардар, во тој случај требаше да биде заменет со Еурофарм Пелистер. Го одземаат местото кое заслужено Македонија го имаме во ЕХФ - Металург и Вардар работеа на тој ранкинг во претходните 15 години. И ова не е од денес, истиот случај беше и со Кометал ЃП, па ЖРК Вардар сигурно изгуби најмалце две титули затоа што Будимпешта има монопол врз FINAL 4. Тоа е тоа, мора да бидеме задоволни на она што го постигна Вардар, таква доминација не се очекуваше од екипа од факинг Македонија. Да се надеваме дека се'уште има шанси оваа одлука да се смени, ако не се смени треба да се помириме со тоа дека ЕХФ е криминална организација. Убаво е што осетивме како е да бидеш на врвот на Европа, сега фокусот треба да биде на создавање млади македонски играчи. Не само на Вардар, тоа треба да биде приоритет на сите екипи од суперлигата.
Гомнариве од ЕХФ толерираат клубови од Романија кои се многу нестабилни во финансиските средства и се распаѓаат како кула од карти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom