Фан клуб - РК Вардар

Член од
13 август 2019
Мислења
416
Поени од реакции
2.111
Ајде да им пишеме коментари и слики со содржина ехф мафија на, сите профили што ги имаат

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
И ? Ќе кажат Ок, ајде не пишувајте коментари, играјте ЛШ годинава… Дајте бе луѓе преку к.. од овие 7-мо накај 8-мо “герила” акции на ФБ и ИГ…
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Револтот треба да се покаже на некој начин.Да не треба срциња да им праќаме.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
И ? Ќе кажат Ок, ајде не пишувајте коментари, играјте ЛШ годинава… Дајте бе луѓе преку к.. од овие 7-мо накај 8-мо “герила” акции на ФБ и ИГ…
pisi im vo komentari STOP EHF, go sakam vardar vo postensko sandace hhhh
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Ете го.. и што сеа? Јебе луд збуњеног! По ова се гледа дека 95% е исплатен долгот и дека тоа и не е главната причина за исфрлувањето. Ехф го имаше претставено ова као Вардар да не плаќа ништо, а Михо до сеа имал исплатено 2,5 милиона. Ја верувам дека Михо ја збори вистината и си има докази за платените долгови бидејќи ова е јавно соопштение и едноставно не може вака јавно да си пука во глава ако не е така. Ете ќе видиме, времето ќе покаже, ама пак тврдам дека овој ЕХФ е гованце организација и дека има позадина за нашето исклучување од Европа, а тоа не се неподмирените долгови.
Што би била позадината?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Што би била позадината?
Не знам. По мое некое мислење мислам дека се работи на тоа Македонија да изгуби место во ЛШ, и да се отвори место за некои други клубови кои не успеаа да се пласираат во ЛШ. Помоќни земји кои имаат голем кредит кај ЕХФ. Друго објаснување немам.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Не знам. По мое некое мислење мислам дека се работи на тоа Македонија да изгуби место во ЛШ, и да се отвори место за некои други клубови кои не успеаа да се пласираат во ЛШ. Помоќни земји кои имаат голем кредит кај ЕХФ. Друго објаснување немам.
Една од најракометните земји во светот е Македонија. Да направи ЕХФ да загуби македонски претставник во ЛШ е исто како да си пука во колено.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.074
Поени од реакции
22.116
Една од најракометните земји во светот е Македонија. Да направи ЕХФ да загуби македонски претставник во ЛШ е исто како да си пука во колено.
ehf saka profit na krajot na denot. nas treba da ne platat a ciganive na vlast nekat ni tv prava da otkupat. realno samo od tv prava na primer u danska oni ke se bar 500k evra plus.

gi zabole niv za makedonski prestavnik lol
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Една од најракометните земји во светот е Македонија. Да направи ЕХФ да загуби македонски претставник во ЛШ е исто како да си пука во колено.
Објасни ми го ондак исфрлувањево од сите европски натпреварувања на скоро исплатен долг. Да сакаше ЕХФ да го задржеше Вардар ќе го напраеше тоа и на многу поголем долг, као што направи и минатата година.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Објасни ми го ондак исфрлувањево од сите европски натпреварувања на скоро исплатен долг. Да сакаше ЕХФ да го задржеше Вардар ќе го напраеше тоа и на многу поголем долг, као што направи и минатата година.
Ни мене не ми е јасно, тоа викам.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Објасни ми го ондак исфрлувањево од сите европски натпреварувања на скоро исплатен долг. Да сакаше ЕХФ да го задржеше Вардар ќе го напраеше тоа и на многу поголем долг, као што направи и минатата година.
Нормално е раководната структура да си ги брани своите постапки. Нелогично е да се земаат изјавите на Михајло или било кој од Вардар здраво за готово кога тие се засегнатата страна.

Мене ми личи дека почнале со некакво исплаќање на стари долгови, но има уште доста за плаќање (за сите сезони вкупно наназад). Тие 2.5 милиони во изјавата повеќе звучат како вкупно средствата кои ги инвестирал клубот изминатите 2 години отколку сума која ја исплатиле од долгови.

Дека некакви правни играрии се правени преку пререгистрација на нов клуб и со тоа да се обидат некој друг да ги исплаќа долговите тоа е сигурно. И тука е "лутината" на ЕХФ која втора сезона по ред не сака да дозволи вакви правни преседни да проаѓаат кои се спротивни на фактичката ситуација.

Јас се уште мислам дека ќе се најде решение, бидејќи апсолутно не се согласувам дека има некаква завера против Вардар - напротив Вардар добил поголем попуст отколку што еден Хамбург, Копехаген и еден куп шпански екипи добиле изминатата деценија.

Но еднаш мора да се научиме дека спортот е бизнис и водењето на клуб и резултатите кои се постигнуваат мора да имаат економска логика. Затоа прво мора малку да ги зауздаме амбициите, барем на краток рок, а потоа да бараме систем со кој ќе се максимизираат резултатите кои се можни со некои 1-2 милиони евра годишен буџет кој е некој максимален износ кој е моментално одржлив и не води кон финансиски крах.

А се знае како се вадат максимални резултати со таков буџет, млади играчи кои се развиле побрзо отколку што им летнала платата, локални играчи кои за да бидат "дома" играат за малку помали средства, домашни играчи за кои не требаат сертификати, како и генерално користење на предноста што ја има Македонија во однос на западна Европа (помали трошоци за живот, помали даноци, ваучер системот кој е добар за ракометот бидејќи е спорт со најдобри резултати во државата, нешто што не е случај во други држави).

Ене ги Целје и Загреб. Освоија титули во ЛШ, сфатија дека мора да го сменат моделот кон одржлив бизнис субјект и со децении се одржуваат во светскиот крем од топ 30 екипи. Тој е моделот што треба да се усоврши и унапреди, нешто што мислам е возможно во МК бидејќи ракометот е попопуларен отколку во ХР и СЛО.

Ова ба крај и краишта не важи само за Вардар туку за сите клубови. Важеше и за Металург кој не успеа и пропадна, важи за Пелистер кој ќе мора да ги исконтролира апетитите, а ќе важи и за Алкалоид кој допрва ќе треба да се издефинира како можен посериозен субјект на ракометната мапа во МК.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Ни мене не ми е јасно, тоа викам.
Дел од соопштението на РК Вардар:

По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која повторно ќе играме меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите. Стабилноста на клубот последните две сезони ни дава за право да се надеваме на повторување и подобрување на постигнатите резултати досега.

За жал од ЕХФ на 17 јуни 2022 год, добивме известување дека поради ненавремено подмирување на обврските Вардар не може да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Во изминатиов период од 2 год. беа подмирени обврски во висина од околу 2.3 милиони евра и беше уплатен депозит на сметка на ЕХФ во висина од 300.000 евра.

(Значи во изминативе 2 години решен е најголемиот дел од долгот односно 2,3 милиони евра од 2,5 милиони вкупен долг, плус уплатен е депозит на сметка на ЕХФ од 300 000 евра, што значи долгот треба да е елиминиран).

При преземањето на клубот во правна постапка согласно законските прописи со која што РК ВАРДАР 1961 АД Скопје, стана правен следбеник на клубот официјалните податоци укажуваа на заостанати обврски спрема играчи во висина од 2.5 милиони евра. Во време на светска криза и пандемија кога сите се соочуваат со проблеми од најразлична природа, а најмногу финансиска клубот успеа да го сервисира стариот долг што го имаше кон играчите од пред неколку сезони кога двапати беше европски шампион.(Значи по преземањето на Вардар од страна на Михо затекнат е долг од 2,5 милиони евра кон поранешни ракометари)

Вистина е дека РК ВАРДАР 1961 АД Скопје имаше задоцнување во временската рамка кој што ја доставуваше за исплата на заостанатите обврски, при што последната исплата од 500.000 евра предвидена за исплата до 15.05.2022 год. се реализираше до 31.05.2022 год. Со оваа исплата и со искористувањето на депонираните средства РК ВАРДАР 1961 АД Скопје сметаше дека целосно се подмируваат заостанатите обврски пред преземањето на клубот. (Значи једино што не испоштувал Вардар е рокот за исплата на последната рата од 500.000 евра кој бил со 15 дена закаснување и сакате да ми кажете дека заради тоа копилињава ќе ни го ебат клубот??)

Не не овде не е чиста работава. После се што излезе на виделина сметам дека се игра голема игра од ЕХФ. На крај краева ако не е така како што вика Михо, зашто ЕХФ не го демантира со концизно соопштение во кое ќе објасни дека пример долгот не е 2,5 милиони туку 5 милиони или слично. Нема ништо такво од нивна страна, се е некако штуро и недоречено.
Автоматски споено мислење:

Нормално е раководната структура да си ги брани своите постапки. Нелогично е да се земаат изјавите на Михајло или било кој од Вардар здраво за готово кога тие се засегнатата страна.
Не верувам дека Михо преку официјално соопштение би лажел дека платил 2,3 милиони евра. Се зема официјално соопштение на клуб во кое концизно е објаснето колкав бил долгот, колку е платено до сега, и дека само последната рата е исплатена со 15 дена закаснување. Од другата страна добивме далеку од некое концизно објаснување.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.074
Поени од реакции
22.116
poleka... zdrepkata e na 2ri... ima poveke od 1 nedela. pederite od ehf nemase ni da izlezat so soopstenieto do petok ama pisuvanjata na balkanot i izjavata na miho gi natera da reagiraat. prakticno ni dadoa eksta 3 dena da reagirame oficijalno. za da se bunis treba odluka, sega ja imame. na red e da se bunime. ke vidime doprva sto ke bide.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.323
Поени од реакции
3.795
Исто така треба да се има предвид дека голем дел од обврските беа плаќани на рака. Јавна тајна е дека со вреќи пари се влегувало во соблекувална. И мислам дека заради тоа што и на играчите им е прљав гзот не е подигнат ниту еден судски спор до сега и покрај тоа што имаше лаење по медиуми.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Не верувам дека Михо преку официјално соопштение би лажел дека платил 2,3 милиони евра. Се зема официјално соопштение на клуб во кое концизно е објаснето колкав бил долгот, колку е платено до сега, и дека само последната рата е исплатена со 15 дена закаснување. Од другата страна добивме далеку од некое концизно објаснување.
Не викам дека лаже, не знам, немам никакви информации за состојбата во клубот.

Но можам да ти кажам како објективно звучи тоа соопштение. Вика 2.3 милиони подмирени обврски. Кои обврски? Долг од 2017та? Новогенерирани обврски од 2021ва? Нешто трето? Сите трошоци се обврски и стари долгови и нови тековни. Соопштението може да е целосно точно но притоа да ги упатува читателите на погрешњн заклучок.

Да не зборувам што не е ни јасно какви се долгови има клубот. Можеби и не се само играчи во приказната...

Мислам дека генерално дел од новинарите во МК отприлика знаат што е играта, на крај и краишта и ЕХФ сигурно има некаква цел со ова, прашањето е само како ќе се фразира сето тоа во медиумите заради ПР причини, а во Македонија секогаш има и разно разни популисттичко политички игри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom