Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Абе кој е будала да ги враќа долговите, да не се лажеме.
Не заглави Самс до гуша, нема враќање ни за ФК, ни за РК.
Не треба да губиме години, треба од ново да се почне, со формирање нови клубови и во двата спортови.

Ова е дефинитивен крај за клубот.
Кој би се согласил да спонзорира и уште повеќе, да игра за клуб кој игра само во македонска лига?
Немаш спонзори, немаш приход од карти од ЛШ (кој беше океј), немаш шанси да привлечеш играчи повеќе.
Немаме ни тренер, а верувам дека скоро сите ќе си заминат дури и да продолжиме со работа. Договорите во ракомет не значат ништо, особено што тешко дела би имале и средства да ги исплатиме платите. Одма ќе се раскинат, уште пред да почне сезоната. Нема грешка дека Цехте или Дуарте ќе играат против РК Скопје и РК Аеродром.
Да останат некои играчи ко Борко, Столе, Карапале, Ќосевски и Савревски и то је то, ранг на Вардар Неготино.

Ова беше последен удар за тимот, кој финансиски со години дише на шкрги и резултатски се надмина себеси од почетоците на кризата (2017).
Затоа сто пати сум кажал, да не се лета со критиките за донесените играчи, кога клубот последнава година опстои благодарение на растрчаноста на Боре и молењето на Михо по разни фирми за секое евро плус.
Веројатно ако некако игравме во Европа, може ќе се најдеше краткорочно решение, ама на долг план никако.

Колку шпанско тимови во ракометни фудбал пропаднаа вака. Пример, Депортово веќе трета година ќе игра во трета лига, поради пропастот со долговите. Клубот беше на раб на стечај во 2010, ама се извлече и ете живурка низ лигите со накалемени долгови кои никогаш нема да ги врати.

За враќање на вакви долгови треба да застане државата зад клубот, а тоа нема да се случи никогаш.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Сега кога ќе оди во стечај ќе вратат курац само. Најлошо решение и за Вардар и за тие кон кои се должи.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Ништо тоа е тоа. Се одработи полека стратегијата да се тргне брендот Вардар на маргините на македонскиот спорт.Факт е дека Самсот еба мајката со тоа што не остави на цедило не плаќајки ги долговите, ама исто така факт е дека " Владата на нашата земја" не мрдна со прст најпрво да го гони и да му изврши притисок на Самс да ги реши долговите кон Вардар ( иако читам дека кон други бизнис страни плаќа пенали на големо), како би го одржала во живот брендот кој најмногу ја има прославено Македонија на спортски план. Реално секоја нормална влада на една земја ќе се обиде да спаси еден колектив кој бил двократен европски првак, али не и влада која се срами од тоа име. Тоа е што е, лекција која најскапо ја плативме. Мислам дека сега се знае кој најмногу ќе профитира од оваа ситуација. Алкалоид дефинитивно. Алкалоид ќе го превземе местото на Вардар и полека ќе се бори со Еурофарм.Паѓаат во вода сите најави за клуб кој ќе биде водилка за креирање на јака репка. Бар тоа е мое мислење.Сега и они ќе ја видат својата шанса за успех во Европа, а сите знаеме дека до него не се стига без квалитетни странци на сметка на кои страдаат македонските ракометари. Тоа е факт и нема бегање од тоа. Не знам што да кажам, до крај се надевав дека може нешо да се промени, ама очито ЕХФ решил да стави катанец за Вардар и тоа е тоа. Во ваква ситуација не гледам начин на кој би продолжиле нормално да функционираме. Ајде да видиме што официјално ќе изјави Михо по денешнава одлука на ехф.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441

А зошто да плаќаме сите граѓани за долговите на некој русин во ПРИВАТЕН клуб? Ние го теравме да троши толку? Кој македонски играч го добивме како репрезентација од титулите на Вардар? Секогаш кога се мешале партии и политика во клубови на крајот го јадел немиен клубот иако се направи ОГРОМЕН краткорочен успех. Според соопштението и нов клуб да се основа нема да можи да се поистовети со клубот кој ги освои двете титули и ова е најголемиот пораз за македонскиот ракомет.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Од тоа што го знам јас, ехф имала голем притисок од ЛШ клубовите да ве исфрлат од натпреварувањето. Освен некое македонско лоби во структурите ниеден клуб не ве поддржал. Тие вашето освојување на титулите го гледаат како превара. Бидејќи на некои ваши играчи пред да потпишат за вардар, им нуделе една плата а вие поголема плата и се одлучиле за вардар. А таа плата никогаш не сте ја исплатиле. Демек сте зеле титула на вересија која никогаш не сте ја подмириле. Во Келн било тензично за вашиот случај, наводно се изгледало како да е веќе одлучено. Ќе видиме што ќе биде на крај
Од избори блиски со Горниот разбрав дека дека навивачите на Еурофарм ќе си отидат од овој свет со најголем меѓународен дострел на нивниот клуб кревање на паркетО и ништо повеќе. Да не ме разбереш погрешно немам ништо против вашиот клуб само пренесувам информации.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.003
Поени од реакции
5.506
Од избори блиски со Горниот разбрав дека дека навивачите на Еурофарм ќе си отидат од овој свет со најголем меѓународен дострел на нивниот клуб кревање на паркетО и ништо повеќе. Да не ме разбереш погрешно немам ништо против вашиот клуб само пренесувам информации.
Фала на инфото, и да си се запознајш со изворот што побргу... куртон еден
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Дај бе доста го тупите со паркето, битолчани, ехф... пролив сте.
За ситуацијава никој не ни е виновен освен самите ние, Самсоненко и сите оние што не мрднаа со прст да го спасат брендот. РК Вардар беше најдобар амбасадор на Македонија. Прво нешто коа ќе им кажам од каде сум одма викаат Кире Лазаров или Вардар. И од толку бизнисмени ниту еден не се најде способен да ја реши ситуацијава.
Тоа е тоа што некои тука го збореа од 2017 ама упорно се игнорираше и на форумов и по медиуми, лесно е да замачкаш долгови кога ќе донесеш пехар од Келн и ги патосираш ПСЖ, Веспрем и Барса. Ама ете, крајот дојде и мушки треба да се прифати и да се најде решение.

Само вие продолжете да барате вина кај ЕХФ, Алкалоид и Битолчани. На крајот излегува дека вие имате поголеми комплекси од нив отколку тие од нас. Од уста не го вадите паркето.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.293
Ништо тоа е тоа. Се одработи полека стратегијата да се тргне брендот Вардар на маргините на македонскиот спорт.Факт е дека Самсот еба мајката со тоа што не остави на цедило не плаќајки ги долговите, ама исто така факт е дека " Владата на нашата земја" не мрдна со прст најпрво да го гони и да му изврши притисок на Самс да ги реши долговите кон Вардар ( иако читам дека кон други бизнис страни плаќа пенали на големо), како би го одржала во живот брендот кој најмногу ја има прославено Македонија на спортски план. Реално секоја нормална влада на една земја ќе се обиде да спаси еден колектив кој бил двократен европски првак, али не и влада која се срами од тоа име. Тоа е што е, лекција која најскапо ја плативме.
Еве ја Данела од другиот табор, па не сум видел дека нешто мрднала од аспект на Град Скопје - не мора владата (тие и онака се најнеспособни и најнезаинтересирани). Иако има национални проекти, како Будуќност во женски ракомет кој генерално си држи константа уште од 90-тите наваму.
Самсоненко, фала за успесите, зацрни три клубови. И тој реши самоволно да не им плаќа на играчите и да не го интересира кој трчал на терен, кој се борел до последно, кој со повреда играл само за да игра. Мислам дека не те укапираа и те сфатија дека очекуваш народот да го плаќал клубот. Ти супер кажа, треба притисок да му се изврши или тужи го. На некој ситуацијата му одговара таква, ама на крај самиот клуб и структурата си е крива (ние не знаеме точно колку се должи, дали само на играчи и тренери, дали е и нешто друго). Било кој да не плаќа пари за струја или топлификација, а да плаќа за кафани, шетњи низ Европа, јасно е дека ќе ти исклучат и струја и парно.
Јас лично не се ситев на Металург, напротив ми беше криво затоа што знаев дека може и кај нас тоа да се случи. И еве мечката и тука тропна. Се надевам дека има барем една недела во која може да се обжали одлуката и да се издејствува Вардар да настапи во ЛШ (или најмала рака некој компромис па нека е и Лига Европа).
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
А зошто да плаќаме сите граѓани за долговите на некој русин во ПРИВАТЕН клуб? Ние го теравме да троши толку? Кој македонски играч го добивме како репрезентација од титулите на Вардар? Секогаш кога се мешале партии и политика во клубови на крајот го јадел немиен клубот иако се направи ОГРОМЕН краткорочен успех. Според соопштението и нов клуб да се основа нема да можи да се поистовети со клубот кој ги освои двете титули и ова е најголемиот пораз за македонскиот ракомет.
За жал у право си, низ годиниве за многу ствари кои се дешавале низ Скопје државата покривала трошоци односно со пари од сите граѓани додека во други градови се игра ракомет во сали без греење и вентилација. Истото беше и со топланата, трошоци милион покриј од буџет. Има право да се креира револт во останатиот дел од државата но тоа е друга тема.

Како и да е тажен крај на една приказна. Растур систем се случи а имавме надежи за интересна дешавка со оглед на играчкиот кадар кој се состави
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Ништо чудно да не снајде истото она што го снајде Металург зимоска, забраната од ЕХФ да важи и за играње во домашното првенство. Тек тоа ќе биде катастрофа и за клубот, а и за македонскиот ракомет во глобала.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Какви куртони бе све да ебам човече, наводно немало никаква врска ова со Алборг зошто тие и онака ќе добијале Вајлд Карта..
Времето ќе покажи дека ЕХФ и европскиот ракомет губат МНОГУ без Вардар.
Самсоненко СДШ и ДПНЕ све да ви ебам до трето колено пички едни.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
vinata e prostiot zakon na zivotot, opsto, zakonot na krug, odnosno ako ti na sila prajsh skap neodrzliv brend vo koj ubacavash prvicno para sho e nezamisliva ne samo za makedonija tuku i za rakometot opsto vo svetot ke zavrsi taka sho ti ne si sposoben nisto da doplatish, prosto e vi svrti krugot, zalno sho sea ke dojdat na mapata vestacki malski klubovi bez vistinsko rivalstvo
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
А зошто да плаќаме сите граѓани за долговите на некој русин во ПРИВАТЕН клуб? Ние го теравме да троши толку? Кој македонски играч го добивме како репрезентација од титулите на Вардар? Секогаш кога се мешале партии и политика во клубови на крајот го јадел немиен клубот иако се направи ОГРОМЕН краткорочен успех. Според соопштението и нов клуб да се основа нема да можи да се поистовети со клубот кој ги освои двете титули и ова е најголемиот пораз за македонскиот ракомет.
Друже, пред да ми одговориш бар прочитај убаво што сум напишал. Значи никој не вика вие граѓаните да плаќате за Вардар, него муабетот ми беше за незаинтересираноста на владата да прочепка и да го реши тој случај. Просто, како што може Самс да одговара и да плаќа пенали за незавршени проекти типа Хотел на плоштад итн, и проекти во некои други гранки, така требало да се исчешла и овој случај и да му се изврши притисок да си ги подмири долговите. Да беше некој клуб од другата страна во некоја слична ситуација имаше да решат се. Плус ако се знае какво мислење има сегашнава влада за Самсот,доста смрди што он е оставен тек така да распадне 2 клуба кои се најголеми брендови во Македонија. Од таа гледна точка ги посочувам и нив како делумни виновници за тоа што се случува. А кога беа освоени титулите први беа да се сликаат со ракометарите и да се лижат. И истото го мислам и за другиве, да не бидам таргетиран дека напаѓам една страна. Тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom