Колку беше лош терминот добро е и толку публика што имаше,не беше ни лоша атмосферата во сала искрено,на моменти знаеше да стане цела сала да навива.
Сепак титулата ние ја прославивме после натпреварот во Битола,не може сега на +10 со Тиквеш во натпревар што се игра во работен ден и тоа од 17ч да чекаш полна сала,требаше само да го стават овој натпревар во недела и ќе дојдеше многу повеќе публика,ќе беше јако да прославиме со играчите и да им се даде благодарност за цела сезона.
Инаку за пристапот на натпревариве секоја чест,така требаше и во првиот дел од сезоната да играме,со Вујо до 55та минута се влечеа по терен и после за 2 минути го кршеа натпреварот,сега со Дејвис се е решено уште во првите 10 минути,под негово водство сигурно немаше да се случи киксот во Битола,кој можеше многу да не кошта.
Втора работа за која мора да го пофалам Давид е мотивацијата на младите играчи,ете Карапалевски видовме сите колку напредуваше,му даваше и доста шанси од кога дојде и еве сега стана стандарден играч,претходно влегуваше само на решени натпревари и нормално немаше ни голема желба за игра,а и како ќе имаш желба ако знаеш дека и 5 гола да дадеш за 2 минути пак наредниот натревар нема терен да помирисаш.
Под Дејвис се препороди дечкото,сигурно сега се чувствува далеку по битен член на екипата.
Денес видовме дека истото почнува да се случува и со Ќосевски,одлична партија одигра,ќе треба во иднина да му се даде повеќе прилика за игра,мислам дека моментално тој е најпотценетиот македонски ракометар,во младински категории само грееше клупа на Костески,а во Вардар знаеме сите колку натпревари има одиграно,до сега никогаш немал вистинска шанса да се покаже,сега под водство на Дејвис ми изгледа дека е страшно мотивиран и сигурно тука си ја гледа шансата да постигне нешто.
За Талески нема потреба да пишувам што му се случи од кога дојде Дејвис,едноставно воскресна човекот.
Најбитно е што си ги остваривме амбициите за оваа сезона,пројдовме група во ЛШ и освоивме домашно првенство + купот дојде како бонус.
Нека ни се множат!!!