Фан клуб - РК Вардар

Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Според мене, не е толку страшно еден или два порази да се има во групата, пострашно е кога тимот само губи и ништо не игра...треба повеќе воигрување, да ги гледаат видеата што повеќе, да видат каде грешеле, со тренинзи, и нормално не само да се чека на еден или двајца, мора сите да играат, срце на терен, ако не тогаш Михајло ќе мора да бара нови играчи..успех за оваа екипа ќе биде да стигне до осминафинале, а после со Господ напред...
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.323
Поени од реакции
3.795
Јас ќе почнам од одговорот на новинарско прашање на пресот и тука ќе се сложам со Вујо - без да го потцениме Бутел, со толку технички грешки, промашени зицери и продадени топки особено на бековската линија, денес ќе изгубевме од Бутел, не па од Монпеље. Шамарот дојде у право време, кога голем дел од играчите се летнаа дека можеме се.
Одбраната, особено во прво полувреме беше катастрофална. Голмани речиси и да немавме. Мислам дека во секој момент и од секоја позиција успеваа да се изборат за шут. Неверојатно е како ни ја шетаа одбраната со брзите вкрстувања. Нападот постојано заглавуваше на 6 метри и одеше со глава низ ѕид во нивната плитка и цврста одбрана. Особено во прво полувреме на Њокаси им ги читаа трите наредни чекори.
Во поразот ме радува жарот во очите на Столе и Тимур. Кога на решена утакмица рипнаа од клупа за да свикаат да се убрза нападот. Лани и они беа потонати во вардаровото сивило. Среќа, сега се пак оние старите кои ги знаеме, а на новите играчи не им останува ништо друго туку да учат од нив.
Монпеље е добра екипа, ама денес вината за поразот повеќе лежеше во нашата лоша игра, отколку во нивната добра игра. Одиме понатака. Ќе биде долга сезона, ќе имаме уште подеми и падови, но ние секогаш ќе бидеме со нашиот Вардар.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Тотално ни ги затворија бековите. Никој не можеше да пробие до 6 метри, а ни да шутне од 9. Не знам зошто му ја скрати Вујо минутажата толку на Кубанецон, коректно си играше човекот претходно. Мора нов среден бек, не може со Гаџа, човекот не може да пробие на сила во моменти коаг тоа очајно треба и нема брзина.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Уште кога ја прочитав изјавата на Вујо завчера додека бев на работа, дека за прв пат Вардар во меч од ЛШ е фаворит знаев дека нема да биде мечот како што треба. Никогаш не ни стоела фаворитската улога, секогаш сме функционирале подобро кога не сметале за underdogs. Дури и во најсилните времиња со играчи како Штербик, Канељас, Дујшебаев, Абутовиќ итн. Не знам дали тоа имало некакво влијание врз играчите, но мене лично не ми се допадна. :)

Околу мечот веќе сте кажале се, би додал само една работа. Ме загрижуваше и сеуште ме загрижува она што на четири ЛШ мечеви до сега не успеваме да ја навлечеме противничката одбрана на една страна и да направиме вишок за крило. Не функционира ниту 6 против 6, ниту кога играме 7 против 6. Имаме постигнато по некој гол и во некоја таква ситуација, но мислам дека е малку. Дали е тоа до профилот на играчи кој го имаме во бековската постава, дали е до Вујо, дали е до двете не можам да кажам затоа што сум лаик.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Она беше one of those days, кога ништо не одеше...
Ни притисок од публика не помогна, неколку пати имавме зицери, пенали, напади со играч повеќе на -4, на пеколна атмосфера за вртење на резултатот, ама кога не сака, не сака.
На спротивната страна, од неколку мртви напади по ред, му стегнаа на Боре гол по земја. Едноставно не ти се игра откако на добра одбрана, примаш такви умрени голови, после минута и пол противнички напад.
Уште 4 дена да игравме, немаше да ги стигнеме. Едноставно денес не прочитаа целосно, а ниту еден бек немаше свој ден. Сите заедно да ги собереме немаа ни 5 погодоци. Веќе ќе биде лесно за противниците да не читаат, со ограничување на движењата на Гаџа и немањето друг среден бек. Кудуз беше очаен, изгоре во желбата да се докаже, па зема едно 20 шутеви или пак едноставно има квалитет само за СЕХА лига.
Во одбрана лошо преземавме, многу вишоци ни правеа, чисти шутеви од бекови, одлични влезови на крилата. Десното крило не уби со влезовите, а и општо добро ротираа и правеа конфузија во нашата одбрана.
Џукиќ е дрво откако дојде, ич не се снајде. Какви само промашувања имаше и изгубени топки. Чувара исто така беше многу лош, дури и пеналот го утна на крајот.
Тешко беше, не одеше и натпреварот треба да се заборави што побрзо.
Од друга страна испливаа на површина голем дел од нашите квалитативни недостатоци. Јас тврдам дека да нема публика, немаше ништо подобро од лани да играме, едноставно факторот атмосфера е голем притисок за противникот.
Но денес и тоа не помогна, таман ќе намалевме, ќе се запалеше цела сала и бап ќе не спуштеа на земја. Десет шанси имавме за вртење на мечот со намалување под 4 разлика, ама ништо.
Вујо е тврдоглав кога ќе се запне за таа игра 7 на 6. Особено непотребно при крај на полувреме.
Тој момент може беше и решавачки. Тото утка зицер за -1, примаме гол на празен гол. Нареден напад примаме уште еден на празен гол.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.459
Поени од реакции
3.482
Вујо без потреба мењаше на сам старт. До 15' Тале и Куни требаа пак да играат. Кудуз лош, поготово во одбрана. Требаше браќата пак да ги чува ко џокери, изгледа поише се палат од клупа. Што да се рече за среден бек па, Гаџа освен некоја асистенција не е кадарен да шутне. Се виде негов и допринос на нивни среден бек.
 
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
Тотално ни ги затворија бековите. Никој не можеше да пробие до 6 метри, а ни да шутне од 9. Не знам зошто му ја скрати Вујо минутажата толку на Кубанецон, коректно си играше човекот претходно. Мора нов среден бек, не може со Гаџа, човекот не може да пробие на сила во моменти коаг тоа очајно треба и нема брзина.
Има ситна повреда кубанецот затоа само толку играше
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Монпеље изигра перфекно нема збор тука,се гледа дека се спремале за нас,доста не анализирале.
Уште од почеток направија предност, буквално не утепаа со тие широки вкрстувања и изградени акции,кога така ќе влезе противникот во мечот влијае тоа доста на психата,посебно за екипа како Вардар што претходните натпревари ги добивале со јака одбрана.
Капак на се уште бековската линија им беше шутерски многу расположена,посебно Вилиминот,тие 2 гола што ги даде во второ полувреме кога беа под пасива можеби го решија натпреварот.
Да не го заборавам и голманот кај нив,го направивме Штербик од најдобри денови.
Од друга страна кај нас немаше разиграни бекови како претходните утакмици,тука мислам на браќата Њокас кои голем дел од времето ги немаше никаде,истото и за Моралес важи,многу слабо изигра денес.

Генерално кога ќе го видиме цел натпревар може да се каже дека ова е победа на Канаје над Вујо,од една страна имаш екипа што е одлично спремена за натпреварот,играат брзо,прецизно,агресивно во одбрана,а од другата страна екипата нема идеја во напад и форсира 7 на 6 цело време.

Тоа е тоа,нема потреба за жалење и критики,имаме уште многу натпревари до крај,кога ќе ја видиме целосната слика добро ја почнавме сезоната,некој да ни понудеше ваков стар без размислување ќе прифатевме.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Џукиќ е дрво откако дојде, ич не се снајде. Какви само промашувања имаше и изгубени топки.
Апсолутно. Тотално е изгубен човекот. Не треба да ги ротира со Гоце по полувреме. Гоце може цела да ја изигра, далеку е подобар од Џукиќ, кој не знае кај тера.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.638
Поени од реакции
7.509
Јас не разбирам што прави воопшто Џукиќ на терен, она што он го прави може и од улица некој да викнат да го прави. Цел напад седи во ќош без да мрдне, кога и да му префрлат топка зошто неговиот човек буквално веќе не го ни чува он е како темели да пуштил во земја. Ќе ја фати топката ќе се стаписа, и ќе ја врати за некоја секунда.

Во одбрана исто така не прави ама апсоутно ништо освен да го праќаат во пиљара по цигари секој пат кога крилото ќе реши преку него да нападне.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
И ја не знам што да кажам за Кудуз. Искрено вчера кога ги гледавме 90% од нашите ракометари изгледаа као камења, и браќата да не сме ги гледале на претходните натпревари би кажале дека се тешки рупи. Дали одбраната на Монпеље беше толку погодена и агресивна па сите изгледаа немоќно и шутираа од неизградени позиции преку добро постабени блокови, ќе да е тоа. Како што кажав, ќе мора да работат на разноразни варијнти, пред се на соработка на бековите со крила и пикер која не е баш добра. Гаџа е посебна приказна, се гледа дека против појаки и подвожни одбрани многу тешко се снаоѓа. Исто така и голманите очигледно ќе ни бидат проблем. Немаме константност на таа позиција, џабе е некој блескав натпревар ако после на следните три настапот е испод просек. Се плашам дека сега после ова можеме да влеземе во една голема рупа на порази пошо на 20 му гостуваме на Алборг каде тешко може да се надеваме на нешто, па на 27 дома со Кил, па има малце пауза па 18 ноември гостуваме на за нас секогаш тежок терен во Сегед па на 25 ноември домашна со Пик Сегед. Ќе биде ептен тешко ама па и можност Вујо и ракометариве да покажат дека знаат да се вратат после вакви порази и да се издигнат нагоре. Се надевам дека постепено ќе видиме некои новини во играта и во перформансот на ракометарите за доброто на екипата. Сеа исто важно ќе биде да се дигне екипата и да се измотивира за гостување против Тинекс Пролет на 16 октомври.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.459
Поени од реакции
3.482
Арно пиша некој погоре, Вујо стварно многу го тупи, им се тере на играчите уште у 5 минута, Столе исто така. Непотребен притисок им ствараат у рана фаза на меч!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom