Фан клуб - РК Вардар

Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Дефинитивно без одличен среден и десен бек џабе ние се.
Јотиќ беше еден од најдобрите во првата полусезона, во вторава Ковид и скоро 2 месеци беше надвор од терен и не се изнаигра многу, затоа Гаџа доста се подобри од почетокот, само кај Гаџа изгледа
како да има трема на поважни натпревари пример ЛШ, како да се кочи човекот, се надевам ќе го среди и тоа.
Ако го задржат Гаџа да биде втор среден, ни треба некој одличен за да биде прв среден и ако остане Карапалевски трет, лев бек и лево крило сме покриени (се надевам добро). Десен бек покрај Гурбиндо ни треба уште еден исто добар, тешко дека ќе најдеме подобар десен и од Чупко реално.:(
Десно крило исто со Џомба и Џукиќ сме добро покриени.
Се надевам Боре ќе се пензионира и нема да го земеме тој од Кувајт, иако мислам Кантегрел, Томовски и некој млад ( можеше и Гогов младиот) ќе беше одлична комбинација.
Дали е можно некако Чупко да остане ? :(:zver:
Чупко можеби не е на исто ниво како порано (јас мислам цел живот игра во иста одлична форма) но е неверојатен мотор на тимот како Столе, Тимур...
И Калараш имаше потпис со Запорожје ( мислам Запорожје беше) ама остана :)
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Друже, најавените цели се осминафинале во ЛШ, Ф4 Сеха и титула дома. Не знам од каде ти е завртено во глава четвртфинале ЛШ.
Па друже тоа го трубат и играачите и Михајло више година ипол. Дисингер рече дека останал во Вардар зошто му било ветено дека ќе се прави екипа со амбиции за 1/4 во ЛШ. Еве ти и Михајло што рече пред две недели. Не измислувам јас.
1620710662907.png
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.237
Па на таа позиција игра за Хрватска откако се врати во репрезентација. Реално и во Вардар беше неколку пати мислам избран во тим на колото во ЛШ како најдобар десен бек.
Да, откако претходно 3 години не играше за репрезентација. За тоа изреагирав највеќе, му додавате тежина на скептицизмот за новите играчи со вакви шокантни податоци.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Колку од вас тука на темава беа присутни на Кале кога Вардар беше под Михо и со Вујо како тренер? Амбициите се јасни, и секако не можат да бидат исти како ланските години. Ама Кара го зборите ко да прерасна у играч за година-две. У тоа време Вардар ПРО, менуваше цели состави секоја сезона. Се носеа по 10 играчи и не се знаеше што е добро, а што не. Имавме среќа да погодиме 2-3ца играчи што го сочинуваа костурот. Не се лажете дека пак ќе биде лесно и дека успесите ќе се повторат туку така. Вујо не знае да работи со големи имиња, нема да го трпи никој. Вујо работи со анонимуси, стара школа ко Червар е.
Доволно е да сме редовни учесници у ЛШ, макар и од групи испаѓале ама колку-толку да се сочува името Вардар. За успех во ракомет не е потребно многу како во фудбалот.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.763
Мене романтични ми се тие времиња со вујо и михо кога мењавме цели тимови секое лето. Дури и во кале би се вратил со исклучок на дербињата во лш. Јас сум задоволен со двојни титули во мк, ф4 сеха и пласман во 1/8 финале. Со тоа ќе обезбедиме континуитет и ќе го задржиме реномето до некои подобри времиња. Со тоа што важна разлика е дека сега сме најголем ракометен бренд на балканот и полесно ќе привлекуваме поталентирани играчи.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
Друже, најавените цели се осминафинале во ЛШ, Ф4 Сеха и титула дома. Не знам од каде ти е завртено во глава четвртфинале ЛШ. Друго ако така гледаме, коа го носевме Кара и најголем дел од ракометарите во тој период, по тебе требаше да се утепаме од скептицизам на форумов, а видовме до кај стигна Кара. Муабетот е, пред се да се намалат очекувањата во ЛШ, за почеток важно е да склопиме солиден тим и иде кон тоа. Важно е да играме добро, да се види желба, дух, борбеност за секоја топка. Тој исти Кудуз најавува дека едвај чека да гине за Вардар на терен, дека тој дрес е светиња а Вардар институција и верувам дека ќе игра добро, па чак и многу подобро од Јотиќ. Ангажирање на играч кој игра во Франција не е по дифолт не знам какво засилување. Ете и Тале го донесовме од Германија ( ваууу Бундеслига) па добивме курац на бициклу. Исто и Порто коа го носеа Николче ( го земаа од факинг Работник ) па гледај што добија. Тоа е, помалце скептицизам и повеќе верба.
За мене додека се борат на терен и нема онакви откажувања каде што од 3 разлика на 10 минути пред крај оставаат да ги напунат со по +8 или +10 е прифатливо. Макар и одвај поминуваме група во ЛШ. За мене лично далеку поинтересни беа времињата кога ги исфрливме Хамбург и заради гол во гости испаднавме од Фленсбург наспроти носењето на платеници за да се атакува на титула во ЛШ.

Вториот Ф4 кога испаднавме во прва рунда зошто Штербик веќе си ги имаше спакувано куферите да си оди болеше далеку повеќе одколку кој било пораз од посилна екипа. Помеѓу просечни играчи али константна борба и платеници кои се дојдени само да си одработат али напад на титула секогаш би ја бирал првата екипа. Втората титула вреди колку 10 од првите.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Мене романтични ми се тие времиња со вујо и михо кога мењавме цели тимови секое лето. Дури и во кале би се вратил со исклучок на дербињата во лш. Јас сум задоволен со двојни титули во мк, ф4 сеха и пласман во 1/8 финале. Со тоа ќе обезбедиме континуитет и ќе го задржиме реномето до некои подобри времиња. Со тоа што важна разлика е дека сега сме најголем ракометен бренд на балканот и полесно ќе привлекуваме поталентирани играчи.
Кале, Михо, Вујо, Комити е романтична приказна :D
И јас не би имал против тоа, грлово уште ми ги памти утакмиците со Барселона, Магдебург, Динамо Минск, Копенхаген, Караш Северин па и дербињата со Металург. Голот на Прибак во 60та минута, пласирањето во ЛШ кога влета цела трибина на терен покрај цел кордон ЕБР, ечи Вардар река распеана, на терен игла нема кај да се фрли се вртиш на трибина ја глеаш и таа полна и сфаќаш дека по 3ца на столче сте седеле 60 минути. Страст и емоција...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.763
Утакмицата со магдебург памтам бев во најгорниот ред, а позади мене имаше некој постар човек ништо не гледаше. Му ја раскажуваб пола утакмица уз навивање. Нормално ѕидовите беа препотени како и секогаш. За таа со металург нема што да се збори. Добро што не се дигна паркето :oops:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890


И мртви луѓе и луѓе во кома, нема кој не би станал на ова да се наежи. Секоја утакмица беше од висок ризик, ѕидовите се тресеа, столбовите вибрираа, а мостот кај жабар... кој бил знае. Со моменталниов состав што го имаме на овој терен мислам и Веспрем би паднале :D

Кале е сала со неограничен капацитет.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Да, откако претходно 3 години не играше за репрезентација. За тоа изреагирав највеќе, му додавате тежина на скептицизмот за новите играчи со вакви шокантни податоци.
Прво он се откажа сам од репрезентацијата. Не идам јас со шокантни податоци. Јас го потенцирам тој факт за да илустрирам кој квалитет на играч губиме. Играч што може да игра како крило и бек во врвна репрезентација како Хрватска и во Вардар. Нормално дека он не е бек. Ама тоа дека го игра тоа на врвно ниво и е показател за каков вон-сериски играч станува збор, што губиме ние следната сезона.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.315
Поени од реакции
22.605


И мртви луѓе и луѓе во кома, нема кој не би станал на ова да се наежи. Секоја утакмица беше од висок ризик, ѕидовите се тресеа, столбовите вибрираа, а мостот кај жабар... кој бил знае. Со моменталниов состав што го имаме на овој терен мислам и Веспрем би паднале :D

Кале е сала со неограничен капацитет.
kraj na prvo 3 na 3 teren... vujo isklucen, haos na tribini... vistinsko derbi
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Да не реплицирам поединечно, ќе одговорам на едно место на сите.
Чупко и покрај што последниве две сезони е исклучително нервозен на терен, ќе фали многу. Да не претерам, ама и повеќе од што ни фалеше Кара кога замина. Меч винер е, страшен мотиватор, има три ЛШ титули на грб, немерливо искуство и секако муда. Да ни останеше само пенали да пуца, и повеќе од доволно ќе беше. Но од друга страна, да му се дадеше трогодишен договор ко што му даде Загреб беше ситуација мачка во вреќа. Се шпекулираше дека од наша страна му бил понуден едногодишен. Јас лично ќе му дадев и три, ама јас сум пристрасен. Многу губиме со заминувањето на Чупко, многу повеќе од Јотиќ.
Нормално сите паѓаме на романтичниот момент, кога Кале имаше барем дупло публика од предвидениот капацитет. Кога никој не беше сигурен дека може да го добие и таквиот Вардар. Враќање на тие времиња тешко дека ќе се деси, ама по мене најважно е што во моментов имаме стабилен клуб со редовна исплата на играчите. И тоа е многу побитно од се друго.
И мене најголемата дилема ми е како ќе се вклопи Вујо со поголемите имиња какви реално нема тренирано, освен во репрезентацијата на Словенија. Но тоа е сосема друга приказна. Факт е дека може да се случи крах, ама ај да бидеме оптимисти.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Да не реплицирам поединечно, ќе одговорам на едно место на сите.
Чупко и покрај што последниве две сезони е исклучително нервозен на терен, ќе фали многу. Да не претерам, ама и повеќе од што ни фалеше Кара кога замина. Меч винер е, страшен мотиватор, има три ЛШ титули на грб, немерливо искуство и секако муда. Да ни останеше само пенали да пуца, и повеќе од доволно ќе беше. Но од друга страна, да му се дадеше трогодишен договор ко што му даде Загреб беше ситуација мачка во вреќа. Се шпекулираше дека од наша страна му бил понуден едногодишен. Јас лично ќе му дадев и три, ама јас сум пристрасен. Многу губиме со заминувањето на Чупко, многу повеќе од Јотиќ.
Чупко е посебен играч, секоја своја грешка на терен ја поправа во најбрз можен рок, тоа го имам приметено безброј пати. Човекот има неверојатно искуство и сигурно ќе ни фали повеќе од сите заедно кои си одат на лето. Мене некој да ми речеше пред година дена дека Чупко ќе си оди, сигурно немаше да му верувам, затоа што помина и во најдобрите но и во најлошите времиња на Вардар, и со но и без пари, имаше пред почетоков на сезонава едно интервју каде што кажа: Никој не може да ми понуди толку пари со кои ќе ме натера да си заминам од Вардар. Незнам колку знаете но првите година-две, имал и некои семејни проблеми, плус во меѓувреме му се роди уште една ќерка па цело време бил на релација Скопје-Загреб, но не пропуштил ниту натпревар ниту тренинг. Можеби нескромно звучи но човекот си го жртвувал животот и семејството за Вардар. Колку и да беше нервозен на терен, едноставно е играчиште. Еве пример со Пик Сегед во Скопје промаши пенал мислам за нерешено некаде при крај на натпреварот, не му замеривме затоа што има толку направено за Вардар, за нас, за Македонија што едноставно не може да му се замери. Мое мислење е дека си оди поради ликови како Стевче, Тале, Борко... од такви го губиме тимот.
Незнам колку приметивте на натпреварот со Охрид пред некој ден, имаше една контра и оди Чупко дирекно во двајца нивни ракометари, не можеше да се извлече некако на страна и проба преку нив, Тале си оди полека зад Чупко, кога го виде Чупко дека Тале се влечка на терен одма му се развика нешто као, не гледаш дека сум сам а ти си најблиску до мене и си стоиш, после ова цел натпревар до крај беа со некои потфрлувања.
МИСЛАМ ДЕКА ОД НАРЕДНА СЕЗОНА ДРЕСОТ СО БРОЈ 27 ТРЕБА ДА БИДЕ ПОВЛЕЧЕН ВО ЧЕСТ НА НАШАТА ЛЕГЕНДА ИВАН ЧУПИЌ!!!
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Се надевам ако ништо друго барем за понаредна сезона ќе го потпишиме Ел Дера, тврдам дека е страшен играч кој слободно можи да игра во топ 3 клуба во европа, голема работа ќе завршиме доколку го договориме, + е среден бек кој игра во два правци, Гурбиндо исто игра во одбрана, Кудуз сум го гледал само во напад, незнам дали игра во два правци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom